Леле се погубив,а ако утре доктор од клиника (гинеколог)ме упати кај трансфузиолог и побарам извештај дека треба да примам,дали после пак барам потврда од матичниот или од гинекологот на клиника дека сум примала? Може и покасно но не и порано ова е хаос незнам дали ќе се снајдам
Не станува збор дали ќе се снајдеш или не,него мн е замарање,де ваму ,де таму да запазиш рок.Јас не ги рефундирам.купам си колку ми треба
Фала, ќе се снајдеш, мислам дека треба да има секој ден термини. Јас цело време ги купував без да ги рефундирам, ама ако може да се рефундираат зошто да не
Јас ги примав континуирано цела бременост, скоро без прекин. На секој извештај од трансфузиологот ми стоеше на пример дека треба да примам клексани еден месец. Јас го темпирав извештајот со датумот на купување, затоа што знаев дека наредниот месец ќе ми треба нова терапија покриена со извештај и терав во континуитет. Нов термин имав преку трансфузиологија одма кога ми завршуваше стариот. Извештаите ги праќав кога ќе ми се собереа неколку месеци, па за да немам недоразбирање со комисијата правев така. Еднаш ми се случи да ги купам некој ден порано, пред извештајот и не ми ги рачунаа тие неколку клексани што не беа покриени со нов извештај. Е сега претпоставувам дека не е проблем да се купат по извештајот од трансфузиолог, ама можеби ќе ни треба сега извештај од ин витро постапката, со детали колку клексани треба да се примат и кога. Ова сега не го правев, затоа што одевме приватно, не ни знаев дека може. Има ли некој што терал приватно ин витро а да добил рефундација на клексаните? Инаку, барем пред 3 години, требаше извештај од матичниот гинеколог дека си ги примил сите клексани кај нив. Нив ги обврзуваа да е евидентирано со потпис од пациент дека е примено се'. Јас тогаш имав разбирање ги примав сама и одев еднаш во месецот, потпишував 30 датуми, па тие со тоа ми издаваа извештај дека клексаните се примени. Тој извештај, заедно со извештајот од трансфузиолог, сметкопотврда со фискална и детали за трансакциска се доставуваа во фондот. Сега последно гледам во ординација соопштение дека издаваат само ако клексаните се примени кај нив - може ради инспекции да смениле. Прашајте си во детали кај матичните, може да се сменило нешто. Мачна и оваа работа, ама силни сме ние
Четири пати имам рефундирано клексани, еднаш за операција, еднаш за стимулации за инвитро и два пати за трансфер. Ниту еднаш не ми побарале документ дали процедурите се на државно или на приватно. Доставував мислење од трансфузиолог, потврда од матичен гинеколог и сметкопотврда.
Па баш е направено за да се откажеш Јас секако морам да правам проверки кај трансфузиолог ради мутациите и веќе кога ќе ми даде извештај во неколку месеци еднаш ќе отидам и за потврдата од матичната, секогаш успат и некоја рецепта ми треба те за естрофем те за дабростон и така. Башка и ме фаќа инат бе на толку пари за здравство што давам секој месец од плата зашо да не си рефундирам се ми е тоа веќе преплатено
А за операцијата на пример знаеше дека ќе примаш клексани порано па на време да закажеш на трансфузиолог?
Да, имав испитано мутации пред операција, и кога спомнав на трансфузиологот дека ќе треба да вадам полип од матка, сам ми рече дека после процедура ќе морам да примам клексани. Муабетот ми беше дека ниту трансфузиологот не ме праша за операцијата дали ќе биде на државно или приватно, ниту од фонд ми побараа каде била интервенцијата.
Едно прашање до поупатените. Рано ми е за поднесување документи за ваучер но ми е важна информација. Дали доколку си во работен однос помалку од 6 месеци може да одобри фондот ваучер? Или треба да си повеќе од 6 месеци во редовен работен однос?
Важно е да си здраствено осигурана а не дали и од кога вработена.. Од кога ќе го добиеш извештајот ао ист или др ден по него купуваш клексани од дебот кога ќе се боцкаш се пријавуваш кај гинекологпт (јас кај општата матична за да ме внесат во систем за со последниот клексан од тој извештај ми издадат потврда дека сум ги примила клексаните) со извештај потврдата фискални со сметкопотврда и барање поднесуваш за рефундирање...
Девојки дали некоја правела SHG (негде се нарекува HSS) ? Тоа е процедура слична на HSG. Но наместо контраст и ретген, се вбризгува солен раствор и се гледаат матката и тубите на ехо. Јас имам направено две HSG снимки. И двете покажуваа целосна проодност на тубите меѓутоа на крај од тубата кај јајникот, немав разлевање, нели контрастот треба да се разлее во слободен простор-стомачната празнина и така се утврдува дали тубите се скроз проодни. Јас на хсг рентген снимките немав излевање. Др Трајковски имаше впечаток дека не ми се добри снимките, и он мисли дека мене тубите ми се проодни, бидејќи се тенки и нормални, не изгледаат на воспалени. Тој смета дека контрастот при процедурите не бил доволен и веројатно затоа немало излевање. И бидејќи сакаше да провери сам, направивме SHG и ко за мое неверување, ми се излеа течноста во стомачната празнина- што значи дека тубите ми се проодни... Сега читав едно истражување во кое на 34 пациентки на кои им била константирана непроодност на туби со HSG, на 27 од нив им се покажале проодни туби со SHG. 8 од нив забремениле во текот на една година после тоа. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/10521120/ Друго истражување покажува дека и има поголем процент на точност таа метода: Hysterosalpingography (HSG)had a general accuracy of 50.3%, while sonohysterography (SHG) had a significantly higher accuracy of 75.5% https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3340954/ зошто не мачат со хсг тогаш?кога и оваа метода е исто прецизна како хсг? Јас многу сум збунета сега и не знам во што да верувам...
https://www.facebook.com/1557137974514687/posts/2935682183326919/ Отворете го линкот и кој сака може во сабота од 19.30 да се вклучи на вебинарот со др.Татјана Гуржанова преку здружението До бебе по патот на ИВФ. Може ќе слушнеме некоја корисна информација, а сигурно ќе има и дел за наши прашања. Ваков вебинар следев во организација на српското здружение,на кој присуствуваа доктори од Грција,па со маж ми имавме и консултација со еден од нив,како и уште неколку онлајн средби за подетални објаснувања ,во мојот случај на ендометриозата. Ме изненади кога ми кажа да не ја чепкам,бидејќи со тоа ќе ги намалам уште толку оваријалните резерви. А јас по совет чекав лапараскопија.Според ова мислам дека поинаков пристап имаат во ивф постапките,детално анализираат и ги бараат сите испитувања и имаат индивидуален пристап пред било што да,се почне, не само ајде ќе правиме ивф.Мене ни еден доктор не ми рекол до сега испитај генетски мутации,тромбофилија или Д витамин ....од вас ги добив овие совети,како и повеќето информации. Додека овие одма прашуваат ова,ова,ова дали е испитано и што понатаму. Не е на одмет да си закаже кој сака бесплатна консултација и дознае нешто повеќе,зашто знаеме колку е тежок овој пат и со години многумина од нас лутаме.Сите ќе дојдеме до бебе верувам,бидејќи го заслужуваме тоа,само некогаш е потребна правилна насока. Време е да се исчистиме од темава.
Slicna prikazna kako tvojata imam jas za tubite. Edni vikaat zapuseni drugi proodni. Te molam pisi poveke kako sto e ovaa metoda. Kaj se pravi kolku cini dali boli
Ова го прават во Њуборн? Го провери одма на преглед кај Трајковски? Прв пат слушам дека постои вакво нешто..
Да, физиолошки раствор со шприц преку катетар се вбризгува во матка и во исто време се гледа на екран преку сонда, каде е отиден растворот. Ако се излее течноста во стомачната празнина значи тубите се проодни пошто нели само од таму може да истече течноста. И матката убаво се виде исполнета со растворот, формата убаво се исцрта и просторот внатре. Не боли воопшто за разлика од хсг, пошто е водичка а контрастот за хсг е маслен и веројатно мене затоа ме болеше. еве објаснување за процедурата https://viosfertility.com/why-cant-i-get-pregnant/saline-sonohysterogram-shg/