Во Борн дијазепам ти е даден како терапија пола саат до саат пред трансфер,можеби требало и 2 да се напиеш Пред да одиш на хсг напиј се и еден ибупрофен од 400 за секој случај
Баш од што читав тука дека во Систина и во Борн им даваат дијазепам пред трансфер се напив.. Малку ми помогна, полесно поминав, ама за следен и два би се напила ако смеам
Јас немам гајле од ништо. На забар на пример не ме боли, депилација не ме боли, ми местеа скршеница со едно уф поминав. Ама инекции... Бегам ко од ѓаволот. Мало дете не ми рамно. Последно во болница кога примав, на сестрата и реков чекај да заспијам па стави ми, да не ме бркаш низ соба. Маж ми уште сега психички се спрема како ќе ме боцка. А за инфузија и земање крв од вена нема проблем. Најди ми крајот. Боже сачувај сум
Блазе тебе што ќе те боцка.. Мојот избега во другата соба кога требаше да го примам првиот клексан и ме виде дека плачам.. Срамота е да кажам, ама си имав купено анестезија во гел, Лидокаин, и се мачкав пред депилација, чистење на пори од лице (да, и на тоа плачев )..
Ти ептен си значи плачка Овој мојов жив среќен што можел тој да ме боцка. Ќе ти го пратам ако сакаш хехехе. Ама строг е да знаеш. За мене некоја воена тактика ќе применел. Ќе најде решение и за тебе
Среќна жена си ти, гајле ти е Кога има толкава желба нека научи и мускулно да те боцка па и стимулациите ќе си ги примаш дома, нека тренира воени тактики после на раат Зависи какви инекции.. Гелов делува само на кожата, и поткожни инекции нема да ги осетиш. Е сега, тоа што лути/боли од течноста кога се вбризгува или на мускулни инекции болката нема да ја снема.. За гелов разбрав од педијатарот на внука ми, додека лежеше на болница ептен се трауматизираше од земање крв, и им го препорача ова да ја мачкаат пола саат пред боцкање. Успешно беше, не ги ни сеќавање боцкањата..
Offf jas se nadevav deka imalo spas za muskunite ama nisto Potkoznite i tie vo stomak gi izdrzuvam. Tie vo but mi se kosmar
Пак јас при припрема за трансфер со замрзнати ембриони секое видување(преглед)по 2000 се плаќа во Њу Борн?Како е во другите клиники?
Девојки мои ми треба совет од вас. Имам една дилема, што би било следно за мене. Дали да правам трансфер на замрзнатата бластоциста? Или во јануари (тогаш ми изминуваат 6 месеца) да аплицирам за нов ваучер, па да се спремам за второ ивф? Како би постапиле вие? Др ме советува да правам второ ивф, да го оставам замрзнатото сега за сега ама сепак ми рече моја си е одлуката. И маж ми е повеќе за таа опција, да направам уште едно ивф дур сум уште младо кокофче со цел да имаме повеќе (дај боже) ембриончиња на располагање. Ама сепак ме остава јас да одлучам. Чисто ме интересираат вашите размислувања
Бев денес со упат од матичен во 8ми Септември кај д-р Русевски прекрасен доктор ми даде извештај за клексани,треба да ги купам,кога ќе завршам со примање со сметка,сметкопотврда,извештајот и потврда од матичната за примени...одам во фонд за рефундирање.
Јас мислам трансфер со замрзната..и ќе бидне....а ако нешто не иде по план не ти бега ваучер и се од почеток
Многу ти благодарам, јас имам упат за утре на трансфузиологија. Ме интерисира само дали треба да носам некакви документи, потврда дека ќе правам инвитро или доказ за мутации или само одам кај докторот?
Можеш ли да си земеш упат за 8ми Септември?Мене матичната ми кажа на клиника нешто не давале у задње време(незнам дали е вистина),инаку си го имав стариот резултат кажав за што сум,дека сум во инвитро постапка,покажав што ми препишал докторот и ми дадоа извештај...да не те предомислувам види си утре и кажи како ќе поминеш.
Јас мислам трансфер со замрзнат. Нема потреба од повторно инвитро, па може ова ќе биде јуначето. Ти ќе бидеш младо кофче и за некој месец, и да не е успешно со замрзнат можеш пак ивф, немора да помине 6 месеци од трансфер со замрзнат
Фала најмногу, така ќе направам. Јас сум моментално во процес за трансфер со замрзнати во Њуборн. И претходно имам правено еден трансфер со замрзнати. Не ги плаќаш прегледите посебно, колку пати ќе се видите ќе ти каже докторот. Плаќаш само на крај за трансферот 33.000 денари. Освен ако испитуваш нешто преку крв, тоа си го плаќаш дополнително.
@LunaGrey вториот ваучер ќе ти биде за второ дете, што би рекла @Nade-sunrise Земи си го прво замрзнатото јуначе да се стопли
Ама и да е ова јуначето, ќе мора да правам пак ивф за 2-3 години, доколку би сакала второ дете.Во таа смисла беше кажано додека сум млада да си имам повеќе ембриони на располагање за во иднина.
Да ама мојот трансфер е со ваучерот и веднаш сестрите ми нагласија преглед 2000 а можеби на приватно ако е тогаш се вклучени во постапката,а за хормоните си одам на клиника по исплатливо е што можам да заштедам