Па и тоа ми е мислата, да не правам пак ивф за 2-3 години, да направам сега дур ми е посвежо искуството и додека ми е сеуште добра резервата...
Мила одлуката е твоја... но секако до јануари би чекала за повторно да аплицираш (тоа не ти бега) А ако криотрансферот(а велат дека поголем успех имало на криотрансфер) е успешен нема да имаш потреба од 2ваучер и сл... Пак ќе кажам твоја одлука но јас би правела трансфер сега па ако недајбоже не успее (А верувам ќе ти успее) секако не би ти бегал јануари... Носи го документот со мутации... и ќе му кажеш дека се спремаш за ифв...и дека треба да примаш терапија)
Јас мислам дека како што тргнала работава кај @LunaGrey со новиве вести, овој вториов бебуш кога најмалку ќе очекува ќе ја изненади Првиот бебуш ја чека да си го земе
Држи место и тој муабет.. Иако не знам колку драстично може да се променат резервите за 2 години, посебно ако пола од тој период си бремена или доиш и немаш циклус.. Од друга страна, после првата бременост може нема ни да ти треба ваучер за втората
Може и да не ти треба за второ дете, колку има само првото со инвитро, а после по природен пат останале. Твоја одлука е, само кажуваме мислење бидејќи не праша.. Еве и јас имав сега последни две ембриончиња, и си ги земав, не мислејќи да ги оставам на чување, а да правам друго инвитро.
Бегам од трансфер се гледа ... ама уште имам трауми искрено не знам дали сум спремна толку брзо пак да поминам низ неуспех ако се случи такво нешто.
Јас кога одев на припреми за ЕТ со замрзнати во Ремедика не плакав за прегледи.тоа беше во мај оваа година
@LunaGrey И кај мене беше истата ситуација,имав пред една год.замрзнати ембриони две,но докторот инсистираше да направам уште едно Ивф на природен-модифициран циклус.И така бидна како што кажа докторот,направив друго ивф останав бремена и плус уште еден ембрион замрзнавме.Значи имам уште три замрзнати ембриони а јас веќе терам 16-та недела.Слушај го Трајковски он знае подобро.А јас искрено не сакав друго Ивф пошто се надевав само на замрзнатите.Сега гледам дека докторот е во право бидејќи не е исто квалитетот на јајце клетките на 32 год и на 34 барем за мене кажувам.Што и да одлучиш ти посакувам позитивен резултат
Ако не си спремна, не брзај. Почекај месец, два, собери храброст и со нови сили до победа. Мислам дека вербата е број еден за успех, па и за неуспех. Само таа бар мене ми помага овие неколку пати на неуспех да ги поминам полесно, верба дека така требало и верба дека следниот пат ќе е успешен, се дури не дојде тој пат
Да, ќе го носам, но ми рекоа дека прво ќе треба да се боцкам, па врз основа на резултатите да ми напишат извештај. (Ова од вработена на трансфузиологија).Стварно не ми е јасно, јас веќе ги имам направено сите испитувања на имунологија. Ако треба пак да правам испитувања па да чекам резултати, незнам што би правела. Не те разбрав извини. Ако сакаш пиши во лична порака.
Упатот ти е за трансфузиолог или за лаб? Ако ти е за кај доктор тој ќе одлучи дали да те боцнат или не за димери и времиња...
Правеше ивф со ваучер ама не и направија одма свеж транфер(и ги замрзнаа ембрионите) сега ќе и прават. Трансферот сега (иако со замрзнат) и е покриен од ваучерот и не го плаќа бидејќи не го искористи пред два месеца во постапката
Фала другарче што ме пратиш незнам вие како се држите,ама мене ми препорачаа диазепам...не можам да се опуштам и точка
Јас и ти поминавме заедно , како да те заборавам ќе биде кај тебе од прва,знам! А со полипот што направи, правеше хистеро или?
Ајде дојди и ти месецов,заедно да си ги земеме бебињата и нека иде живот Ааа правев хистеро и исто ко и лани полипот го немаше веќе
Упатот ми е за на Институт за трансфузиона медицина. Ќе соберам се што имам и ќе одам. Навистина многу ти благодарам а и на сите тука. Полесно тука се разбираме и информираме отколку да треба да одиме на Клиника и да прашуваме. Се надевам ќе ми дадат Извештај ако не тоа е што е, ќе си ги платам Да, да, сега ми се разјасниФала. Е тогаш навистина незнам, најверојатно се наплаќаат прегледите ако ваучерот не е искористен кај нив.
А е за кај трансфузиолог на пр.вака ако не ти е за кај даден доктор...ќе одиш во лаб и нема да добиеш извештај... затоа ти реков ќе си земеш од мат.општ за кај трансфузиолог и на него ќе му покажеш за мутациите и дека ќе правиш ифв... има сеуште термини и гледај да ти е ерминот некој ден пред добивање циклус за да имаш време за се... Се надевам помогнав позз
Изгледа со мојата матична е проблемот. Ми даде итен упат затоа што ми вика дека немало редовни термини, а за итен нема доктор назначено.