Другарки на мм уролог му даде упат за спермограм за Букурешт. Ке може ли од таму за во фонд за ваучер, или не го признаваат?
Ако си стварно со ПЦОС, резерва ќе имаш до менопауза, за тоа не се секирај Провери и АМХ, ама сигурно ќе биде висок со оглед на тоа колку фоликули имаш на улттазвук. Плус за три години за второ ќе имаш 33 и тогаш си бе младо, ќе те утепам . Фертилитетот почнува да опаѓа после 35тата, после 38та ептен стрмно. Од 30 до 35 е некој вид плато. Јас сум 36 (скоро 37 год), АМХ 7.5, ендометриоза на јајник, а пак извадивме 18 зрели јк. Направи си крио, и не дај боже ако не биде (а ќе биде) иди пак на ИВФ и тогаш нека ти замрзнат и на трети и на петти ден ембриони.
Дилемата не е мала.Јас вака размислував ивф имав во јануари неуспешно, еден замрзнат ембрион си го вратив во април- за жал и тоа не успеа. Кога изминаа точно 6 месеци си поднесобв за нов ваучер и сега го почнувам второто (кај истиот доктор ) Мене логиката ми беше да го искористам периодот од 6 месеци дури остварам право за 2 ваучер, да не губам време на 37 години Не се брзај, размисли си убаво. Како што видов, по мои критериуми си млада , инаку. Слушај си го и организмот и докторот, но ништо страшно нема да се случи 1 месец минус-плус.
Зошто итен кога би требало да добиеш ? (Со приоритетен и итен ќе се изначекаш да знаеш...и подобро би ти било итен да е за понеделник кога др.јани е таму -кај него има термини за октомври пуштено и крај на месецов некој имаше... очигледно матичниве се хаос...) Ќе ти важи ... (но прашај дали таму или од дома треба да носите сперма во рок од половина час...порано така некако беше па на гак правеше ради времето што беше ограничено)
Интересна статија за пцос @DTN @ladystardust и ти си со пцос? јас сум дефинитивно lean случај со циклус ко швајцарски саат и што на 30 год дознава дека има пцос. https://www.centerforhumanreprod.com/video-gallery/video/how-pcos-affects-egg-quality/
Не сум со синдромот, јас имав на ехо за прв пат после ин витрото еден полицистичен јајник и еден циклус покасно висок АМХ, немам апсолутно никакви други показатели. Кај специјалист за ин витро одам 4 години, никогаш не станало збор дали имам ПЦОС, единствено што на ехо прокоментирал е дека за мои години "не сум лоша". Матичниот гинеколог што го виде едниот јајник на ехо мисли дека така е од јаките стимулации. Имам редовни овулации и менструации секој месец, нормален ЛХ 4.9 во однос на ФСХ, нормални машки хормони и да, 172 см и 54 кг тешка, BMI 18.6 (сум во категорија на слаби, малтене underweight). Јас се молам да не биде и понатаму таква ситуација со јајниците зашто ако испадне и таа дијагноза кај мене, сум добила "џек пот" за стерилитет, имајќи предвид дека веќе имам ендометриоза.
Да и јас не сум класичен пцос, Др уште не сака така да ме категоризира, малце сум комплицирана... мене фсх и лх ми беа во сооднос последниов пат -8 со 8. Андрогените не ми се лоши. Ќе видиме амх. Др мисли дека немам редовни овулации, баш циклусов тоа ќе следиме, да видиме дали ќе овулирам. Сите сме различни и колку повеќе читам толку повеќе сфаќам дека не може да се сместам во никаква категорија и дека телото си функционира различно малтене секој месец...
Душо исто и јас бев во дилема и докторот остави сама да одлучам дали ново ивф или да си го земам замрзнатото ембрионче. И да ти кажам многу се мислев ама репив да си пробам со замрзнатото па како што е господ никој не е.Па не дај боже ако не е успешнп да си почнам од почеток
Не се плаќа во Борн,ако си во постапка со замрзнати не се наплаќа. Јас би одела со замрзнати,зошто да боцкаш стимулации ако нема потреба.
А правото за втор ваучер може да се поднесе после шест месеци од првото ивф, ама шест месеци од датата кога почнала постапката или датата од трансферот? Знае некој? На фзо пишува само период не пократок од 6 месеца од последната постапка.