Имам прашање за тие кои се во постапка за ивф, кои примаат decapeptyl, дали имаат некаков проблем по примање на лекот, јас лично по боцкање имам нагон на повраќање. Какви се вашите искуства?
Јас имав на хсг лани во мај перзистентен дефект на полнење во едната туба и минимално излевање, токму на доминантниот јајник. И правев ин витро поради тоа. Биохемиска па хистеро-лапаро кај што и потпишав вадење на туба доколку треба. Излезе проодни се само кај едната течноста минувала малку побавно. И јас бев во недоумица како е можно, Ивановски ми кажа хсг не секогаш дава точни податоци...
Мое мислење, да си направиш крио трансфер на ова ембрионче кога ќе си спремна. Резервите нема да ти се сменат драстично за 6 месеци или година, и сигурна сум пак ќе добиеш добра бројка, ако треба да аплицираш за втор ваучер. Плус, можда баш ова е тоа вистинското ембрионче што само чекало трансфер Па за наредно ќе си размислуваш после тоа. Плус, стварно си млада, имаш доста фора со 30ка за вакви акробации. Секако најбитно, кога ќе си ти спремна, и физички и психички. За останатото, потполно се сложувам со мислењето на другарката @ladystardust
Прочитав после дека си била со неискористен трансфер со ваучер и реално нормално дека ќе наплатат,бидејќи и во стандард процедура со ваучер се што надминуваш си доплаќаш. Во трансферот со смрзнати од свој џеб најверојатно прегледите се вклучени во крајната цена. Од каде го купи гелот?
Јасно ама бар ко фоликулометрија да го рачунаат вака на 5 дена преглед,нема везе само кажав мислење не очекував да е без пари само да има успех се друго е пролазно
Мојата омилена тема хаха Многу многу добра статија! Јас сум во оние :"And then there are some minor phenotypes (at least under current classifications) that fill in the rest." Не сум скрос класичен, не сум ни скрос lean. Ни ваму ни таму и оп - заглавена тука на форумов хахах
Во Ремедика одев на прегледи 4 месеци пред да почнам со ваучерот, и после за двата трансфери пак редовни прегледи. Ниту еднаш не ми наплатија преглед.
Јас се изначитав за хсг пред да правам и повеќето поминале супер, ама мал број страшно. Отидов со страв и испиен бруфен и б6 во систина и болеше ептен, не пуштив глас ама да ми речат пак без анестезија искрено не одам. Како и да е ние сме од поретките, како што читав огромен број поминале супер со минимална скоро никаква менструална болка.
Прееска некако ја прескокнав статијава.. Сега ја прочитав и искрено сум малку во шок.. На мои 24 години бев на преглед во државна кај Сапунов, тогаш еден од подобрите за ехо на јајници.. Ми рече дека имам ПЦОС на лев јајник, што тогаш не знаев што е, и тој ми рече не изгледа многу лошо, ама треба да се следи.. Ми кажа нешто како "го имаш синдромот ама ги немаш симптомите" и не се потресов тогаш многу. Ме пратија да испитам хормони, тестостеронот ми беше кога на долна граница кога под граница, и ми рекоа нема врска немаш ПЦОС.. Плус тоа слаба бев, преслаба, 43 кг -костур.. И редовен циклус до ден.. Матичната ми рече абе каков ПЦОС ти немаш ништо слично, освен тој период околу 20 години што имав акни, ништо друго.. Секогаш на ехо левиот јајник ми е преполн. Јас сум ти уствари lean pcos со тестостерон испод граница, висок инсулин и дефинитивно треба амх да испитам да си го поврзам сето ова.. Сега ќе дека испадне Сапунов бил во право пред 10 години.. Јас пред добивање имам драми од болки, по 3-4 бруфени пијам.. и кога некој ќе ми рече боли како менструална болка мене коса ми се крева
Истата доза и јас почнав ... (Вчера ми беше така денес не... можеби онака од притисокот но прво што помислив да не е од нив)