Земај го бебево жено и бегај....Овојпат успешно ке е... А за 2-ро природно ке си останеш!!!❤❤ Јас моментално ги примам и немам никакви нус појави,само мало пецкање на местото кај што се боцкам околу 20 секунди и толку...
Фала ти најмногу, навистина многу ми помогна.Баш ќе пишам каква е ситуацијата на клиника и дали ќе завршам работа Јас да сум на твое место, би правела второ ивф, односно би чекала да поминат тие 6 месеци и би аплицирала за нов ваучер.Знам дека имаш една замрзната бластоциста, но ќе се чувствуваш посигурно кога би имала барем две ембриончиња, зашто можеш да ја пројдеш цела постапка за трансфер со замрзнати и кога ќе дојде до трансфер не дај Боже да има било каков проблем при одмрзнувањето (верувам дека не би имало).Ако се повеќе од едно би те советувала да одиш директно на трансфер, но вака чувај си го едното и направи си уште едно ивф чисто за твоја сигурност. Тоа е само мое мислење, како јас би постапила
Веројатно ќе е хаос поготово за тие со приоритетен (така беше пред 2недели) но ќе чекаш др избор нема...само да завршиш раб
Девојки, гледам денес на Grouper има попуст за тестирање на Витамин Д во CкринЛаб. Не ги знам кои се, ама гледам имаат иста адреса и меил како една лабораторија Павлина. Може да се ребрендирале. Не знам ништо за нив, ако имате позитивно искуство, искористете, чини на попуст 700 денари.
@LunaGrey негде имаше прикачено како ти беа хормоните после постапката?...Не можам да најдам и јас вчера испитував..сакав да споредам грубо
Девојки да ве прашам за искуство со неквалитетни фоликули? Како го средивте тоа... И дали може тоа да биде некаков ризик да се роди здраво дете?
Само да известам дека супер поминав на клиника. Се чекаше ама не беше страшно. Со резултатите од имунологија докторката ми даде извештај за клексани. Се мислеше малку дека сум хетерозигот ама ми напиша извештај, а и ме прати да испитам хомоцистин, фолна и б12. Многу ти благодарам за помошта, да не бевте вие тука ќе продолжев да си ги плаќам клексаните.Само уште ова ме интерисира, јас од утре почнувам да се боцкам. Извештајот ми е од денес а и на матичната и реков да ме внесе во систем денес. Дали можам денес да ги купам или утре?
Супер само ќе можеш да ми кажеш како те внесува матичната во систем?Дека јас вчера и се јавив ми рече кога ќе ги примам да одам за потврда да ми даде?
Ти клексаните секако ќе си ги платиш,нема да се гратис,предност е што 70%ќе ти рефундираат од сумата некогаш.ама сепак фајда е
Да, да, јас секако ќе си ги купам ама со сметкопотврда и фискална ќе можам после да ги рефундирам.Мислев дека целосно се рефундираат ама и ова е добро
Клексаните можеш да ги купиш истиот ден од кога е извештајот. Матичниот ти дава потврда откако ќе ги примиш. Се рефундира 70% од набавната цена, не од продажната што се купени.. Како и да е, нешто се враќа
Незнам, јас и се јавив пред малку, ми рече ќе те внесам во систем, само и го препратив извештајот на вибер од трансфузиологија. Знам дека на крај ќе треба исто да ми даде потврда. Сигурно те има внесено и тебе а после само потврда ќе си земеш.
Да и јас знам дека ти дава потврда на крај,а за каква најава зборуваат вчера ништо не ми кажа матичната
Вчера имав трансфер со замрзнати. Денес на бришење имам темен слуз, ко темни мрсули извинете. Кринонето што малку излегло сабајлево е троа розево. Треба ли да дигам паника, што може да биде? Се надевам е само мала гребаница од процедурата...
Нема потреба од најава на почеток, иако можеби некои практикуваат. Секако прво те најавува кога ќе ти ја издава потврдата.
Мислам дека немаш простор за паника, сите сме имале нешто слично што од кринон што од самата процедура.. Сепак можеш да пишеш на сестрата или докторот зависи со кој контактираш, ама верувам истото ќе ти го кажат. Со лесно чекањето, и да ни се пофалиш со висока бета