За бремени е така за небремени си идеш на трансфузиолог ако си со постапка за ифв... јас бев со термин пред недела дена а Маја сабајле така да мат.општ може да даде упат на трансфузиолог а мат.гинеколог само за испитување крв па после идат на Гак за извештај позз
Мене не ми ги рефундираа при трансферот зошто таа е-мајл потврдата од трансфузиологот не ја имав а не однесов ни од гинеколог. Е сега за второво ин витро ако треба на клепки ќе им се качам ама се ќе обезбедам. Сега има термини за трансфузиолог. Немам намера по 2 клексани на ден да не ми ги покријат. Инаку за првото ин витро си добив уреден извештај од трансфузиолог и ми ги рефундираа, без разлика што нема бременост, тоа нема врска. Во Штип поднесував.
Девојки, тие што боцкале фраксипарин, ве болело откако ќе се боцнете, мене ме пече мислиш како сол на рана да ставам? И под агол ги боцкате? Ладно држите нешто? Ни една инекција не ме боли ко овие, нит ми е страв ама едно 10 15 секунди ме пече ептен
Добредојде, ти посакувам успех во постапката. И за отприлика месец дена да се преселиш во една поубава тема. И јас како тебе се јадев што не сум почнала со обиди порано, ама за жал времето не може да се врати и треба само позитивно да гледаш на работите во периодот што следи. Ги чекаме твоите две цртички наскоро.
@Andemona Welcome девојче во нашиот свет на надежта...(бегај од овде што поскоро) И јас од скоро почнав да пишувам,(предходно само читав) и искрено се чувствувам посигурна и поинформирана за оваа проблематика благодарение на сите овие жени-девојки борци кои својот живот овде го опишаа со зборови. Секојпат прашај што и да те интересира,сподели било какво искуство,информација..за некого од нас и те како ке биде од корист.. Овде се е вистина,споделено детално ,раскажано од срце... Само напред,сите ке успееме....!!! Среќно!!! П.с за годините не бери гајле,никогаш не е доцна за ништо...јас имам 37, а се чувствувам како 27...
Dali na nekoja od vas sega vo brzo vreme ima odgovor od fondot za in vitro, jas 1 mesec chekam i odvaj gi dobiv na tel. I mi kazaa deka ne pochnat mojot predmet. I dali znaete na pap testot mi se pojavi nekoja bakterija gardenerela, ginekologot mi rece deka nema da ima problem za odobruvanje ve molam vashe iskustvo. Pozdrav ♥️
@Andemona леле сега препрочитав, мислев 4 па 3 инсеминации си правела, вкупно 7. Моја грешка сега сфатив вкупно 4 затоа јас упорно ти пишував зошто толку многу инсеминации sorry
@Avgustina2020 е се чека за ваучер,но би требало од месецов брзо да оди...ако сакаш оди лично таму и кажи им дека ти е хитно...не знам колку ке ти помогне тоа,ама пробај..(кај Мајка Тереза позади Рекорд) За ПАП со бактерија-немам искуство дали одобруваат...знам дека папот треба да е чист...Нека пише некој ако знае нешто во врска со ова. Good luck!
Да, јас денес завршив работа без проблем.Баш кога стигнав пред врата се редеа на две страни, од една страна беа за преглед а од друга страна за земање крв.Влегов за преглед и земав извештај.Незнам како е за трудни ама за другите воопшто нема проблем.Докторката што ме прими беше многу љубезна,а очекував дека ќе имам проблем
Можеби се повторувам ама не ми е јасно,да си проверам дали сфатив добро. За нас што сме со генски мутации, дали е доволно кај трансфузиолог општ матичен да ни закаже и да идеме кај докторот на термин, а не мора да ни земаат крв, доволно е само извештајот со мутациите да го носиме, или можеби и нешто треба откај докторот за ивф да носам? Јас првиот пат имав закажано преку матичен гинеколог со земање крв, и право со докторката се видов, и го покажав извештајот со мутациите ( ама сепак ме боцкаа). Малку не ми е јасно Не треба ништо такво. Со среќа, поскоро до ваучер и успешна постапка
Ахахха а не не 4ри вкупно имав, иначе да не пишувам нов пост овде ке кажам пишав денес на две три аптеки во Косово за некои од инекциите овде што ги читам што ги пишувате и искрено се е скоро упола цена, но бидејки уште не знам како оди процедурата дали однапред се знае што ке треба од тоа што не покрива фондот неможам да отидам да купам а би отишла на пример првата инсеменација да знаев гоналот цената на кутијата е скоро 12 000(450иу) а во Борн уште повеќе платив а од ваму ми пратија цена 110 евра(450иу)плус ја имаат прегнилот за 8 евра наместо овитрелот што ја платив 2500. За некој ден ке треба да одам кај Трајковски па ако случајно ми каже што се треба би отишла и ако не ми прават проблем на граница кажувајте се што треба ке ви земам
Јас искрено и немав мутации,ниту нешто вон граница на испитувањето од лани сега пред трансфер докторот одлучи клексан,земав упат за боцкање и специјалист влегов кај трансфузиологот без боцкање ги виде старите резултати и ми напиша извештај...кажа дека е убаво што гинеколозите почнале да практикуваат клексани...ми напиша 15 пред 15 по трансфер и да му одам со позитивен тест месец за месец да ми продолжува
Јас немам искуство со фраксипарин, туку со клексан, ама колку што знам слични се. Си боли и си пече, нормално е. Јас под агол ги боцкав (сега уште не сум почнала пак), не држев ништо ладно ама може да пробам. Само со памукче натопено со алкохол си држев кратко и толку. Во рака ги ставав и така ми кажаа и за наредна тура. Некогаш ми се правеше модрица, некогаш не, не можев да откријам некое правило. Само дека со лева рака во десна поубаво се боцкам Болката по не е страшна кога ќе си ја прифатиш како нужно зло и не се плаши од печењето, се си е нормално. Ај за арно да е
Стоп инекцијата и гоналот ти се од фонд не купувај. Ќе ти ги дадат во Борн кога ќе почнеш. Евентуално цетротид ако ти треба, тоа не е покриено, во борн една инекција цетротид е 2700. Ама не може пред време да се знае дали и колку ќе ти требаат... јас 7 морав да примам , некои пациентки со 3,4 поминуваат.Тие можеш да си ги земеш од Косово долг протокол си или краток?
Па најверојатно краток зашто се спомна еднаш во разговор долг протокол ама па кога ги завршив микрогинонот се јавив ми рекоа втор ден од циклус да дојдам, што значи краток ке биде.
И јас пред да отидам ми рекоа дека ќе треба да ме боцкаат.Јас денес отидов со итен упат.Со мене ги носев само резултатите од генетски мутации и планот од докторот за инвитро, каде што стои дека треба да примам клексани.Докторката на трансфузиологија ми рече дека не сум за клексани со моите мутации.Искрено ја замолив и и реков дека ќе ми биде трето инвитро и дека сакам да будам покриена со терапија.Тогаш ми даде извештај.