Значи општа анестезија, а јас се мислев дека со локална оди процедурата Фала мила нагло ми се покачи па малку ме збуни.
Каква локална бе мила што да ти здрват ? Дундата само? Си спиеш во длабок сон, се будиш не знаеш кај си, леткаш во облаци Иначе не е јака како општата, краткотрајна интравенска анестезија се вика и мн е блага. Среќно
Неее таа е спинална, таа е мн јака. Ова е блага анестезија. Ќе те боцнат и за две минути си спиеш и кога ќе се разбудиш е веќе се готово. Ќе се чувствуваш релаксирано и одморено
Во ред ти е прашањето. Постои и спинална анестезија, да анестезира од половината надолу. Ја користат и при царски рез на пациенти каде не може или не смее општа анестезија. Но за пункција не ја користат, од кои причини не знам. Мислам пошо е многу појака а за пункција нема толкава потреба. Некои се решаваат да прават и без анестезија. Ич да не се мислиш за анестезијата. Кратка и лесна е, јас веќе бев будна кога ме враќаа од сала. Се' ќе помине брзо, праќам многу среќа!
Супер тогаш. Фала мила и не ми се смеј ме фаќаат паники...како ќе биде, колку ќе има, кога трансфер ... безброј грижи Фала мила многу ми значи подршката од сите вас
Мн е тешка таа и се користи за процедури што траат повеќе од два часа. А и мн тешко излага од систем, тек после саати ги чувствуваш нозете. А и си има ризици, па се користи само за операции. Уште таква да ни ставаа фали, немаше ивф да правам Се ќе биде во ред ќе си имаш мн ембриончиња Јас па ич не се замарав во тој дел, заборавав дека чекам повик од ембриолог трансфер после 3 или 5 дена од пункција
Девојчиња дали за втор ваучер треба нов извод од венчани? При крај сум со документите, пишете дали нешто ми фали : Крвни слики за двајцата, хив и хепатит за двајцата, 2д/4д ехо, пап и брисеви, хормони, спермограм
Крвна слика само за тебе со седиментација и гликоза... Хормони на 3т ден... од ова што наброја А копија од венчаница јас пуштив кога аплицирав а дали требаше или не незнам...
Не треба извод ни за прв ваучер. Имале пристап службено. Ниту копии од здравствени книшки. Крвна слика само твоја треба.
Со среќа и со успех.Да извадите многу јајце клетки.Јас кога требаше да правам пункција толку многу бев исплашена, а толку убаво поминав.Искрено најголем страв ми беше анестезијата а после неа се чувствував ептен убавоПункцијата ми траеше околу 30 мин (имав доста фоликули) а ми изгледаше како да траеше 3 минутиНемаш некоја посебна процедура, само ќе треба да бидеш гладна, некаде од околу 18 часот претходниот ден па се до пункција.После интервенцијата ќе добиеш инфузија и ќе полежиш некое време и си одиш дома.Естрадиолот ми делува малку висок, веројатно имаш доста фоликули.После пункција ќе треба да пиеш доста течности.Не се секирај, се ќе помине за кратко и ќе биде како што треба
Фала многу мила на објаснувањето се надевам дека се ќе биде во ред за сите посакувам да ни престанат овие маки
Верувам дека се ќе биде во ред.Колку што се чувствуваш сега напнато од стимулации толку утре ќе се чувствуваш релаксирано од анестезијатаТе чекаме да ни пишеш дека сте извадиле многу јајце клетки