@Stressed Out Фала ти мила...мозокот веќе ми се избоцка..едно мислам,друго кажувам,трето правам... Со помин нека е...на сета мака уште ова ти фалеше...Што побрзо да ти олесни дај Боже!!!
Те виделе 5 доктори, а ти на google бараш, ц ц ц ц ќе те тепам (иста сум и јас да се разбереме) Кој ден од циклус ти е? Јас пола живот живеам со такви болки, ама после милион испитувања, ехо, томографии, ренгени на крај ми рекоа дека ми е од ендометриозата. Иако во еден момент се сомневаа и на заглавено каменче во мочните канали. Дали имав или немав до ден денешен не знам и откако ги напраив сите можни испитувања смирив психа и болката стана не толку интезивна или па ја престанав да ја есапам. Ти посакувам побрзо да помине.
Фала ви другарки што ме мислите @le.soleil ама јас немам ендометриоза.. плус тоа болката е симетрична од двете страни, што исклучува други проблеми.. Докторката на гинекологија ја прашав за ендометриоза, ми рече немам такви знаци на јајници но не може со тоа да исклучиме постоење, и ми зедоа крв за тумур маркери што би укажале присуство па ќе видиме утре што ќе кажат резултатите.. Да дополнам, 20ти ден од циклус ми е, без знаци дека имало овулација, и ендометриум 6мм. Сигурно и хормоните ми се "прекрасни"
Епа затоа не ти пишал, нема потреба ни од витаминот, веќе ти е многу висок, се очекува да си заврши работа.
Девојки прашање, имал ли некој силна болка како со нож да ме пресече десниот јајник, буквално несмеев да мрднам 2 минути, и потоа помина, а сепак позитивен тест? Денес ми е шестти ден после трансфер
Мене ме прободуваше во двата јајници цело време. Имав позитивен тест, и после тестот осеќав такви бодежи, особено навечер. Докторот рече дека е во ред и да не се грижам. После некое време поминаа. Со среќа!
Фала на одговорот Страв ми е што беше ептен ама ептен јак бодеж. Аххх, само Господ нека ни е на помош
Јаки прободувачки болки, ко грч ми беа на секое вртење во кревет. Баш да те онеспособи на неколку секунди и да, страшно е. И кога ќе поминеше бодежот осеќав "афтершок". Дури после тестот си правев филмови дека имам вонматерична бременост. Претпоставувам дека јајниците уште ми лудуваа од стимулациите. Не значат ништо симптомите сега. Само лежи, мирувај кога ќе осетиш така и диши длабоко, ќе помине.
Баш ме интересира што ќе ти кажат финално. Јас веќе подолг период пред циклус а некогаш и пред потенцијална овулација, имам големи болки во десен јајник и десна нога, придружено со кочење во нога. Кога се движам и станувам, како што кажа ти. Не е баш иста регијата, и немам проблем при мокрење, но има сличности. Имам пријавено неколку пати и на матичната (уште пред да почнам со IVF), после и на IVF специјалист, не најдоа ништо спорно и некако не го сфаќаат како нешто озбилно. Имам висок праг на болка (што не е добро некогаш), и забележувам дека после стимулацииве, поинтензивна ми е болката и кочењето во ногата. Ќе се консултирам и јас со уште некој. Јас се сомневам дека големиот број фоликули поради мојот PCOS ми прават тежина на јајникот и ваљда проблем и во околната регија. Се надевам ќе ти помине брзо и дека не е ништо сериозно.
Јас секој циклус после менструација -откако ќе ми заврши ,имам болка во лев јајник проследена со болка во препонот и коленото на левата нога. А левиот јајник ми е поуспан помалку фоликули прави. Ама ете без исклучок секој месец така ми е. Некогаш морам и апче да пијам. Пошто е секогаш накај 6,7 ден од циклус претпоставувам дека растењето на фоликулите ми ја создава таа болка. Телава ни се чудесии, мистерија
Здраво денес правев тест преку крв и добив вредност 316,96 miu/ml на 14 ден после трансфер. Ја нема во рефертните верности, па некоја ако знае да ми каже што значи додека го добијам докторот. Благодарам