Девојки денес сопругот правеше 2 спермограм во Систина и доби дијагноза ОЛИГОАСТЕНОЗООСПЕРМИЈА. Првичниот резултат од 1от спермограм направен во Гинекомедика доби резултат АЗООСПЕРМИЈА по што имавме шок, но денес по 2 недели од тој во Гинекомедика, направи во Систина и го добивме овој резултат. Сакам да прашам какви се вашите искуства со Олигоастенoзооспермија? Имала ли некоја природна бременост или само решението е инвитро?
Девојки на 14ти ден од циклус, фоликул од 27мм, мислите дека е циста? Мн голем некако Се додека има сперматозоиди секогаш има шанси да се зачне. Намалена му е бројката и подвижноста ама не значи дека не може да се подобри. Треба суплементи да пие , здраво да се храни о да не пуши. Посетете уролог и ќе ви каже терапија. Честитки!
Па не може да се знае ист облик имаат ми рече веројатно фоликул. Да измерам прогестерон за неколку дена, така најдобро ќе знаеме ми рече
Здраво фемики Кои испитувања тррба да се направат за трансвер со замрнати ембриони и колку време имаат важност? Мислам на микробиолошки брисеви, хормони на 3 ден и другите испитувања кои ги правиме за ИВФ преку фонд, дали сето тоа треба и за трансвер со замрзнати ембриони?
Од овие што си ги набројала не треба ништо. Со докторор што те води ќе се консултираш што треба тековно за време на циклусот на кој ќе го правите трансферот. Како што видов од другите во Систина и Ремедика бараат ковид тест ама ако си таму ќе те упатат сигурно на време.Среќно @Snaata , честитки, со лесно
Не иде да трошиш ваучер за трансфер на замрзнати, не знам ни дали даваат. Јас во ремедика со ваучер се пројдов замрзнавме и после секој трансфер си плаќав 22.000 ден. Ваучерот има вредност околу 1000 евра и вклучува процедури од друг тип. Инаку за трансфер само зависи дали природен или стимулиран. На природен чести ехо прегледи за да потрефат овулација, а за симулирам пиев разни чуда и ми мереа прогестерон
По првичната дијагноза Азооспермија бевме одма кај др. Мицковски во Ремедика, ни рече дека ако е оваа дијагноза ќе треба микро тесе оперативен зафат но претходно ни препорача да направиме нов спермограм и денешниот од Систина излезе друга дијагноза Олигоастенозооспермија. Го виде др. Мицковски и овој резултат и му препиша 3 месечна терапија на сопругот Profertil и Condesyl, и плус предложи да се замрзне материјал во случај да се прави инвитро. Мене ме интересира дали е можно со оваа терапија да се подобри дијагнозата и да се дојде до природно зачнување или сепак инвитрото и покрај подобрување е единствена опција.
Наше е искуство е не. Природно зачнување заборавете, надевајте се ивф да успее со негов примерок. И убаво ви рекле патот е тој микро тесе и/или замрзнување повеќе пати во рок од неколку месеци па потоа обид за оплодување на твои јк. Не си гајте лажна надеж џабе ќе ви го изеде времето. Ако после микротесе и една тура ивф немате добар резултат на оплодени ембриони почнете да си ја размислувате опцијата донор.
Ние не си гаеме лажна надеж, работата е што излезе друга дијагноза за што нема потреба од микротесе. Новата дијагноза е олигоастенозооспермија, затоа прашувам членки чии што сопрузи имале искуство со оваа дијагноза, не со азооспермија.
Девојчиња денеска бевме на прво ехо,имавме околу 10фоликули на десен јајник и негде околу 4 на лев,неможеше докторот убаво да ги види на лев јајник тој одувек ми бил проблематичен некако е многу скриен едвај се стига до него. Од стимулации имам 4 дена Гонал од 200иу па петок ехо.Крв ми земаа ама резултати незз најверојатно не кажуваат.
Како околу 1000 евра има вредност ваучерот? Па само постапката е околу 100.000 ден ( класично ивф). А стимулациите ?? И они може да коштаат над 700 евра ( 30 гонала , супрефактот и прегнилот) Околу 2500 евра излегува еден ваучер.
Нема да ти кажуваат ама можеш да си прашаш Јас ги прашував на следно видување и сестрите ми ги читаа. Врз основ на нив и ехото Докторот ќе ти ја намалува или зголемува дозата на стимулациите. Ќе видиш во петок што како. Сега не се оптоварувај и среќно боцкање Кај го правиш ивф?
Тешко, скоро невозможно е зачнување со таа дијагноза. Направете микротесе и замрзнување на материјалот. За ин витро процедура ви препорачувам исто така да не си го трошите времето ниту во Систина, ниту во Ремедика , туку да одите во Плодност. Бенефитот таму е што имаат пософтицирана метода Maxi која што ги издвојува само здравите сперматозоиди кои што немаат фрагментација на ДНА. Зошто е тоа важно? Пример, ке ти извадат 15 јајце клетки, сите ке ги потрошат за оплодување за секој сперматозоид што ке го најдат, а на крај нема да добиеш ембриони и оштетените сперматозоиди ке ги дегенерираат јајце клетките. Вака, со Maxi метода ке се даде предност на генетски исправните. Исто така, важно е и да замрзне што повеќе вијалчиња за да има резервен материјал што повеќе. Поминувам низ слична ситуација, затоа и вака со совети се расфрлам....
Ако зимаш нов ваучер а сакаш да го искористиш само трансферот од него, сите испитувања ги правиш. Таму во аплицирањето не наведуваш дека имаш замрзнати и дека ти треба само за трансфер. Според комисијата ти правиш ново ивф и ти требаат испитувањата исто ко за првото.