Извинете што влетав на темава, но морав да ти одговорам на ова. Мм имаше дијагноза олигоастенозооспермија. За првата бременост почекавме околу 9 месеци, останав природно бремена (а и јас сум со нередовни циклуси освен неговата дијагноза). Сега сум бремена за второ и останав од прв обид зачудувачки. Ќе цитирам мој пост од времето кога се боревме со дијагнозите. Што користеше од терапија и колку успеавме да го подобриме спермограмот. После тоа нит сме правеле пак спермограм, нит пиел витамини после 3 и пол години после првото зачнување, па еве останав од прв обид за второ. Не губи надеж. Не се сите организми исти. P. S. веднаш после првиот спермограм правевме уште еден на болница кој беше дури и полош од првиот. Со 80% неподвижни и уште помал број. Ви посакувам на сите да ви се поклопат коцките во најбрзо време и да си го носите в раце чудото на животот.
Немам повеќе ваучери ги искористив сите три, трансверот ќе си го платам на приватно, затоа сакав да знам кои испитувања тррба да ги направам
Пак јас моментално во припрема за трансфер пијам: сиофор 2×1,1/4 бромергон на 12ч,фемибион,фолна киселина,аспирин на 48ч и клексан,и некако поготово денес баш ми е мака не се некако многу? Какво е вашето искуство?
Епа мила тогаш никакви не ти требаат. Др што ќе те води ќе ти кажува кои денови да провериш естрадиол и прогестерон. Брисевите ако ти се чисти не мораш нови да праиш.
Таман си бе мила Биди среќна што не ти шибаат прогестерон депо во кук Од што ти е мака? Не се осеќаш ок?
Каква дијагноза има сопругот кај тебе? Нас ни рече др. Мицковски освен замрзнување на ејакулат и терапијата што треба да ја пие од 3-6 месеци не треба ништо друго. Микро тесето сега отпаѓа бидејќи има сперматозоиди во ејакулатот. Замрзнувањето на ејакулатот ќе биде бекап варијанта ако не се подобри спермограмот и ќе биде потребно инвитро.
Ми се лоши,како да ми се повраќа сеа читам Сиофорот знае да има такво дејство...ајде ќе се издржи па во петок ќе си прашам...тебе што те наведе денес пак кај докторот или тековен преглед?
Sestrami i zet mi cekaat bebence 6ti mesec zet mi e so dg oligastenozoospermija,in vitro pravea vo Sistina kaj dr.Kuzevska po metodata na intracitoplazmatska inekcija,i toa uspesno od 1va.Ne gubete nadez.
Не бидна Константина Само на два дена пред трансфер, со скоро завршена терапија, др се откажа заради миомот Подобро да не зборам, ми требаше долго да се соземам а најмногу да го смирам мм. Како и да е ќе си го соберам јуначето и се селам на др место. Бев во Систина, се договоривме, чекам следен циклус. Немав памет ни да пишам. Да не зборам многу, тоа е накратко. Со нови сили во нов почеток Фала што ме помисли
Може да сум утнала штознам од каде ми останала таа цифра...нејсе покрива се што ти треба, трансферот е само дел. Поентата ми беше не вреди ваучер само за трансфер
Олигоастенозооспермија. Потоа почна со хемотерапија заради малигна болест. После хемотерапија спермограмот е со азооспермија, што беше очекувано заради употребата на цитостатици. Сега правев ин витро со смрзнатата сперма. Ми пунктираа 25 јајце клетки, од нив добивме 1 смрзнат ембрион.
Кај м.м. според наодот од ехо на тестиси и хормони кои што се во ред, нема причина за ваквата дијагноза. Кај вас е обратна ситуација прво сте имале дијагноза олигоастенозооспермија, па азооспермија. Кај нас првиот беше азооспермија а денешниот е олигоастенозооспермија.
И со олигоастенозооспермија кога пробувавме ,,да се фати" - не одеше работава. Затоа те советувам да проба со суплементи и да си направите криорезервација. Со дијагноза азооспермија нема што да се замрзнува. Ви посакувам успех и да имате среќа да не треба да се прави ин витро! Ама, да си бидете спремни и на такво сценарио.
Да секако ги земавме веќе Профертилот и Кондедилот што ги препиша урологот, и ќе замрзнеме и материјал во случај да треба инвитро. Инаку после првичната дијагноза пред 2 недели кога добивме резултат азооспермија изгубивме секаква надеж, но еве денес излезе сосема друго, што не е идеално но е малку подобро. Благодарам на советите и успех и кај вас!