Snaata Cestitki mila i so lesno do kraj Vaka me interesira sdali i sab i nede rab vo Sistina, nekoi dezurstva ili ne?
Сите кажуваме субјективно можеби, но треба да внимаваме да не пишеме нешто во стил "заборавете на тоа и тоа", "сигурно е тоа и тоа", "никако така"...Верувам дека беше добронамерно, но да припазиме. Посебно за некој кој само што се соочил со дијагноза, уште ништо не знае, не ги знае сите опции и плус му треба малку надеж. Peace
Сеуште сум на истото мислење од пред 6 год дека на нашиве болници за ивф им недостасува психолошка поддршка во пакетите. Не може да премолчуваат работи од што те знаат и им е незгодно да ти ги соопштат, затоа јас директно кажувам без улепшавање. На ништо не извадено од тесе да ми раскажуваат разноразни ситуации и дека ќе биде да сме верувале итн итн, уште да ми речеа запалете свеќа негде за да биде. И верувавме и правевме свашта и пројдоа 6 год и ништо не се случи само времето пројде и пак завршивме на изборот донор/посвојување. Јас верувам дека за да се реши проблемот треба да е јасно кажан и јасно да се презентирани опциите па кој како сака, а не да го кажуваме малку веројатното што некој сака да го чуе
Не е ендометриоза, trust me. Симптоми на ендометриоза се јаки болки во долниот дел на стомакот, особено за време на менструација и околу овулација, обилно крварење (со цели парчиња, бљак), долга менструација од 7+ денови, чоколадни цисти на јајниците. Плус е хронична болест и симптомите се интензивираат како поминуваат годините. Јас ги имам сите симптоми наброени, а тумор маркерите ми се мирни (бар беа пред некоја година кога последен пат ги проверував). Се надевам ќе ти биде подобро што поскоро. И update-ј не' за ситуацијата.
Психолошка потреба е неопходна и пред и за време а посебно по неуспешна постапка. Матичната ми кажуваше дека во време на ЕКС ЈУ сите гинекологии имале психолози - пошто се многу важна нишка за родителство, а посебно за ин витро.
@Pacient srna за олигоастенозооспермија ти им викаш да не гаат надеж и да се спремаат за донор? Извини ама претерано е. @ladystardust поради болка во мала карлица ме упатуваа уште пред 3 години да испитувам ендометриоза, ама на погрешен начин, матичната ме прати на рентген.. Специјалист тогаш ми рече дека најверојатно болките ми се од простагландтините што ми ги влошуваат проблемите што ги имам со кичмата..
Да, џабе и рентген и МР и ехо (освен во случај на чоколадна циста на јајник која има специфични ултразвучни карактеристики кои се гледаат на вагинално ехо и кои се индикација за болеста), дијагноза на ендометриоза и стадиумот на болеста се утврдува исклучуво преку лапароскопија.
Јас разбрав дека на @Pacient srna и кажале дека се ќе биде во ред па на крај го изгубиле драгоценото време. И јас после само првото инвитро многу паднав, и тоа со донор, немав шанси воопшто да одам со мои. Можеби мора сами да си бараме психолог, ама некако мислам дека нема што да ми каже, освен дека ме разбира и дека треба храброст да се преброди таа ситуација, а све тоа си знаеме. Секако дека треба поддршка, само можда како некое здружение за поддршка за инвитро пациенти и дружење и споделување искуства.
Не се многу ...ако се споредувам со тебе јас имам + цинк витД и вит Ц...место фемибион едни други-... обавезно земај витЦ со клексаните П.с. и уште не сум во процес на трансфер... Сигурно си ја знае раб...а и секој организам е различен може да ти е лошо од бромергонот или сиофорот...
Проблемот е што никој доктор не може да гарантира успех,има парови без ниеден проблем и без успех има и тешки дијагнози па изненадиле со успех од прва,правила нема,на крајот на краиштата сами ги носиме одлуките. Баш ми е жал,ама ајде секое лошо за добро е
Да те расположам, јас примам сиофор 1х500, еутирокс од 25, метилирана фолна, мет.Б12, фемибион Тековно по 3 инекции на ден во процес на стимулации, а по трансферот не по еден туку 2 клексана ќе примам Сиофорот ми се чини добро го поднесувам, а првпат примам. Физички сум ок, само што не знам главата кај ми е Ајде, ќе помине се, само да вроди со плод. Good luck
Знам дека докторот не може да гарантира, само малку да се потруди да го употреби своето искуство и знаење. Не знам што да кажам, постариве доктори се поладни веројатно поради тоа што не можат да гарантираат и се оградуваат психички од негативни резултати, а помладите имаат повеќе елан и желба за работа, такво чувство имам. Инаку, би било све оставено на игра на случајност. А изборот го правиме од тоа што ни се нуди во моментот, не дека имаме безброј опции па да бираме. Сепак, надежда последна умира.
Апсолутно се согласувам дека докторите треба да се искрени и на време да ги кажат работите како што се. Ама не можеме ние да кажуваме дефинитивни ставови, барем не за работи за кои еве членки имаат различни искуства. Плус може секој треба да го изоди својот пат и сам да реши кога е доста, не знам...
Леле па зашто тогаш воопшто терапии чуда за да на крај се предомислат?Не го прашавте? Ај кај мене на сред стимулации полип се појави и одложија...сега пак сестрата ми напомена дека во тек на припремиве ако докторот одлучи да нема трансфер ќе нема?!Ај си викам они знаат најдобро мада чудно ми е како се предомислуваат?Во која болница бевте? Пробајте да не се нервирате што да кажам и сега следно?
Оф оф имало и повеќе леле ајде само Господ да е со нас,реално мислам од Сиофорот ми е он ми е новитет,плус се тоа измешано со стрес и хаос ја незнам по трансферот 2те недели како се издржуваат,ајде тука сме си ќе се поддржуваме
Да, за Сиофорот ова мо го кажаа, ама јас добро го поднесував. Ако не е подносливо прашај, можеби има опција да се почне постепено со помала доза.
Па да многу апчиња наеднаш плус стрес ,фала ќе те послушам за витамин Ц ехее ти и други витаминчиња си примаш супер...ајде само за убаво да е