Сега следно си трчам од доктор на доктор и сите различно кажуваат Едни подобро да се вади, едни подобро да не се чепка и така, во круг. Па сега биди ти паметна и одлучи.
Да ќе прашам обавезно,плус ме чуди и зошто воопшто ми го дадоа кога инсулинот ми е ок?!Можеби превентивно,ама пак 2х1 и не е баш малку?!
Нема откажување,јас верувам во чуда,знам за твојата ситуација ама немој да губиш надеж никако,колку само примери има на форумов што им било кажано дека нема шанси со свои јк па Господ ги израдувал. Факт е дека во меѓувреме мора да терате постапка ама ќе биде,вака или така ќе си бидеш мајка
Трансфузиолог ми има кажано за вит.Ц ... за да не се намали железото во крвта,така нешто ми објаснуваа лани но не ме држи за збор важно 500мг си земам кога се боцкам со клексани
Најтешкото кога со повеќе д-р се консултираме,мене 2ца доктори ќе ми кажат различно мислење и ме фаќа паника...размислете одлучете ембриончето ве чека
Друштво ај да ве прашам нешто, случајно сега нешто ја читам кутијава со гоналот сабајле што ми го дадоа и гледам рок му е 10/2020 мене секако ке ме фати октомври и незнам сеа нормално е вака со кнап рок?
Која доза се? Јас го пиев пред и да дојдам на ред за ин витро, нека пишат членки кои го пијат во постапка.
Потполно си во право, јас 20 год фризер немам сменето...а камоли др, ама ова ми дојде тешко, морам да побарам две, три стручни мислења пред да одлучам. Секако на крај одлуката е моја како и впрочем сите на крај велат
Јас редовно за време на секоја овулација имам страшни болки во јајниците(некојпат двата остовремено, а најчесто болката е наизменично-еден месец лев,другиот месец десен јајник) ... Некој пат и кинат од болка и кога мочам(се извинувам на простатлукот на изразување), пополека седнувам,неможам одеднаш...тоа трае 2-3 дена (не по цели денови,но по 3-4 пати дневно сигурно)... Е после нив следи ЗАДОЛЖИТЕЛНА (секој месец) болка на долниот дел од матката (исто 2-3 дена во интервали)..е таа болка ми е како болка од ХСГ(а на ХСГ мислам у несвест ке паднев )...со помал интензитет,но страшна...од сон ме буди..мислам ке утепам некој во тој момент...како некој да ми ја влече матката надолу силно.... Исто сум со ПЦОС.. И така си се навикнав на тие болки и си ќутам..што да правам..знам дека ке поминат и трпам... Бебе значи!!! Честиткиии..со лесно!!! Само напред..што повеќе фоликулчиња да има..❤ И јас сум кај него..кај и да е за 3-4 дена ке одам по хормончињаа.. Ајде со среќааа❤❤❤ Не следуваат 4 ваучери? Или јас сум збунка?
И моите симптоми се тие. И се полоши стануваат како поминува времето. Со тоа што последните години се поинтезивни се при крај на мензис и ужасно болни овулации имам. Кога е ладно времето па да не претерам ама 25 од 30 дена сум во болки. Кога ќе ме фатат силни болки исто така и ми се кочи ногата од кичма па до стапало осеќам болка (Sciatica). Кога почнаа да се интезивираат болките пред неколку години матичната ми рече нема шанси да ти е од ендометриозата, премногу е мала да ти прави проблем (цистата е од 2 до 3цм зависи кој период од циклус ми ја гледаат). Секаде што сум читала низ интернетот пишува дека предизвикува болки и кога нема видливи цисти. Ама ете за матичната не било проблем тоа. А кога ми се појави циста и на другиот јајник, не мораше ни на ехо да ми ја потврдат. Знаев дека имам затоа што си ја препознавам болката. Среќа од таа страна не е толку интезивна. Не ми е јасно како се толку неупатени докторите со оваа проблематика, а е толку сериозна состојба. Среќа што отидов кај Димитров у Ремедика. Веројатно уште ќе си барав причина за болките. Штета што никој не ми кажа дека може да ми ги сјебе резервите.
Многу ми е жал што поминувате низ такви болки со @ladystardust Се надевам дека нема да биде секогаш така. Едвај чекам да имате бебчиња, сите...
Јас имам ендометриоза,или да речам имав ја отстранив цистата лани во септември откако си ја носев преку 10 години,менструалните болки си продолжија исто,резервите не ми се сјебани ако ти е за утеха инаку мене значително болките ми се намалија откако почнав да земам аспирин заради мутациите. Ендото е уствари инфламација,пробај да конзумираш куркума.
Па тоа е тој зачаран круг. Викаат се повлекуваат симптомите кога ќе останеш бремена. Ама од друга страна пречи за забременување. Ќе имаме сите, наскоро
Истото и кај мене беше и др не знаеше што е. После тоа друг др ме гледаше и излезе водена циста. Ќе пукне со следниот циклус,следи ја само. Што ти предложи Димитров? Мене ми рече да ја отстранам ендометриозата, а сите останати доктори ми викаат никако,зашто ќе ми ги намали и така ниските оваријални резерви. И само се вртам во круг,не знам што да правам.
Јас бев да го молам да ме оперира затоа што умирав од болки. Ми рече јас не сакам да ти расипам нешто што можеби работи. Кога ќе се обидуваш да забремениш и ако не успееш тогаш дојди. Ова беше пред 4 години. Сега не успевам ама за жал резервата веќе ми е намалена и операција не ми е опција. Само ин витро. Како стоиш со резерви? Штом он ти предложил да ја оперираш смета дека имаш добри резерви веројатно. И секако битно е колку е раширена и каде. Некогаш може да се оперира и без да се оштети здраво ткиво.
Амх ми е 0,655. На лев јајник е, околу 28мм, и немам болки никакви,освен овој циклус премногу ме болеа јајниците. Стварно да не знае човек веќе што да прави....