Направив к.с вчера се е во ред со тромбоцитите 270 ми се (реф.вред 140-400) немам никави одстапки ни во другите параметри. Хормоните на тироида, витамини Д и Б12, шекер и инсулин исто проверив се е во нормала.Чекам денес резултати уште од елекртолитен статус. Затоа и паника ме фака, на сета мака уште ова.
Мила јас забележав дека кога ги буцкав клексаните пополека и после апликациката броев до 10 и не ја вадев одма иглата не ми се појавуваа модрици.А кога ќе се појавеа дс то кажам ставав кантарион домашен и побрзо поминуваа.Инаку ти мила до каде си? Мене во сабота на 26 ми закажаа трансфер па се надевам дека ќе се одмрзне како што треба јуначето за трета среќа.Овој пат немам клексан во шемата,примам циклопрогинова,аспирин,пролутекс,прогестерон депо на 3 дена,имприл,витамин д.Дај боже да ни биде трета среќа овој пат
Хммм, све уредни анализи по ова што кажуваш. Аспирин пиеш? Единствено плус ми текнува да направиш анализи за хемостаза... и ако не ти е проблем прати слика да видам како изгледа осипот.
Фала, не сум боцкала досега во рака, само што се решив сама да се боцкам во стомакама ако треба ќе пробам. Фала многу на објаснувањето. Само што земав хепатромбин, ќе пробам со него, ако не поминува може да пробам и со другиот. Ќе пробам и така, фала многу. Фала. И јас за првото и второто не бев толку со модрици, и тие што ми се појавија ми се појавија после подолготрајно боцкање, а сега одма.
Мила па јас и ти сме ептен исто.Јас сум во петок на контрола, 9ти ден од циклус ми е. Мислам дека би требало да биде следната недела и трансферот, по мои пресметки би требало следната сабота, ама ќе видиме што ќе каже докторот.Истата терапија ја имам и јас, само што овој пат почнав со клексани од трет ден од циклус.Со прогестеронска подршка би требало да почнам за неколку дена.Мора да се одмрзне јуначето и да биде успешно.Дај Боже да ни биде трета среќа и на двете овој пат.Овој пат баш се погодивме во исто времеЌе имаме најверојатно една недела разлика ама пак сме тука некаде
Да ептен овој пат се погодивме,Дај боже мила,со господ напред како ќе биде така,од оваа борба ќе излеземе со полни раце среќаПиши како ќе поминеш во петок,јас тупкам во место до сабота
Обавезно мила, гледај колку што можеш најмногу да се изрелаксираш до сабота. Баш за второто инвитро, докторот ми викаше најмногу што можам да одмарам пред трансфер. Колку што е важен одморот по трансфер исто толку важен е и пред.Те чекам во сабота да ми пишеш
Да,се сложувам со кажаното. Но не е ни 3 см,и е на јајникот,не во него,па затоа сум во дилеми. На закажана лапараскопија еднаш не отидов ме предомислија,а иста сум и во моментот,таман да одам, пак ми зборат никако. Имам уште малку време и сама ќе одлучам,само нека почнат ГАК со работа. И јас сум слушнала за позитивни тестови со ендо и дај боже да биде и кај нас така. Нема правила.
И јас сум со вас петок преглед 10ти ден од циклус па ќе видиме како се развива ендометриумот...ќе чекаме овулација на природен циклус тераме(само клексани,сиофор и витамини примам),па здравје ако е се како што треба најверојатно следна недела трансфер разговаравте за колку ембриони ќе враќате?
Мила и тебе нека ти е со лесно,заедно ќе си чекаме само здравје дај боже среќно за сите да биде.Јас имам еден замрзнат ембрион-бластоциста од Систина го префрливме во Плодност,само мене мисла ми е да не не ее одмрзне
Маја,јас боцкав позади во свадбарката лабаво стискаше месо мм и под агол од 90,после вбризгување го пушташе стиснатото и ја држеше иглата уште неколку секунди така внатре,не премачкувај алкохол после боцкање.
Јас да се пријавам. Вчера ми се јави ембриологот и ми рече од вкупно 13 се оплодиле 5 и денес уште 4. Трансфер ми рече ќе почекаме да видиме како ќе се развиваат и најверојатно ќе биде во петок Некој совет за пред и после трансвер, малку ме фаќа паника
Со среќа мила Супер бројка Совет од мене, да гледаш да се опуштиш колку можеш, да си испиеш денес чаша винце или некое мало пивце и да уживаш
@s.maja - Со среќа од срце! Нема зошто да те фаќа паника, убаво ти кажа @Milce89 Сега гледај само опушти се и мисли на убави работи. Терапија и суплементи тераш исто додека не ти кажат поинаку. Гледај повеќе медитеранска исхрана пред и после трансфер. И најбитно релакс, колку можеш. Ако се мислиш нешто, пиши ни
Абе сега мислиме на се што не треба да мислиме...и секогаш најлошите варијанти ги замислуваме...нема од што да се плашиш,ќе се одмрзне и ќе си го земеш и ќе си го чуваш цел живот