24 iljadi vo new born mislam! Jas ov jas ovaj lat ke bidam stimullirana so gonal f ako dade bog,od miktoginon iskustva nekoi reakcii?mrne na lice mi se pojavija crvenila i moram da odam na transfuziolog!
Ние во Ремедика плативме 44 000 ,независно колку се.ние имавме 6.ама тие 44 000 се за 5год.после 5 ако се чуваат се доплаќа 6000 ден.
Имаше нешто да,мислам дека 9000ден 1.ембрион.а ако се повеќе од 6 ..тогаш е 44 000 со 5 год.чување.така некако беше
Девојки ми треба ваша помош околу резултатите.Испитав хомеоцистин, фолна и б12.Хомеоцистинот мислам дека е во ред, но овие другите се многу зголемени.Посебно б12 ако е граница до 505 кај мене е 902.Пијам пренатални витамини со метилфолат од 1000 и со мала доза б12.Навистина незнам што да правам сега пред трансфер
Тоа секако, во петок треба да се видам со др.Трајковски. Моментално ме фаќа паника, дека има доста отстапување и дека ми си ближи трансфер.Очигледно, и многу добро не е на добро
@Maya12 , @princess5 ќе морам да му се јавам. Цело време ми вика не испитувај се сама, а јас пак продолжувам Ама што да правам @tina2018 незнам дали одиш првпат кај докторот ама навистина е многу добар доктор. Со среќа и со успех
Епа за ова на неколку наврати пишував и скренав внимание дека многу што сте хетерозиготи на МТХФР пиете огромни дози на Б12 и метил фолат без претходна проверка на хомоцистеин и Б12. Препорачана оптимална доза на некој на кого овие резултати му се во ред е 2.5 МИКРОГРАМИ (400 пати помала доза од 1000 mcg) и 400 mcg метил фолат. Хипервитаминоза, односно преоптоварување на организмот со витамини е реална состојба. Б12 по овој резултат тебе воопшто не ти треба да го суплементираш. Најдобро е да пиеш мултивитамин во кој има 400 mcg метил фолат и 2.5 mcg Б12. На тоа можеш евентуално како подготовка пред трансфер да додадеш плус 400 mcg метил фолат. Појше стварно не е потребно, консултација направив со тројца доктори, сите истото ми го рекоа. Немој да мислиш дека те карам, само те советувам инаку овој резултат нема ништо да смени во исходот од трансферот, не се секирај. Поздрав и многу среќа!!
Многу ти благодарам на објаснувањето. Сега сум свесна дека е така, но цело време сметав дека како комбиниран хетерозигот(со две мутации по еден мутиран алел) имам реална потреба од поголема доза за разлика од обичните хетерозиготи. Ги нарачав витамините од америка со доза од 1000 мг метил фолат и околу 4mcg б12 уште пред година дена и од тогаш ги пијам. Дури и кога бев на имунологија кажав дека пијам доза од 1000 мг, ми рекоа дека е во ред.Навистина се многу добра комбинација од витамини и незнам дали да ги прекинам или да ги намалам (пијам по две (како назначена доза), па да намалам по едно), што тогаш со другите витамини кои веќе ги внесувам преку нив.Ама барем ме утеши дека не би имало проблем при трансферот.Фала ти уште еднаш.