Да, мене во претходната постапка. Викаат дека е или од имплантациско крварење или од терапијата. Ништо не е сигурно до позитивна бета. Се надевам дека кај тебе е од имплантациско.
Јас како и се што правам до сега, сама Ниеден доктор не ми спомнал до сега, ама од тука што читав гледам дека доста го испитуваат.А ќе ми биде и трет трансфер па сакав се што може да испитам.И покрај тоа што пијам витамин д од 2000 пак ми е ниско
Баш ми е криво главата горе одиме понатаму....со докторот се виде ли?Колку ти вратија? Имаш замрзнати?
Исплачи се мила...ќе дојде времето и ќе си држиш бебуле во раце Верувај во тоа и ќе биде! Некому е патот потежок но битно после секое паѓање да се исправиш пак на нозе.
Многу ми е жал мила Знам колку е тешко но немој да губиш надеж, ќе си дочекаме сите радост сигурна сум.
Ах бре,а тек ја ништо не пијам од витамини...све сами баш ми е некако криво треба да се посветат докториве,слушнав во Прага наводно има клиника што гарантира успех со 4 инвитра за незз колку пари,во спротивно ги враќаат парите.Си викам јас да сум доктор сама ќе си направам бебе во 4 месеци...ако еднаш нешто не успеало следен пат мењаш терапии...не ми замерајте,можеби и не е така само ме фаќа нерв,само Господ да не чува и помага
Знам колку е тешко, но и ова ќе помине. Ова ќе те направи само уште посилна и поупорна понатаму. Многу добро знам.И знам дека ќе успееш еден ден, сигурно
За тебе не се сомневам ја така за хормони се проверував и докторот ми рече престани да се боцкаш а мене убаво дури им кажувам оваа вена дава крв
Тоа е, така требало да биде. Не се видов, проверив овде кај нас. Се јавив, ми рекоа да се јавам после циклус. Не замрзнавме, немаше. Две ембриончиња ми вратија.
Лани првпат гуржанова ми препорача а годинава (сама) повторно проверував и пак беше на долна граница и ендокринолог ми даде ампули од многу единици на 2месеца ... па сега ќе продолжам со 2000единици но ќе проверам пак пред трансфер кога ќе правам... Мила собери сили и главата горе... кога најмалце очекуваш ќе биде и бебенце тешко е знам но мораш да бидеш силна за следниот пат
Скалата во Авицена им е во ред, е во nmol/L, и си има референтни вредности од страна, и да, според резултатов имаш недостаток. Мене со резултат 50.6 nmol/L исто во Авицена ми препишаа терапија од 4000 IU во траење од 3 месеци. После три месеци сама намалив на 2000 IU, сега ќе проверам, па ќе направам консултација со доктор дали ќе треба нешто повторно да менувам во дозата. На интернет можеш да направиш конверзија колку е твојот резултат во ng/ml, ама не е ни важно, зашто референтните вредности ги имаш. 4000 IU ќе ти требаат некое време да го качиш. Ама обавезно нека ги види доктор резултатите. Хаха, мене на две мерења во Ремедика не можеа да ми најдат вени, бутаа, бутаа и не искачаше крв, лом ме направија. И на крај ме боцнаа со игла за деца. Секој пат, ама буквално секој пат кога треба да ми земат крв истото се дешава. Од 5 обиди, на еден само ќе истече.
Исто, мн ми се тенки едвај ги наоѓаат. На левата рака имам една саглам и јас им ја покажувам Смешки сме
Тоа ни е и од стрес,што сме стегнати...сеа почнав да лабавам па пуштам крв...инаку ми се дешаваше и од вената кај дланката да земат после неколку неуспешни боцкања