Да, да, сега видов дека е во nmol а не ng/ml, баш и една членка ми посочи на тоа.Ќе се консултирам обавезно со доктор, но ме загрижува ептен дека трансферот би требало да ми биде следната недела, а јас имам таков недостаток Воопшто и не помислив дека е можно да имам толку голем дефицит со оглед дека веќе со години пијам витамин д од 2000IU. Сепак добро што испитав. Да знаев порано да ги направев испитувањата, ама тое е . Во секој случај фала ти многу.
Не се секирај мила. Телото не може да е совршено. Опушти се и не си прави стресови. Не прави испитувања пред трансфер. Накачи ја малку дозата. Ајде биди позитивна и пушти го мозокот на пасење сега. Гледам во авицена пишува Витамин Д 1800ден. исто е тоа со д3?
Фала мила, ќе пробам,ама се знам каква сум, се додека се не ми е под контрола незнам да се опуштамИ Трајковски цело време ми вика: доста веќе, не испитувај се, а јас во ред и следниот пат пак со резултатиНезгодно ми е веќе, се нешто му носамСе надевам барем утре да ми ја зголеми дозата.
Да, да, Д2 и Д3 во организмот имаат иста функција и се однесуваат на витамин Д, единствена разлика е во апсорбцијата - витамин Д3 поефикасно ги качува нивоата на хормонот, затоа него го има најчесто во форма на суплементи. Нека не ве бунат назнаките, тоа се само различни назнаки за еден исти хормон - витамин Д. Сум заборавила да те цитирам, @LunaGrey .
Требаше, да, ама не направивме поради вирусов, и мораше да го искористиме ваучерот бидејќи веќе му истекуваше рокот. Па правевме инвитро, а замислата на докторот беше да се извадат повеќе јк за да може да замрзнеме, ама ете немаше. После лапаро да правиме трансфер со замрзнати. Од 3 ембриони, едниот престанал да се развива, па ми ги вратија другите две. Инаку 2ро инвитро ми е. Едниот канал ми е изваден, а другиот блокиран.
Жал ми е мила. За 6 месеца ќе можеш пак да аплицираш . Во меѓувреме направи ја процедурата. Мислам дека се почнати Чаир со хистеро лапаро, така ко да прочитав во темата Хистероскопија. Биди силна. Следното ќе биде успешно!
Ќе видиме, ќе се договориме со докторот. Да се надеваме мила. Ти до кај си? Што одлучи, што ќе правите?
Не сум многу запознаена, само би споделила што имам како информација. Колешка има огромен дефицит на д3, во немерливи вредности и беше пред терапија. Претходно и испитувале само витамин Д (само погрешно било што се испитувала неактивна форма на витаминот) и вредноста и била добра. Односно, кај нејзе вредноста на д2 била многу висока но таа тешко се синтетизирала во активна форма на витамин Д. Таа ми имаше нагласено да испитувам само д3 или активна форма на витамин Д, а не знам каде каков испитуваат па затоа барав само д3 кога испитував.. Е сега не знам дали јас направив грешка, можеби некаде се испитува активната форма па непотребно сум барала само д3..
AMA ti si ista kopija na mene Denes bev za krvna slika I sekogas mi naogaat na levata Jas Im kazuvam da ne se macat a I mene da ne me macat. Vo zivot dali 2-3 pati mi imaat zemano od desnata raka
И јас прашував за истото и ми објаснија кога испитував дека активната форма на вит Д е 25-(ОН) и дека тој е тој што се испитува во лабараториите и е од важност за нашиве постапки, барем во мојот извештај стои со таа ознака (во СинЛаб ипитував).
Хм, вакво нешто прв пат слушам... Д3 не е активна форма на витамин Д. И двете форми - Д2 и Д3 се неактивни форми кои во организмот се синтетизираат во активна форма на Витамин Д. Концентрацијата на витамин Д во крвта се однесува на активната форма на витамин Д, без разлика на кој начин е апсорбиран, дали преку Д2 или Д3. Значи резултатот до кој се стига е еден. Не може да се испитува „неактивна форма“ на витамин Д. Не знам кај кого била на консултација твојата колешка, ама ова што ти го кажала за мене е non-sense. Јас не знам за ниту една лабораторија која испитува само витамин Д3. Испитуваат вкупна вредност, односно активна форма добиена со конверзија на споменатите две. И таквиот тест се вика 25-Hidroxy vitamin D test.
Don't shoot the messenger Нејзе и испитувале така во Охрид.. Кај кого/што други детали не знам. Сега пребарав и ми излезе ова https://www.bioteklab.com.mk/pacienti_detail_sub.asp?ID=2 До сега мислев дека знам нешто, сега знам дека ништо не знам