[QUOTE="_Vera_, post: 5228477, member: 138375"]Еве јас немам, не си сама Докторот ми рече да не испитувам и решив да го послушам (сега за сега).[/QUOTE] Таков ни е периодот,ни болница,ни матична ни сестра ништо не сакам да видам се маж ми оди по упити...некоја одбивност имам...
Не знам дали го следите здружението до бебе по патот на ивф на Фејсбук, ако не, одма побарајте.. до сега имаа две вклучувања на доктори (Гуржанова и Сотироска - ембриолог) и многу поучни работи слушнав, а ќе има и секоја среда и сабота од сега натаму многу теми и доктори.. Ислушајте си ги и може прашања да се поставуваат. Секоја чест за девојките што го активираа здружението, господ здравје да им дава што правите со инекциите, ги чувате за да ги фрлите во болниците кај нивниот медицински отпад или?
Дали после неуспешно инвитро продолжувате со витаминските таблети(во мојот случај фемибион и метил фолат 1000)? Не знам дали да продолжам да ги пијам или да ги прекинам.
Мислам дека немаш штета да ги пиеш, но најдобро да прашаш. Мене ми рекоа имприлот да не ги прекинувам, да си ги земам цело време.
Мила јас правев мал прекин па потоа продолживав само со метилфолат и аспирин на 2дена поради што сум хомозигот... така да можеш ако имаш мутации да си продолжиш или само фемибион или м.фолат да не излезе ко кај членката со висока доза на фолна да е... но пред следниот трансфер или ифв да ги земаш повторно
Многу ти е и фембион и метил фолат. Во фембион има фолна 200мцг и метил фолат 200мцг, и плус на тоа 1000ка пиеш. Тоа вкупно е 1400, тоа е мн голема доза. Ако немаш генски мутации доволно е фембионот не ти треба метил фолат 1000 мцг. А ако имаш генски тогаш не треба фембион да пиеш пошто имаат и обична фолна во нив која телото не ти ја преработува и се трупа ко токсин.
Прашај си ти имунолог. Трајковски е гинеколог и јас кога му кажав дека метил фолат треба да пијам, он ми рече тоа го има во сите пренетални витамини. Што нема везе. Ако си хомозигот фембион не треба да пиеш ради фолната во него. Само метилираната пиј ја.
А многу фолна штетно ли е? Јас сум од тие што мора да пијат метилирана и димитров и лазаревски ми пишаа по 800 на ден. Порано купував неофолик мета од бугарија и си пиев по 2 ама сега ради коронава најдов некоја од 1000ка метил фолат и со таа си терам плус фемибион 1. Димитров во ниеден момент не рекол многу ти е. Некако имав впечаток дека обичната фолна ја исфрламе не дека се таложи ко отров...
Комбиниран хетерозигот сум. Досега не сум се консултирала со никого во врска со витамини што треба да се примат. Никој никаде не ме упатил.
И јас пијам 1000ка метилирана. Тоа не е многу ако си хомозигот. А зашо ти е фембионот не сфаќам? Б витамини има и него и витамин ц. Пиј си витамин ц и б6 засебно не мора фембион да е. Каква мутација имаш?? Ако си хомозигот не смееш обична фолна да пиеш штетно е. Јас кога ги земав резултатите за генските мутации, шетав по Имунологија додека не најдов доктор што ќе ми ги прочита и што ќе ми каже терапија. Оди на факултетот таму се, ќе начекаш некој.
Ако си хетерозигот 400мг. Метилирана ќе земаш не 1000 можеш по 2фемибион дневно место метилирана но сепак консултирај се со доктор а и некоја страна поназад имаше некој пишано околу фолната според мутациите...
Искрено не памтам каква беше одамна ја правев, знам со резултатот ми рекоа по 800 обавезно метилирана. И јас пијам само метил фолат и фемибион, искрено поедноставно ми е помалку апчиња во денот него посебно да ги зимам. Баш ќе го препрашам пак докторот
Девојки бидна трансфер денес Вративме 2 бластоцисти и замрзнавме 6 пингвинчиња Од терапија ми даде: Кринон, премама, овунорм, метилирана од 1000 2х1, вит Д, мака, q10, декортин, кардиопирин и пролутекс. Гледам повеќето се боцкате со клексани, но јас немам незнам зошто Некој совет плус ако имате би било супер Ви пуштам среќа на сите