Не, директно на крајници.. Во такво шишенце е, како со долго и тенко капаче со отвор и директно капев на крајник кај што ме боли. Еднаш кога немав прополис прснав спреј за грло на база прополис (не се сеќавам што беше) и од него исто делуваше. Едит: сега побарав и сигурно не беше Ангал, тој пишува дека во состав е лидокаин и хлорхексидин.
Епа трахизан апчиња тие ептен здрвуваат ама скапички се и ги нема сегде. Битно правиш дезинфекција со спрејот да не ти се рашират бактерии. До утре може ќе ти е подобро среќно утре
Земи си едно марамче, натопиго со врела ракија колку што можеш да трпиш, стави го на грло, стегниго со др на пр марама околу врат и легниси. Онака “селски” рецепт ама помага многу. И среќно утре
Zenski chitam denes muabet ste pravele za genski mutacii,jas zimam metilirana folna 2×1000,metiliran b-12 2×1000, a ova e mojot rezultat. Shto mislite?
Две зрна црн бибер да изџвакаш. Лој од гуска да си набавиш ако ептен почне да те боли грло и мн кашлаш. Кајгана од 2 јајца да си ставиш на гради. Пропулис од аптека да си капнуваш на лажичка мед. Гуд лак Маја
Мила не сум стручна...но и по мислењето на претходната членка мислам дозата ти е преголема Провери си ги вит б12и фолна па ќе си на чисто но кога си ги земала резултатите од имунологија сигг ти кажале дека ако 1 алел е мутиран си хегерозигот и потребна доза е 400мг на метилфолат а доколку 2та се мутирани 800до1000мг ... сепак провери си и ќе знаеш дали е во ред и колку да земаш од витамините...
Знам дека ич не ми е прашањево на место во темава, ама ги читам последниве мислења околу фолната и многу сум збунета. Не знам дали имам генски мутации, никогаш не сум испитувала. Пред да забременам земав метилирана фолна од now што е 1000мцг. Ја земав барем 6 месеци, можеби и повеќе. Сега земам исто метил фолат на солгер, 400мцг, ама плус земам премама каде што има 200мцг обична и 200мцг метилирана фолна и плус магнезиум со Б витамини, каде што има дополнителни 200мцг обична фолна. Значи вкупно дневно земам 600мцг метилирана и 400мцг обична фолна. Многу е? Штетно е? Кога бев на преглед за утврдување на бременост, гинекологот ми препорача покрај метилираната фолна, да земам и премама, по потреба магнезиум. Кога го прашав дали во премамата има фолна и дали да ја прекинам метилираната, ми рече дека нема врска, да си ги земам и двете, во смисла нема штета од повеќе, да не е помалку.