Слична ситуација имав и јас и мојот гинеколог ми рече дека се што е повеќе ќе го исфрли организмот, така да во врска со предозираност не е штетно. Само би можело да штети на црниот дроб ама со внес на доволно количество вода (помага при работата на ц.дроб) и тоа не е страшно. Најверојатно затоа ти рекол така.
Магнезиум земи си обичен, без Б витамини. Нема потреба кога веќе ги имаш во мултивитамините. Од второ тромесечие натака можеш само со премама... ова доколку нема мутации. Секако консултирај се со гинекологот за понатака. А засега стварно мислам дека немаш потреба од таков магнезиум. Во ќесичка земаш? Тоа е чист шеќер, којзнае и дали има ефикасен магнезиум внатре. Многу ги форсираат тие ќесички во последно време, изгледа имаат добар маркетинг. Само за предлог, Магнезиум Цитрат на Now. Ги даваат и на делење по таблетка. Огромни се и тешки за пиење, но многу ефикасни.
Да, во ќесичка, магнезиум директ од зегин со Б и Ц витамин. За чист шеќер си 100% во право, пошто нели во уста се остава да се растопи, едвај 15тина зрнца дали остануваат нерастворени и со вкус на лек. Ама искрено, не знам дали пласебо, ама и грчеви ми смируваат и утрински гадења. Можда психички е. Ама ќе ги сменам, уште денес ќе си земам чист магнезиум во таблетарна форма. А за фолната? Да продолжам да ја земам сега и метилираната и премама или да ја прекинам метилираната? Знае некој сајд ефектс од земање голема количина фолна?
Не знам за сајд ефектс од повеќе фолна,мене повеќе во твојот случај би ме загрижило што ако имаш мутации а земаш обична фолна,сума сумарум најдобро би било сите да си земаме метилирана и мирна глава,јас после мутациите кога го открив ова со фолната сега сите витамини ги проверувам дали се во синтетичка форма или природна и секогаш ги бирам во природна форма.
Другарки,имам да споделам со вас една убава вест и патешествие. Откако моето прво инвитро во април месец заврши со биохемиска во јули бев на преглед кај Трајковски да видиме дали сум спремна да си ги земам ексимчињата,се беше ок рече одиме со трансфер на природен циклус,не примав апсолутно ништо,само мерев естрадиол и лх,во меѓувреме ехо па мерење прогестерон за да ја погодиме овулацијата. Во тој период настинав ненормално многу,пиев Сумамед дури се мислев да ја прекинам постапката,ама реков ќе терам како сака Господ така ќе биде. Моите циклуси се на околу 30 дена,овулацијата ми беше на 21от ден а трансферот на 2 бластоцисти на 25от ден од циклус. Докторот ми даде аспирин секој ден и клексан бидејќи сум хомозигот,кога ги почнав клексаните почнаа многу ситни модрици точки по цело тело и ги прекинав на своја рака,терав само со аспирин. На храна нешто мн мн не внимавав како за првото инвитро,јадев што ми се јаде. Во периодот на чекање после втор ден почнав да си се движам,во куќата имам многу скали па морав да одам горе долу полека,на работа си почнав после 7 дена,минатиот пат одмарав 14 дена. Терапија имав декортин 3 дена,дијазепам исто,бускопан 2 дена,депо и Пролутекс на 4 дена и Утрогестан 2х200 навечер. Од симптоми после 6ти ден почнаа менструални болки и тоа не така мали,ептен изгубив надеж,реков не бива ништо од ова... направив домашен тест на 12ти ден од трансфер,дента ни беше годишнина од свадбата и светнаа двете цртки,наредниот ден бетата беше 274. Менструалните болки си продолжија испаничив и отидов на ехо порано од закажаното и на 5 недели и 5 дена го слушнавме срценцето,докторката ми рече да боцкам клексани обавезно барем на почеток па потоа ќе видиме. Трајковски ми продолжи терапија до 13та недела пролутекс и депо по еднаш неделно и Утрогестанот 1х200 до 15та недела здравје Боже,само се да е во ред. Друшки мои најмили сите да си дочекате ваква среќа а знам дека ќе дочекате,на сите ни стои среќичката тогаш кога одредил Бог,не секогаш оди како што ние сакаме,сакам да ви кажам дека нема правила ни во симптоми ни во исхрана.... едноставно треба да се поклопат коцките,ќе дојде тој ден за сите Да се надополнам за тие што покасно дојдоа на темава,во ноември ќе направиме точно 4 години обиди и 3 години акање по доктори,лани во септември извадив еднометриозна циста,инаку се друго во ред е,се водевме како идиопатски стерилитет.
@Stressed Out имај си најлесна бременост и до крај да ти помине во спокој! Гали ја душичката во себе и уживај!
Fala ti za sovetot.Neznam no me zamislivte,dozata mi ja preporacha dr.Ivanovski.Bash ke go prasham vo vtornik sum na pregled dali da prodolzam so tolkava kolichina.Valjda nema da e peoblem ako ima pogolem vnes,mislam ne shteti?
Честиткиии, многу ми е мило ❤️ Јас сум тек во понеделник на преглед 6 недела и 4 дена би требало да бидам, се надевам се ќе биде во ред, преплашена сум. Стискам палци за сите❤️