Девојки, едно прашање: освен во аптеката на Систина, каде на друго место во Скопјево може да се купат инјекции за боцкање? Пр. Мериоферт, фостимон, цетротид?
Девојки пак имам прашање...дали по трансферот или пред ви дадоа сликичка и опис на ембрионите кои ги имате,ако има и некоја од Њу борн да сподели?!Имам другарка од Ре медика си ги има сликичките...ја до сега ни чула ни видела какви се?!
Не им побара?Или си е политика на болниците...не знам како да се понашам сумничава сум општо за се во животот
Хм да видиш во Берна (немам купувано ништо од ова) Даваат не се грижи ... во моментов неможам да ја споделам... на 1лист е извештајот со терапија и сликиче од ембриончето а на др. Е сликиче од ехото со точкиче или 2 вратени во матката...
Фала,знаеш ќе напраиш муабет со некој па ќе те замисли свашта може да прават,ама да не мислиме на тоа треба да веруваме во докторите..што друго ни останува?!
Јас од Ремедика немам сликичка после ниту еден трансфер (3), во период 2019/20. Последниот сега во август. Имам опис на секој извештај после трансфер за ембрион(ите) - колку, кој ден, каков тип и % на фрагментација. Мене тоа не ми беше доволно и се јавив директно во ембриологија да прашам подетално, па си запишав да си имам своја евиденција.
Во Систина не ми дале, прв пат слушам за слика. Само на еден извештај стоеше шифра која означува некои параметри за ембрионите
Реално можеш да си прашаш се што те интересира од ембриолошки резултати. Прво прашав ако може да ми пратат подетален извештај за ембрионите, но ми кажаа дека таков се уште немаат во пракса. Па прашав што точно им значат ознаките за ембрионите на описот, колку клеточен е секој ембрион, нивна оценка/мислење за квалитетот, и слично. Ова по телефон. А пред третиот трансфер кога бев таму на контрола, побарав да се видам со некој од ембриологија и уште еднаш си направив муабет за нешто што ме интересираше. Достапни се и фини ембриолозите таму, ок ми е искуството со нив. Слободно можеш да си прашаш што те интересира.
Fostimon i Meriefet se po 1400 vo Sistina a dr ne znam, jas od tamu si gi kupiv, ne sum od Sk i sto ke baram od drugite mesta, a bev vrzana so termin za da gi primam