И мене ми беше чудно зашто кога наплаќав ме праша дали имам приватно осигур. за да ми издаде документ , реков немам и тогаш ми кажа за ова.
Ахахаха го нападнавме Трајковски предлагам еднаш групно да ни закаже термин . Иначе јас се вракам сега од трет преглед тие се фооликулите што беа до сега не фали ништо, најголемиот е 18цм ендометриум 12цм уште едно ехо во среда и ми рече 99% пункција во петок. Продолжувам до среда со мериоферт и цетротиде. Од утре апстиненција кај сопругот ми рекоа.
Не грижи се мила,секој неуспех нека не направи посилни,штом сме тргнале на овој патт,среќата е тука некаде,само уште малку,
Девојчиња како комуницирате со Трајковски преку сестра или на мејл, тел.? Ми рече да му се јавам кога ќе добијам за да ми каже кога да почнам со контрацептиви.
После која постапка сте одлучиле да смените доктор/клиника? Имам сугестии да се префрлам од Ивановски кај Лазаревски (по 2 постапки), ама не знам што би ме посоветувале. Одличен ми е Ивановски, али ни сакала повеќе/подолг разговор да ми даде чувство дека навистина е посветен
Во мојот пост стои дека оптимално ниво е до 60, ама дека почнуваат постапка се додека е до 100. Ти викаш дека твојот е над 60, но не над 100. Така што не би требало да е проблем. Ти одговориле и другите членки, естрадиол не можеш да симнеш на природен начин. Во зависност од дијагнозата, некои од нас имаат константно високо ниво на естрадиол, без разлика на кој циклус се мери. Јас сум со ендометриоза и мене на трет ден Е2 ми е секогаш меѓу 60 и 85. Под 60 никогаш не ми бил.
Јас после две неуспешни ивф во иста клиника и ист доктор,решив да одеме кај друг и фала му на Бога имаше успешна приказна и крај.
Одлуката е индивидуална. Не би рекла дека е после одредена постапка. Едноставно е момент кога решаваш дека правиш промена. Бар кај мене. После 3 неуспешни трансфери, и повеќе од 3 години кај еден ист доктор и клиника, сега правам промена и на доктор и на клиника. Не е воопшто лесно. И искрено, не знам каков ќе е исходот но некако олеснето и по-позитивно се чувствувам што правам промена.
Ако очекуваш подолг разговор или емпатија Лазаревски ти е најлош избор. Човекот не збори, дури кога ќе го прашам нешто ме прекинува и не ми дозволува да се правам паметна со мојата гугл експертиза Јас сум кај него и се крстам во неговата стручност па он ич не мора да збори. Ја како што сум паничар подобро ништо да не знам.
Хаха, Димитров е ист! Тотално се исклучува и ме става на ignore кога почнувам да се правам доктор. Никакви детали и бројки не дава, нит за фоликули, нит за естрадиоли, нит ендометриум, коментира само со два збора "добро е", "не си лоша", "има шанси", "ајде малку позитивно". Баш така, се крстиме во нивната стручност и треба на моменти да ги олабавиме и докториве и самите себе.
Јас па искрено, потајно се надевам дека некој доктор од тематикава се заинтересирал да прелиста тука на форумов. Колку информации можат да добијат за сопствената услуга и успешност не се свесни хахах. И колку прашања не им се поставуваат. И каде грешат. И какви патешествија ние поминуваме.. Пошо мислам дека ретко добиваат реален и искрен фидбек во нашава проблематика, а е и тоа како битен. Јас на нивно место, баш би сакала да имам што повеќе информации и да пробам да ја разберам нашава страна. Тоа би бил патот кон поголемо задоволство (читај олеснестост) кај пациентот и можеби поголема успешност на нивните методи.
Ова е индивидуално. Јас имав 2 ин витра со вкупно 5 трансфери сите во ремедика со Димитров. Бев еднаш на консултација кај Лазаревски и ни го кажа истото што и Димитров, решив да не менувам си имам комуникација со него си се разбираме, достапен ми е и верував ќе успееме. Сега сум 12 недела. И следен трансфер здравје пак него ќе си го барам Јас баш затоа и го сакам, за 2 мин завршено е се, да не должиме многу. Тој учел 15 год за тоа нема што мене предавања да ми држи, не сакам, да сум сакала на медицина ќе сум се запишела.
Ако се рачуна може ми е 11ти ден, а 10ти ден од кога почна баш црвено, првиот ден имав само кафеаво. И тестот е направен во 16:30 Циклусите ми се просек некој 25 дена, така да појма немам,не сум се замарала со вакви тестови, нонстоп сум била во постапки и стимулации Good luck u2
Молим те кажи ми прогестерон на 13 ден од циклус...пред трансфер каков показател е? Мене конкретно ми е 0.7 имаш некаква идеа?
Мене ми мереа пред трансфер сакаа да виде над 30, со 1 пролутекс и кринон бев на 7 па ми појачаа 2 дневно. Со 7 нејќеа трансфер да прават. Предпоставувам ќе ти дадам пролутекс или депо