На природен не ни мереа може затпа и не успеаа. Не паничи почни да боцкаш нешто ќе се качи одма тоа. И јас со пролутекс почнав 3-4 дена пред трансфер
Последен пат кога бев ме гледаше на ехо, апсолутно ништо не рече. И ја дома ко кретен пробував да дешифрирам докторски ракопис и се изнервирав кога успеав да дешифрирам што напишал и 3 дена бев у депресија зашто според мене наодот беше крш. Си ветив више нит читам нит прашувам. А претходно не дека не ми паѓале на памет генијални идеи кога ќе почнам процес и ако не ми даваат резултати од хормони, да си ги испитувам паралелно на друго место само да си знам Сериозно за стап сум.
Мене не ме става никогаш на игнор Др.Трајковски и кога мелам и се правам Др за се ми враќа, ми одговара. И што и да прашам детално ми е објаснето. Минатиот пат кога бев една пациентка плачеше седната во кола пред клиниката. И јас уште бев во кола не бев излезена, и го видов Др како излезе и како ја тешеше
Мене трансфер со замрзнато јуначе ми беше на 20 ден од циклус и прогестеронот на ден на трансфер ми беше 7.5 и др кажа дека и низок и ми зголеми терапија па сега примам пролутекс еднаш дневно,прогестерон депо на три дена,добрестон два пати и кринин навечер
Ќе ти даде терапија таман до трансфер ќе ти се качи. Хаха зошто бе страв, мене па мн ми е смешен некако, ич не ми остава впечаток на строг
Јас мила ќе споделам искуство ама не спомнувам доктор и клиника.До пред некое време ќе речев дека се согласувам со тебе и дека оставам се на докторот ама јас ако оставев се на него и сама не си направив испитувањс немаше да дознаам декс имав генски мутации и ќе си пиев обична фолна,немаше да откријам дека имам голем недостаток на витамин д и докторот при совршени резултати за инсулинскс резистенција и огтт тест погрешно ми ги прочита резултатите и пред вториот трансфер ме клукаше со терапија за висок инсулин па и кога имав неуспешно инвитро ми рече дека требало да ми ја зголеми дозата на метармофин и некои други работи.Затоа сега не оставам ништо на случајност и подобро да станам експерт за медицина отколку повторно да дозволам тоа дс ми се случи.Јас знам дека докторите не се магионичари и дека имаат премногу пациенти ама се што ме интересира си прашувам и за мое здравје очекувам одговор од докторот. Ама сепак сите доктори не се исти и само споделувам искуство кое не значи дека на сите ќе им се случи.Има разлика од доктор до доктор.Дај боже мила на сите дс ни се исполни желбата
Да си прашаш мила јас те охрабрувам,се што не ти е јасно да си прашаш бидејќи за твое здравје се работи.Јас многу од испитувањата од овој форум ги дознав
Друшки мои фала ви на сите за убавите желби да се враќа кај сите што поскоро,не можам да се одделам од темава. Сите што сакате доктор пријател со емпатија Трајковски е правиот избор,немам зборови за човекот и тој има пишувано на форумов да знаете само заборавив која беше темата,имаше одговарано на прашања. Едит еве го има во повеќе теми
Девојки како изгледа боледување од матичен гинеколог за после трансфер? Маж ми денес бил кај матичната и едвај се разбрал со сетрата, таа му велела еве ти извештај ама нема да ти врши работа Вака ли треба да изгледа?
Доктор сум, ама не и гинеколог. Така да, и ја сум пациент на темава . И дефинитивно тематикава на форумот многу многу подучува и помага. Верувам дека има и други доктори на темава