Девојки прашање. Денес правев хсг и не знам дали тука прочитав, дека после хсг давале антибиотици неколку дена, превентивно. Мене никој ништо не ми ни спомна.
Да, најчесто даваат антибиотик превентивно од инфекции, поради природата на HSG процедурата. Мене ми препиша матичната тогаш.
Боледувањето ќе го однесиш на работа кога ќе почнеш пак на работа. Сега тие не можат да издадат никаков документ. На работа само им кажуваш дека не доаѓаш и дека си на боловање и толку. После кога ќе се вратиш ќе ги правдаш деновите со боледувањето кое ќе ти го издаде матичниот. Ако матичниот ти отворил биледување во системот, немај гајле
@AniSel се согласувам со @le.soleil Лазаревски го интересираат само фоликулите и позитивен тест, тој си ја брка неговата работа. После биохемиската само девојките тука и тој се заинтересира да ме оправи што треба да испитам и од каде да почнам додека сите други каде што побарав друго мислење викаа "не треба ништо".
@ladystardust Хомоцистеинот ми е 11,6 umol/L На табелата само пишува треба да е <13 што мислиш? амх ми е 6,68 ng/ml На табелата пишува Од 30 до 39 години 0,47 до 7 прогестерон ми е 16 во лутеална фаза на 21 ден од циклус (табела 0,95 до 24 лутеална), така да биднала овулација месецов изгледа
Хомоцистеинот да ми го интерпетира пошто ми ги знае мутациите лејди. а за амх, си се гледа, пцос имам дефинитивно.
После интервенција треба вибрамицин, а пред чисти микробиолошли брисеви. Ако си правела во Толовски - не ги кажуваат овие препораки.
Добар си е, во граници на нормала што значи немаш дефицит на фолна и витамин Б12. Супер е, со оглед на тоа што немаше испитано генски мутации и претходно пиено метил фолат и б12, очигледно си примал организмот доволно фолна преку храна и хомоцистеинот си останал во граници на нормала. АМХ да, е висок, очекувано, со оглед на бројот на пунктирани фоликули и антралните што ги гледаат на ехо.