Одлично за тебе. Знам многу пациентки на кои не им било кажано, вклучувајќи ме и мене. Единствено што ми побараа е седиментација пред интервенција. Микробиолошки брисеви ти побараа?
Метил фолат обавезно, фолната е најважен пренатален суплемент. 1000мцг е ОК со оглед на тоа што си хомозигот на едниот МТХФР. Околу Б12 би рекла дека таа доза е премногу, ама најдобро прашај уште еднаш имунолог/трансфузиолог сега со новиве резултати.
Јас правев хсг кај д-р Толовски, таму за интервенцијата беше д-р Вероника Кокоромановска (мислам дека така беше презимето, ординацијата и е веднаш до Толовски), таа ни брисеви, ни седиментација ми побара, апсолутно ништо. Но, после интервенцијата ми даде розов рецепт за вибрамицин.
Леле а во суплеметите што ги нарачав ми се двете заедно Ах беее само нешто да се комплицира Ќе си прашам, фала ти
❤❤ Битно се појавиле цртките..а кој ден е што е битно...само да се вистинските....стискам палци за најплодни денови!!!!
Кога идете кај Толовски договарајте си ги вашите гинеколози.( за тие што планираат да одат) Јас мојата ја договорив и она ме тераше да направам нови брисеви 3 дена пред процедурата иако ми беа чисти еден месец пред тоа. И она ми даде антибиотик. Не очекувајте од радиологот да се замара за гинеколошки работи. А тие гинеколозите он што ги носи исто не ги интересира ништо, знаете какво ни е здравството, ништо чудно не е. Во систина кога го правев, кога закажував на телефон ми кажаа само да направам брисеви и седиментација. Ама кога отидов не ми побараа ништо. Кога завршив, гинекологот што ми го правеше хсг-то ми даде рецепт за вибрамицин.
И јас кога правев не пиев ама баш ништо иако ми се чини у несвест паднав од болка...Ниту пред хсг ниту после тоа не пиев ништо
Изгледа не е многу трагично, штом Докторот ми вика супер ти е се јас узбуна кренав мн сум драматична.
На клиничка биохемија испитав,со упат од матичен гинеколог. На приватно имаш сегде, во авицена е 1200 ден.
На 3ти ден од циклус во фоликуларна фаза колку ти беше вредноста? Ова 0.7 ng/ml ти е вредност на 13ти ден од циклус? Примаш прогестеронска поддршка во моментов?
@Маја Т @KonstantinaM[/USER] , @Andemona , екипа Трајковски јас сите сум ве сретнала гарант, бев и во петокот и денес, баш во 3 си одев. Треба да си носиме нешто за распознавање Инаку во петокот беше пункцијата на 8 фоликули од кои 5 ј.к беа добри, се оплодија 3 но за жал само едно беше добро за враќање. Уште ми е криво што не остана за замрзнување, многу сакав да имам бек-ап план, ама тоа е. Денес го вративме на 3 ден. Ова ми е второ ивф, а трет трансфер по ред. Не знам дали повеќе се плашам или се надевам. Во секој случај, Виша сила е натака. @Milce89 , многу, многу ми е жал. Нема многу утешни зборови за неуспехот, но не предавај се, кога ќе се оджалиш и одмориш, верувам дека ќе продолжите и ќе завршите со позитивен резултат.
Здраво здраво, цело време ве читам, но досега не сум пишала. Сакав само да споделам дека и јас мака мачев со ендиметриумот, 5.5 мм, никако да се здебели. Но, овој циклус секој ден два пиев свеж сок од цвекло и јадев ананас и дојде до 10.5 (освен вообичаените суплементи, ништо друго не земав). Така да, поддршка за цвеклото!