На 2ри ден од циклус ми беше 0.28 сега 0.74 13 ден...ми рече супер е така пред овулација не треба да е над 1....не примам прогестеронска терапија на природен циклус сум(ни тоа не го разбирам баш)...клексан примам,а да и денес овитреле очекувам сеа здравје ако бидне трансфер да добијам терапија за поддршка?Дали е можно и тоа без никаква терапија да ми биде?
Ахаххаха е не си ја видела Луна ама мене си ме видела ја бев од 12:30 и сум 180 така да сигурно мене си ме видела. Како помина денес ти се здебелил ли ендометриумот?
На неколку дена пред трансфер ќе си добиеш вообичаена терапија со пролутекси аспирини и слично без грижа а инаку да околу 1мислам беше на почеток да е ...тоа што идете на природен циклус е да не се боцкаш сега со супрефакт триптифем и слично... Уживај и чекај да дојде денот да си ги земеш ембриончињата во меше...
Искрено, немам искуство со постапка на природен циклус, досега секогаш ми било стимулирано. Така да, подобро да каже некој со слично искуство на твоето. Избегнувам да пишувам за ситуации каде немам искуство или познавање, се надевам ме разбираш. Голем поздрав!
Лелее не ми се веруваВикам јас сите сме си тука од кај Трајковски.Да, да, се сеќавам дека излезе една преубава висока девојка пред јас да влезам, облечена во црно.Ете тебе баш така и би те замислила Само некако Луна ја замислувам поинаку, исто преубава девојка ама на друг начин.Инаку денес добро поминав, ми се здебелил ендометриумот на 9,3 и веднаш почнав со прогестеронска подршка.Во сабота трансфер Да, бев мила.Ендометриумот ми се здебелил на 9,3.Во сабота трансфер.Ти кога?
Уште не се знае можеби утре ќе ми каже чекаме да помине овулација...може ќе се погодиме заедно кој ден ти е денес?Ајдее со убаво во сабота
Бускопан 2х1, 5 дена, бруфен 1х1 5 дена, декортин 1х1 5 дена, дијазепам 1х1 од 5мг 3 дена навечер; аспирин 1х1, до тест, како и кринон гел навечер до тест, клексан овојпат 2х1, претходно имав само навечер; прогестерон депо на 5 дена и пролутекс на 5 дена. Овојпат уште пред стимулациите вклучивме и сиофор 500; а редовно пијам и еутирокс од 25 Мислам дека тоа е се' Да, и витамините секако, метилирана фолна и мет.б12, комб.калциум, магнезиум и цинк, и фемибион. Од витамини, некој ден нешто и заборавам да се напијам, може и билобил треба да вклучам.
Јас ни овитрел не примив и тоа природно чекавме,во неделата ми била овулацијата а вторникот прогестеронот ми беше 1.96 почнав со пролутекс и утрогестан од средата,петокот трансфер,е после трансфер ќе ти даде др терапија,ти посакувам успех како мојот
И кај мене до последно мислеше без стоп инекција и на излегување ме врати фала ти многу ми значи оваа информација дека не сум единствена...се радувам за тебе уживај си
Баш се радувам.Верувам среќно ќе ти биде Супер, среќно и тебе Ајде може и ти ќе бидеш во сабота.Така некако ми личиМене денес ми е 12ти ден.Те чекам утре да пишеш што ти кажал докторот
искрено докторот ништо и не ми кажа, се со сестра ја договарам терапијата и не знам дали како што треба ја примам. ја прашав за водичките ама рече не прави разлика колку водички се само мора да бидат три фостимона. исто не знам дали правилно се боцкам дека супрафактот го земав во 7 саат, и така и продолжив, а фостимонот го ставам во 4 попладне. денес ми е 4 ден боцкање со фостимони и почнаа некои болки во стомак и кичма па утре ќе ја барам сестрата да видам што може да е, а може и докторот да го барам. се плашам нешто погрешно да не правам да не ја промашам постапката
Hmm sega bash proveriv vo juli koga sum pravela ispituvanje na hormonite na 3den od ciklus E2 mi bil 105 Gledam deka e vo referentni granici, a kolku treba da bide i vo shto prechi visoka vrednost?
тие кои примате стимулација со фостимон, имате ли болки како овулација? мене ми е 4ти ден како примам и имам чудно јаки болки како овулација?
И јас кога почнав со витамини и суплементи имав проблем да запамтам што треба да пијам и дали сум испила. Па си помислив дека не сум единствена и дека веројатно има апликација што ќе ме потсетува. И има...си ја симнав medisafe, си внесуваш се што треба да примаш си местиш во колку саат и ти искачаат ремајндери. Ептен ми се најде мене, пробај ја може ќе ти брка работа и тебе.