Јас примав 1или2 фостимона со по 1водичка,3или4 одат со 2водички и мора мускулно кога се со 2водички,а инаку да јас чувствував болки во стомак,нозе(колена),сила немав.
Со лесно мила чекаме добри вести за 2 недели Всушност во право си, сестрата објаснува што и како. Можеби има право за водичките, лекот дали е поразреден или поконцентриран истата количина ја внесуваш во телото. Јас фостимонот го примав мускулно а суперфактот поткожно. И двете инекции во 18:00 едно по друго. За симптомите прашај си за секој случај и не се грижи
Ти работат јајниците повеќе од нормално, повеќе фоликули имаш и поголеми од нормален циклус. Блага болка и нелагодност е очекувано.
Во една водичка помалку ќе те боли, зашто за секунда ја примаш инекцијата. Јас имав по 4 фостимони, при крајот по 4 мериоферт. И едните и другите во една водичка, така ми кажа сестрата од клиниката - пак ја земаш истата доза, а една водичка за помалку да боли. Мускулно ги примав.
Во бројни студии нивото на Е2 на трет ден е земено како прогностички фактор (заедно со дебелината на ендометриумот, присуство на поголема циста во јајниците и ниво на ЛХ) во ин витро постапката. Утврдено е дека висока контрација на Е2 во крвта на основното мерење (>80 ng/mL на трет ден од циклусот) резултира во поголем процент откажани ин витра и помал процент успешни бремености. Голем дел од овие студии како праг на толеранција го земаат нивото од 75 ng/mL и многу клиники не започнуваат постапки со бројки над оваа. Јас на едно мерење кога добив резултат од 85 ng/ml докторот искоментира дека мора да пробаме малку да го спуштиме.
Здраво на сите. До сега имам направено 3 инсеминации (неуспешни). Кај Влатко во Њуборн сум. Немаме некој фактор како проблем...Он ме советуваше уште после втората да собирам за постапка за инвитро, ама инсистирав за трета. Е сега прашањето ми е, дали задолжително да правам уште една, затоа што како што гледам по протокол на ФЗО си пишува 4 инсеминации? Дали би ми било проблем да почнам да собирам докумени што треба со направени само 3? Да не ме вратат или нешто не знам? Фала ви
Здраво дали некоја од вас оди на ендикринолог во Систина да ми прпорачате. Јас досега не сум била кај никој а примам терапија од 25 мг еутирокс дадена од гениколог шо ја држам вредноста под 2,5 на тсх. Докторот ми кажа дека во бременост можно е да се покачи па за истото да се посоветувам со еднокринолог . Благодарам
Ти требаат 4 инсеминации за ваучер штом веќе имаш 3 направи и 4та и почни со комплетирање на документите,а можеби и баш последната да е успешна
Зависи од возраста, колку време се обидувате, дали има други фактори кои влијаат на тоа да не дојде до бременост ( машки фактор, непроодни канали и сл) Ако се е друго ок, ќе ви бараат 4 инсеминации. Нас со 3 ни одобрија ама јас бев 36 години, со 10 год брак, со еден непрооден канал и не баш сјаен спермограм.
@KonstantinaM фала @_Vera_ имам 34, 2 години обидување, ок хормони, проодни канали, не многу сјаен спермограм... Ипак да пробам уште една за да си бидам посигурна.. Фала
Кај Лилјана Муратовска. Секој месец се прави проверка преку крв и согласно тоа се адаптира доза. Може да остане иста а може и да се покачи, затоа треба редовно да се следат тсх и фт3.
Девојки конечно се исклонсултирав со Др Јани Ангелковски и ова ми го напиша во извештајот (фото), па здравје го чекам ваучерот, а сега за едно недела време ке ми дојди така да ке го испуштам овој месец па здравје дури ноември ке го чекам ако не и нова година уште сега де возбудив непочната а вас ве читам и ви посакувам бебчиња на сите што сте во постапка
Со среќа и само напред @Luni ! Едно прашање: како успеа да стигнеш до Др. Јани, дали имаше закажано регуларно преку мој термин? За сега ми е невозможна мисија да го најдам, а и јас сум со истите мутации.
Нас ни одобрија и без инсеминација,немавме никаков проблем,се водевме како идиопатски стерилитет,имав 38год и 12год брак Тебе ти посакувам успех и без инсеминација и без ИВФ
Здраво девојки веке долго време ве читам и да споделам нешто.После подолг период обиди да си направиме бебе со мм ( Се разбира неуспешено)ерешивме да направиме анализи да видиме што е проблемот.Откривме дека мм има проблем односно му дијагнозираа азоспермија.После дијагнозата се консултиравме со уролог кој не прати да направиме тесе на двата тестиси.едниот испадна ,да рецам добро најдоа здрели сперматозоиди а другиот поради крипторхизам не бил во фукција ( ма да на времето направена е операција и кажано било дека сега е во ред ) .Се тоа е ок. освен фактот што докторот наместо на приватна не прати во авна болница каде што не е задржан материјал од спермата. после одреден периот кога бевме на приватна клиника докторот буквално не направи лом поради предходно направеното тесе мм има и покачен FSH хормон што знаци сто побрзо толку подобро да се почне со инвитро постапката. собрани се сите скоро сите документи за да поднесам до фондот за инвитро , освен микробиолошките брисеви на кои испадна дека имам кандида ( мислам дека такви брисеви не примаат од фондот ) се извинувам на долгиот пост имајте сите убав ден