Супер сме расне цурето..еве 22ра недела сум..мн денса во меше и дење и ноќе..ако нека ја.. Ти посакувам успех,радост голема е.
Преку мој термин го најдов ама едвај цело лето три месеци чекав до него да дојдам, но заклучок добив дека др Елена летото кога беше негова замена кога беше тој на одмор гледам со консултацијата тука некаде се со др Јани истиот третман ми го препорачаа и со двајцата околу пола час се задржав сакам да кажам и др Елена е добра Според мутациите ми препорачаа а воедно испитав хомоцистин, афа ана и лапсус излегоа тие во ред така да заклучок овој третман
Ова ана, афа и лапсус се за автоимуни болести така? Исто на имунологија заедно со генетските ги испитуваше?
Девојки дали знаете кој е причинителот за зголемен fsh хормон и што да се користи за негово намалување Фалаа
Пченична трева, смокви во маслиново масло, чајчиња од херба Стојановски.....но, фсх варира, зависи од други хормони, пр. естрадиол. Колку е кај тебе, на кој ден го мереше? Причина: намалени резерви, возраст....Повторно провери го, можеш и во друга лабораторија.
@Prolett Со лесно драга, те чекаме со убави вести. Btw Да ве прашам женски од Ск, која приватна лабораторија има веродостојни резултати. Во четврток ќе идам на преглед па сакам да испитам вит.Д, Д димери и Aнтимилеров. Авицена дали се добри?
Мислам дека сите си работат ок и дека им се точни резултатите. Авицена, Биотек, Хемолаб... А не можеш ли да земеш упат од матичен гинеколог за амх барем? 250 денари е на клиничка биохемија , во приватните е 4000-4500 ден. Јас вчера испитав сабајлето,а после 17ч истиот ден матичната може да ти го симне резултатот од мој термин.
А на кое место е клиничка биохемија,кај се наоѓа. Па може да ја прашам матичната утре за ова. Да не се чека многу за термин??
Клиничка биохемија е во склоп на државната болница Мајка Тереза. Ќе влезеш во комплексот и ќе прашаш некој и ќе ти покажат кај е, на 2 минути од влезот е , одма до Токсикологија. Нема термини. Идеш сабајле било кое време и чекаш таму ред, даваш упатот и книшката и те боцкаат и толку е. Може да има двајца пред тебе може 10, зависи. Вчера накај 10 часот отидов , само еден човек имаше пред мене, завршив за 5мин. Упатот што ќе ти го даде матичната важи 30 дена па можеш кога сакаш да отидеш во тие 30 дена. Само кажи и упат за на клиничка биохемија за амх.
Фала ти Луна, државна болница добро ја знам па валда ќе се снајдам. За рестото пари ќе те барам да пиеме кафе Фала ти најмногу за инфо
Јас во петокот земав упат, вчера бев сабајлето ме боцнаа (ќе ти дадат едно ко бар код ќе ти го залепат на книшката) и во 17:15 отидов кај матичната и она ми го симна резултатот и ми го испринта. Исто амх испитував. Нема на што,Таман работа
Јас ќе појдев приватно ќе си платев само да не се мафтам, немам време. Ама ако е вака едноставно ќе пробам. Тенкју
Месецов три пати бев мила на клиничка биохемија да испитувам работи, поише од 20 мин се немам задржано. Така да не фрлај пари за џабе
Кога влегуваш од главен влез, втората угорница десно. Клиники пишува на врата. Внатре по ходникот десно и ќе видиш, пишува клиничка биохемија. Од разликата во цена и за кафана ќе има
Procitaj na cico Google, a i vnimavaj na hranata, bez stresovi... Ne znam dr Fala mila pa daj Boze i kaj teb i kaj drugite da bide, so Bozja volja
@Stressed Out мила честитки од срце, многу ме израдува твојата најубава вест, да си имаш лесна бременост до крај Јас и ти тука некаде сме по недели Многу трансфери и многу позитивни тестови не’ очекуваат оваа есен, само нека се множат така!