Јас преку фб нивната страна ...кога се вклучуваат во живо а на веб страната не сум приметила дали може и така...
@Маја Т а ти кажаа кп Еее супер фала на инфо,ајде ќе го гледаме...доста он нас не гледаше @princess5 зошто не можам сега да ја најдам групата на фб?!
Чек,оваа слика што ја имаш ти е страница а јас што имам е затворена група, гледам исти објави има Истата е нели ??
Линков следи го, тоа е официјалната fb страна на здружението, кај шо во живо се следат вебинарите. П.С: ако следиш преку телефон, отвори преку мобилна fb апликација, пошо директ преку web ќе ти кочи повеќе https://www.facebook.com/humanareprodukcijaibiopotpomognatooploduvanje/
Хм, ме замисли малку. Јас немам проблем со низок amh, туку напротив превисок. 34 години. Сакам сепак да го поднесам за втор ваучер amh резултатот од прв ваучер. После 3 неуспешни трансфери, логично би било да одобрат и втор ваучер со истиот аmh резултат, доколку е воопшто потребен
Ама не бараат амх. Зошто доставувате? Јас не доставив за првиот ваучер и не би доставувала во иднина ако аплицирам пак.Башка млада си, бараат ако имаш 40 год. Не си ја барајте бељата
Те сфаќам, знам дека официјално не бараат ФЗО, ги проверив неколку пати сите објавени процедури пред првиот ваучер. Но, и матичната и ивф специјалистот ме советуваа да проверам amh и сепак да го доставам резултатот во документацијата за првиот ваучер.
А која е причината што го бараат ако си над 40, каков треба да е резултатот? И каква беља може да направи?
Абе треба да си го провериш да,ама нема потреба да се доставува. Не се мешам само си кажав Зборот ми беше за тие што се во 30тите да не доставуваат кога не го бараат од фзо. Може нешто нема да им се свиѓа во документите што се доставиле а не се барале, жива ќе се изедам јас, тоа мислев под не си ја барајте бељата Ако си над 40 и амх е многу ниско не одобруваат колку што знам да правиш ивф со сопствени јајце клетки туку со донирани. Над 40 се намалени оваријалните резерви и затоа го бараат, да ја видат состојбата на истите. Јас така имам сфатено, нека ме поправи некој ако грешам еве @Bubce38 сигурно знае
Инаку мојата бета е негативна, претчувствував дека ќе е така. Не ми се ни оди на лекар, не знам што ќе ми каже воопшто. Замрзнати веќе немаме, мора да се почне од ново. Веќе закажав за кај Трајковски во петок. Во меѓувреме ќе средувам документи за ваучер...
Ако амх е под 1.00 тогаш ќе одобрат ваучер само со донирани па макар и 20 годишна да е жената. Ако е помлада од 40 год Не бараат амх ниту и за трет ваучер, ама ако има полни 40 тогаш бараат дури и прв пат да поднесуваш. Затоа, Ако сте под 40 год возраст а амх ви е под 1.00 тогаш во никој случај не го поднесувајте.