@AniSel, жал ми е за резултатот, но се додека има волја да се оди напред, остварувањето на желбата е возможно! Поддршка за тебе и за целава храбра група жени
Оф бре жено...жал ми е...знам дека секој кажан збор за утеха нема толку да ти значи.. Затоа нема да те тешам туку ти се восхитувам на ентузијазмот и желбата за понатаму на тие години.. Браво,секоја чест,само така се доаѓа до успех...Само напред!!!❤❤
Уф,и јас имам на тоа место и имам полни 40 и не сум паметна што да одлучам. Да се оперирам треба време да заздрави а истото што го викаш и ти, камо гаранција дека нема да се појави нов а да не се оперирам страв од неуспех,или не дај боже проблеми во бременост Кај тебе ете завршило како треба, дај боже и кај нас
Нема откажување,мора да продолжиме напред.Јас во понеделник треба да одам преку крв,но и јас немам никаква надеж.
Дали имаш проверено за ваучер за донирани ј. клетки? Се’ мислам дека постои таква опција, но не сум сигурна.
Фала ти најмногу на убавото објаснување.Навистина многу ми значи вашата подршка тука Мила а дали ти направија трансфер со таа вредност? Дека цело време имам проблем со многу висок прогестерон на природен циклус и не ми е баш јасно што кога е понизок, односно дали сепак се прави трансфер па после тоа се зголемува дозата? Толку сум во паника пред овој трансфер што милион прашања ми се вратат во глава. Фала ти мила, и јас сум цела во паника.Мислам дека немам сила да прифатам уште едно разочарување и затоа сакам да биде се како што треба.На природен циклус и мене ми беше околу 17, исто докторот рече добра вредност.Но сега сум со депо и ништо не ми функционира природно Навистина многу ми значите и ја ценам вашата подршка многу
Истиот ваучер го даваат и за донирани ако немаш свои. Значи 3 ти следуваат или со твои или со донирани, после све иде на приватно.
Јас не го дадов тој резултат само тоа што бараа , ама така ме нанервираа , на сите документи и хсг и хистероскопија ми бараа ехо да направам wtf ? Инаку ми го одобрија ваучерот но да им доставам ехо обично ,2D
Мила да јас со прогестерон 7.5 имав трансфер во саботата и докторот ми кажа дека тоа не е услов да се откаже транферот туку да се одреди терапијата за после транферот
@Маја Т - И јас имам искуство како @Maya12. Вредноста на прогестерон на ден-два пред трансфер или на сам ден на трансфер им е репер како да темпираат прогестеронска поддршка после трансфер. Првите 2 трансфери мерев на денот на самиот трансфер. За последниов (трет) трансфер, прогестеронот на два дена пред трансфер ми беше 7.75 ng/mL. Продолжив да примам прогестеронска терапија и сметаа дека ќе ми порасне доволно до ден на трансфер. Доколку е под 10 на ден на трансфер, појачуваат доза после трансфер. Така ми беше кажано.
Значи се чудам, мене прогестерон ниту еднаш не ми испитаа. Првиот пат почнав со пролутекс/криноне после трансфер, сега криноне ми дадоа 2 пред трансфер. Толку. Дали било доволно кој знае.
Потребно е зошто во цела комисија нема еден гинеколог и врска немаат од животот , дури ми рекоа дека хистероскопијата не требало да биде постара од 6 месеци?????? среќа за една недела не ми поминуваа 6месеци од интервенцијата,незнам дали знаат они што воопшто значи таа интервенција се обидов да се објаснам ама дигнав раце викам ок...али како е да е им однесов и ехо што ќе правам одобрен е ваучерот сега собираме сили за понатаму