Мила овој пат пред трансфер примав атосибан и пред трансфер ми измерија прогестерон и се виде дека и низок и затоа примам поголема терапија пролутекс еднаш дневно,прогестерон депо на три дена и добрестон два пати по едно апче
Го има кај нас на Солгар? Што ти рече тебе докторот дека имаш намалена вредност, а веќе пиеше мислам.. да не треба во комбинација со К2..леле треба најубаво со докторот да се исконсултирам, оти ова го немам уште апсолвирано
Да, го има во Зегин, околу 700 и нешто денари.Јас имав витамин д во мултивитамините што ги пијам во доза од 2000 iu.Ги пијам веќе две години.Заради покачените вредности на фолна и вит б12 ги намалив витамините сега (се пијат по две како доза, сега пијам по една таблета).Според ова ми се намалува и дозата на вит д, ама затоа пијам плус на солгар.К2 исто го имам во витамините.Ништо конкретно не рече докторот, само да докупам плус витамин д од 2000.Јас навистина сум поборник за тоа се да се надоместува преку храна, но во овој случај секако треба суплементација.Ако сакаш да се консултираш со доктор, најдобро би било да си закажеш со ендокринолог.Јас моментално немам време сега пред трансфер, но се надевам дека и вака ќе биде во ред.
Другарки денес бидна мојот трансфер вратени 2 тридневни ембриончиња...чувството прекрасно,докторот незаменлив,внимателен и сестрите исто презадоволна сум @Маја Т и (другите што сте во постапка)со лесно утре без никакви стресирања(еден совет немој многу вода да испиеш)...
Со среќа мила.Дај Боже само со успех кај сите.Јас сум утре во 12 часот.За водата ќе гледам помалку, знам дека докторот не сака многу полна бешика.И те молам известувај како ќе ти биде.Ќе се дружиме овие две недели
Девојки само да се заблагодарам на сите што ме советувавте за прогестеронот.Денес испитав благодарение на вашите совети.Вредноста ми е 11, докторот рече дека е во ред но ми рече да зголемам денес и утре доза, односно по два пролутекса на ден.Да не испитав немаше да знам дека треба да се зголеми.Се надевам ќе има позитивно влијание.
Фалаа е јас денес дознав дека докторот не сака полна бешика,ги следев инструкциите 2 чаши вода и балон бешиката леле тој пола саат дур лежев борби како и да е супер поминав...ајде те чекаме утре со лесно и да не известиш како си поминала Фалаа...ќе чекаме кај сите да дочекаме
Баш ми е мило другарке,тука сме да си помагаме и да споделуваме.денес одмарај и релаксирај се а утре да си го земеш јуначето.Се ќе биде во ред