Јас имам прашање до тие ПЦОС. Дали при трансфер со замрзнат ембрион, сте биле со вештачко стимулиран циклус, односно со декапептил па после естрофем итн, или сте биле со природен циклус,само со мерење хормони и чекање природна овулација?
И јас исто како тебе, минатиот петок трансфер на 5 дневни ембриончиња , гради осетливи, по некој грч долу и не можам да се осудам, да направам тест
Ме гледаше на 4D и има нешто што сака да го провери. Мисли дека може да било причина за моите спонтани а може и сега за биохемиската. Во секој случај ќе ни даде појасна слика. Смирен, сталожен, емпатичен, не се брзаше, дава убава надеж
Јас досега трите крио трансфери со вештачки/стимулиран циклус. Малку специфично е чекање природен циклус и овулација кај мене поради нередовни циклуси. Припрема пред трансфер со: Естрофем + Елова + Суплементи, па HCG/Choriomon (1х5000 UI) + Кринон гел, Пролутекс, Аспирин. --- После трансфер: Се' исто + Клексан + Нивестим. --- За следен обид, ги држам сите опции отворени.
Neznam ama jas metformin od 850 primav i toa dva pati na den pred IVF i posle toa do 11 nedela so ureden insulin....tvojata doza da ne e mala.
Девојки ќе ве замолам тие што сте имале терапија фраксипарин каде ја стававте и дали се рефундираат како клексаните? Фала ❤️
Јас ги примам ,сега од скоро почнав,бев на клексани претходно,ги боцкам во меше,лево десно 2-3см.од папок.Мислам дека се рефундират.Јас не сум ни клексаните, ни фраксипаринот.
Фала ви девојки @DELFINA81 @Lavica 344 ... само уште ова заборавив, кога ги примате? Јас досега бев со клексани и ги примав во 20 часот, па продолжив и со ова во исто време( во стомак ) на 12 саати со оглед што јас треба да примам по 2 на ден.
Како ќе почнеш така, мене ме советуваа навечер и јас во 20 часот. Се рефундира исто како клексан. Боцкав во меше лево десно ама почнаа како грутки да ми се прават, мачкам лиотон ама нешто не помага многу. Како ми снема место таму почнав во надлактица, а ми рекоа дека и во бутините може од напред тоа ми е следно. Со лесно...
Жени,имам едно прашање во врска со стоп инекцијата... Пошто повеќето сме тазе после пункција,(јас во вторник) која инекција ја стававте Овитрел или Прегнил? И дали има разлика помеѓу нив? Јас имам Прегнил,од Косово ја земав заедно со Цетротидето,па ме интересира која од вас ја има ставено Прегнилот и дали поминало се во ред? Пошто нели ги нема веќе овде,па се мислам да не не ги употребуваат веќе поради намален квалитет на истата... Поздрав и добра ноќ...
Штом имаш Прегнил, боцни се со него. Исто е дејството. Не се грижи, не може да има “намален квалитет”.
Терапија освен бромергон заради проактин на горна граница непијам. Андрогените испитувани пред да поднесам за ваучер(андростенионот мн покачен) но за нив ни матичната ни ттајковски не ми даваа терапија. Метформин непијам, иноситол пијам самоиницијативно. Стимулации имав јаки ги надминав и тие 30 примив 33 дози.(5 дена гонал 200 иу 3 дена мериоферт 225 и 2 дена мериоферт 150) 6 цетротиде и две стоп инекции.