Ќе бидам искрена за прогестетонот.Јас имав голем проблем со него.Имам доста пишувано за тоа тука.Кај мене на втор ден беше 1,2.На ден на пункција ми се имаше качено до 2,30.Прогестеронот мора да остане низок до овулација, не повеќе од 1, во случај кога предвреме се качува повеќе доведува до презревање на ендометриумот и неможе да се случи имплантација.Навистина има многу голема улога во целиот процес.Кај тебе е во ред,но важно е како ќе расте до пункција.Ако остане до таа вредност ќе биде во ред, ако се качи нема да биде во ред.Мој совет провери го на 10ти ден, значи ден два пред овулација односно ако имаш пункција на денот кога треба да ја примиш стоп инекцијата.Ако сеуште е со вредност до 1 тогаш се ќе биде во ред, но ако се покачил тогаш подобро е да се одложи трансферот.Ова ти го кажувам од мое лично искуство.Ретка состојба е да се качува прогестеронот пред време, ама таму кај што се случува тоа знае да биде голем проблем.Ако ти треба било каков совет во врска со ова, слободно пиши ми. Девојки бидна мојот трансфер, едно ембрионче бластоциста.Имам уште едно прашање малку глупавоПосле колку време од трансфер бевте во тоалет? Толку многу ја преполнив бешиката што едвај додржав да помине пола час од трансфер па да одам во тоалет.Претхофно сум чекала барем неколку часа ама ете сега неможевДа не направив некоја грешка?Ми тргна овој пат со грешките
Абре мочај се слободно. Да не мислиш дека ќе го измочкаш ембриончето? Мене после трансфер ми имаат носено лопатка веднаш да се мочкам Со лесно нека ти е. И со успех
Ајдеее со лесно а нели ти реков за бешиката јас веднаш после тој пола саат на столчето со нозете у вис,прво станување во тоалет си прашав и претходно рекоа не е проблем
И мене ми предложија лопатка ама им реков ќе издржамЕдвајМорам да си најдам јас нешто за да се секирам Фала Бубче и навистина многу ни фалеше периодов Па нели го правевме муабетот пред трансфер и пак се наполнив до вода.А бев и во тоалет некој пола час пред трансфер ама изгледа сум претерала со водатаДобро е, не сум само јас, значиМила почнуваме со броење денови заедно
Јас бев веднаш после трансфер,легнав 5мин.немаше ни толку,ми кажаа дека можее и јас полека си отидов до тоалет.така можеш. Наздрвје и со успех.
Душо, ништо од тоа што си направила не е грешка, ни за терапијата не е страшно што си пропуштила, а ова па ич. И мене ми кажаа дека може одма после пола саат да идам до тоалет, ама овојпат не ми се одеше толку па си поседов. Може дека додека чекав за трансфер 4 пати бев . И шо вика @Bubce38 , не може да го измочкаш . Сега спокојно и релакс до двете цртки
Мила нека помине ден два... можеби ќе се оплоди. Мене после 2 дена 4 јк ми се оплодија, така да не се откажувај веднаш. Одмори малку, ќе биде се супер
Maja T Cestitki i jas mokrev pose transfer.. Posle 1 cas. Mi rekoa da ne se stiskam.. Uzivaj i cekame dve crtki guski
Со среќа да ти е,не се секирај воопшто ни за мочкањето ни за пропуштените апчиња,те чекаме со убави вести за две недели
Истото сакав да го пишам тоа што си го пишала ти. Пред некој ден баш зборев со Др Трајковски на темава, за прогестеронот. Он ми кажа дека се ретки случаевите со висок прогестерон ама дека треба да се следи.Баш и затоа и пишав така на членката,пошто тој ми кажа дека треба да е под 1, а ако е над дека не е добро, Не се правев доктор само пренесував тоа што го чув од него И јас треба нареден циклус да го испитам на втор ден,баш да видам каков е.
Јас одма после трансфер бев во вц, ми кажаа дека смеам. Со среќа нека е мила сега пробај да се опуштиш
Мила со лесно и дај боже твоето јуначе за девет месеци да го држиш во раце.А за мочкањето да не ја мислиш ич.Јас минатите два трансфери после два саати мочав а овој буквално после 15 минути.Така да уживај си и гали го мешето
Со лесно мила и за две недели или поскоро да не израдуваш Не се грижи и јас исто едвај издржав, ми даваа лопатка но неможев само што ми кажаа дека можам да станам после трансфер прашав дали можам во тоалет и се разбира дека може...многу полошо е да стискаш