@Маја Т сега уживај и чекаме || цртки. Јас го имам истиот проблем со прогестеронот и трансферот ми е одложен за наредни циклуси, мене ми беше 1,52 па Трајковски не сакаше да ризикуваме. После колку време ти се среди? Дали ти дадоа нешто за намалување? Мене не ми дадоа ништо, ми кажа хормоните да ти се средат па после трансфер
@Маја Т @snow-girl со лесно да ви минат деновите до позитивен тест мирување неколку денови, после тоа размрдување, гледање филмчиња, релаксирање, деновите ќе поминат брзо Ви посакувам успех!
@Maya12 Chestitki,da si imash lesna bremenost do kraj @maja T @snow-girl Vi posakuvam uspeh Brzo da vi pominat ovie 2 nedeli,da se iraduvate na || crtki i visoookaaa beta
Леле бре тоа јас што го пишав тука дека тешел пациентка пред клиника прво го кажаа. Дека прочитале на форум омг. Не пишувам веќе.
@LunaGrey, сепак некој чита И јас го слушав ама тоа сум го пропуштила. Добро, си го знаеме ние. Поздрав до сите што сте во процес , па и до другите што не' крепите нас тековните .
Не го фатив тоа,ама можам да приметам дека се против форумиве?!(Не зборам за докторот)...Треба да се има разбирачка дека пред се тука сме си за поддршка,размена на искуства,а не дека меѓусебно си се "лекуваме"...
Го пишав јас пред 3,4 дена... Уште не сум го изгледала цело ама првото нешто што му го кажаа беше моето мислење пред неколку дена... Ептен ми дојде безвезе не знам зошто . Не дека нешто лошо беше кажано, ама некако си ја чувствувам приватно групава и заборавам дека секој може да не чита.
Па да, заради проблематикава што не поврзува и меѓусебната поддршка и јас ја доживувам темата како интимна а и самата долги години само ја читав темава. Сепак се' што стои некаде јавно е достапно за сите и секако може да биде искористено. Не беше лошо кажано воопшто, ама те разбирам за чувството. Можеби овде не сме со вистинските имиња, ама сме со највистинитите животни приказни. Најбитно е секоја од нив да заврши со радости. @LunaGrey П.С А некој да ми кажуваше дека волку ќе се распишувам по форумов, немаше да му верувам
Сега го слушав вебинарот, ама не додржав да ислушам до крај. Целиот разговор упропастен од водителката, почнувајќи со муабетот што се збори по форуми .
Ти ништо лошо не напиша, туку напротив ни долови колку е грижлив докторот. И затоа, не треба да се чувствуваш “безвезе”. .....читаат многу, па што ако, нека читаат. Колку само искуства има споделено на темава и верувам многу се корисни за сите. Колку само поддршка се добива од членките овде, колку разбирање и позитивна енергија се разменува. Во врска со видеово, не сфатив кој повеќе знае и треба да зборува, докторот или девојката .
Се согласувам со тебе..Нека прочита сега од форумот и да научи дека нареден пат треба помалку да зборуваа таа и да даде повеќе простор на гостинот. П.С. И не ми се допаѓаше начинот на кој водеше,некако правеше мн фаци и гримаси со лицето,што не е професионално така! Малку настрана од темата сум.али морав да кажам
Потполно си во право. Не е правилно. И реално, не ја разбирам потребата за таков муабет на официјален вебинар. Најави го гостинот во една реченица и дај му простор да го пренесе своето знаење. Треба вебинарите да се поконцизни и поконкретни. И со повеќе почит за времето и на гостинот и на гледачите. Има достапни примери низ светот, со добар концепт нема потреба од 2 саати вебинар. Сите се уклучуваме да го слушаме докторот гостин. А испаѓа ја слушаме водителката 90% од времето. Така беше денес и се откажав после првите 10 минути. А баш сакав да го слушам Трајковски..
И јас истото го помислив, не значи дека ако си поминал низ патот низ кој поминуваме сите, си способен да основаш здружение и притоа да бидеш водител. За оваа тема е потребна харизма, пристојност, сочувствителност, инспиративност и знаење како да се конципира разговор со човек којшто е стручен и прекрасен човек.
I mene ne mi svigase nacinot na koj go vodese razgovorot vodeitelkata.... Se soglasuvam so vaseto mislenje...
Јас го фатив крајот и чинам некој праша за суплементи за подобрување на јк и таа многу одбивно ја изнегира можноста од такво нешто,ептен невкусно беше,дури приметив дека и на докторот не му беше драго,не го остави да си каже мислење човекот,ок е знаеме дека има многу бизнис во последно време ама зошто да им ја уништиш шансата и надежта на оние што го имаат токму тој проблем. Исто така кога отишла на операција со анестезија а си доручкувала и пушела цигаре па мислам ептен несериозно...
И треба подготвен со спремни прашања да се прави интервју. Јас на преглед одам со тефтер. Не мора харизма, не е професионален новинар девојката ама барем да беше концизна, прашањата се нафрлаа, не беа осмислени, мн лефтерни муабети. Рече Не знаела течноста во тубите како се вика а тоа и била сопствената дијагноза? Да не навлагам- Не ми се допадна. Иако се приватно здружение треба поголема професионалност.
Секоја чест за здружението што овозможува темата инфертилитет да не е веќе табу,туку на неа да се гледа по рационално затоа што зема се поголем замав.... Точно така,и јас се слагам со @Bislimska..не можев да издржам до крај да изгледам од водителката(инаку претседател на здружението и жена борец како ние) затоа што премногу зборува,не е прецизна во прашањата(додека да постави прашање ке употреби 1000 зборови,ке поминат 10 мин и докторот не знае што да одговори) нон стоп лута со непотребни теми...повеќе таа збори него гостите...и речникот...ни Л од литературно македонски... Ова е мое мислење,конструктивна критика,...пошто се чита по форумов и се пренесуваат постовите по медиумите,еве нека се прочита и оваа сугестија..можда ке се смени нешто во однос на водењето на разговорот.. Поздрав и убав ден!!!❤