Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    261 глас(а)
    15,1%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    201 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    59 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    36 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    20 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    100 глас(а)
    5,8%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    80 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,4%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    107 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    314 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    280 глас(а)
    16,2%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    33 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    57 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    49 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    10 глас(а)
    0,6%
  1. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    На "водителката" треба некој да и' ја објасни разликата помеѓу класично интервју (водител поставува прашања и гостинот одговара) и вебинар = онлајн СЕМИНАР каде концептот е модераторот да го претстави гостинот, па тој да има своја 15-20 минутна презентација на претходно договорена тема и откако ќе каже што има да каже, да му се поставаат прашања од оние кои го гледаат. Јас ниту еден од "вебинариве" не го имам изгледано до крај иако сите гости беа многу интересни, од причина што нејзиното уфрлање додека гостинот зборува и "мудрување" на теми кои не се нејзина специјалност тотално ми го одвлекува фокусот од темата и она што они се обидуваат да го кажат.
     
    Последна измена: 4 октомври 2020
    На ZvezdicaLea, Srcka28, NNA и 27 други им се допаѓа ова.
  2. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски
    Еве и јас се согласувам со сите вас,толку многу зборување,влегување во реченици...бегање од темата,зборување за самата себе си,а ни приближно нешто во врска со проблематиката,ги остава гостите (Владимир и Мимоза претходно) по 15 минути неа да ја слушаат (lalala) навистина не е баш пријатно за гледање и слушање....секоја чест за здружението :clap:,ама не гледам дека е направен правилен концепт на вебинарите...
     
    На ZvezdicaLea, NNA, s.maja и 18 други им се допаѓа ова.
  3. CvetCvet

    CvetCvet Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Честиткиии:l::l::l:
     
    На snegulka7, Twins256 и Sara85 им се допаѓа ова.
  4. Twins256

    Twins256 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2020
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Веројатно ке смени нешто откако се ова ке го прочита или ке го прочитаат па ке и пренесат...
    Пак ке кажам,секоја чест за здружението и тоа што се борат со државата да издејствуваат повеќе од 3 ваучери за прво дете или имаше варијанта тие 3 што секоја жена има право да ги користи за второ дете(а не сака или не може од Х причини) да и ги "подари" на некоја која ниту од првите 3 обиди не упеала..така да браво за се,...се е супер,само фали малку поголема професионалност (немора стручност за разни теми) во водењето на вебинарите , поточно дебатите со соговорникот ...
     
    Последна измена: 4 октомври 2020
    На ZvezdicaLea, NNA, s.maja и 14 други им се допаѓа ова.
  5. CvetCvet

    CvetCvet Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Со среќа нека е ајде :l:
    Уште една позитивна вест да слушнеме.
     
    На KonstantinaM му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски
    Фала :inlove: дај Боже сите да се израдуваме :hug::l:
     
    На CvetCvet му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CvetCvet

    CvetCvet Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Со среќа, и со убави вести за две недели:l:
     
    На snow-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    На Маја Т, s.maja, Inamya и 14 други им се допаѓа ова.
  9. lia22

    lia22 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    So lesno,da vrdodi so 2 plodcinja Za 10tina dena da ni pishesh visoka beta ❤
     
    На Мишел*, Маја Т и KonstantinaM им се допаѓа ова.
  10. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски
    Фала дај Боже :l: не можам да мислам на денот кога ќе треба тест да се прави...не сум спремна :|:angel:
     
    На Мишел* и Meckicja им се допаѓа ова.
  11. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Морам да се согласам со се што кажавте за модераторот. Секоја чест за здружението и борбата ама одност и прчењето уста....:o се плашам сега нас да не не хејта како тој Боби мк на кој посветува по најмалку 10 минути од секој вебинар...се изнаслушав за него (facepalm)
     
    На Мишел*, emche05, LaTama и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    4.614
    Пол:
    Женски
    :D:D:D Нека хејта, ти/ни е гајле. :*
     
    На s.maja, Pacient srna, lia22 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    Исто значи и јас
     
    На Prolett, Twins256 и KonstantinaM им се допаѓа ова.
  14. BlackHole

    BlackHole Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Морам да се надоврзам и јас на вашите впечатоци за Здружениево кое ја бара нашата поддршка, треба да застане позади нас и да зборува во наше име во ФЗО и Министерството за здравство.

    Најпрвин, јас навистина од срце поздравувам напор за формирање на едно вакво Здружение. Огромна храброст треба да излезеш да зборуваш јавно за нашиот проблем. Според мене, тоа може да го прави некој што веќе не е' во процесов, а не некој како нас што е’ во процесот и е’ исцрпен во секаква смисла на зборот. И навистина сметав дека треба да дадеме шанса наместо да критикуваме од анонимност во удобноста на нашите домови, ама има некои работи кои морам да ги прокоментирам, а гледам не сум единствена.

    Го изгледав целиот разговор со докторот, тој си беше крајно коректен, професионален и внимателен со одговорите. Но, и мене ич не ми се допадна постојаното пренасочување на фокусот од страна на претседателката на Здружението кон тотално непотребни нејзини лични работи кои докторот не го интересираат и му го трошат времето. Исто така, споделување на работи прочитани на анонимен форум на јавно гостување на докторот се no-no.:x Според изразот на лицето на докторот се доби впечаток дека и него не му беше пријатно.


    Ама, како лично засегната, мене крајно разочарувачки ми беше кога таа зборуваше за жени со ниско АМХ, при крајот на разговорот, меѓу другото и поради тоа решив да го пишам ова. Докторот молчи, таа зборува со таква сигурност како да е’ врвен ивф доктор, откако претходно со потсмев зборуваше за жените кои се' прават доктори и си препишуваат терапија на форуми.
    ***Ние со ниско АМХ да не сме си го трошеле времето и парите и да сме оделе директно со донирани ј.к. *** :|
    Тоа го вели жената која направила 7 ивф за да добие детенце со свои ј.к и која е еден од основачите на Здружение за поддршка на тие што минуваат низ процесов. И тоа кажано со арогантен тон во кој не видов ни малку емпатија или поддршка.


    Да, ние со ниско АМХ си ги знаеме шансите за успех и квалитетот на нашите ј.к, ама не сме без надеж. Има успешни приказни и меѓу нас, пиша една жена додека траеше разговорот дека успеала со АМХ 0,01! Додека вадиме ј.к, добиваме ембриони и правиме трансфери ќе се бориме. Не очекував некој кој поминал низ процесов со таква леснотија да ни каже да се откажеме и да одиме со донирани ј.к, такви бесчувствителни коментари добиваме обично од тие што појма немаат што значи да поминеш низ ваков процес и веќе се реализирале како мајки.

    Исто така, како една од тие со ниско АМХ, а тука не' има една поголема група што пишуваме на темава, тоа што Здружениево се бори за повеќе ваучери за прво дете мене и на останатите ќе ни помогне само ако ги олабават условите за добивање на истиот. Во барањата на Здружението на нивната веб страна не стои дали бараат повеќе ваучери за кои ќе важи истиот правилник, или бараат и менување на правилникот. Со овој правилник нас не ни даваат ваучер за со сопствени ј.к. Евентуално еден, полабава е комисијата за одобрување на првиот, и толку. А не дека немаме пункции и трансфери, само што мораме се' од свој џеб да платиме. Многу од нас бројат двоцифрен број пункции, неколку трансфери, безброј прегледи... Стресот, исчекувањето, солзите, разочарувањето на жена која има едно неуспешно ивф кај нас се множат со двоцифрен број. А и тие што искористиле 3 ваучери можеби веќе влегле во групата со ниско АМХ, па и за нив е добро да се олабават условите.

    И никако не можам да се согласам со коментарите кои следуваат откако некој ќе се пожали колку пари даваме за ивф, иако добронамерни, а ги читам и во темава; ајде, ќе издржиме, не се важни парите важно е' да успееме, да не ги жалиме парите за квалитетна терапија... Па секој така се тешел на почетокот, ама има жени кои веќе нема од каде да даваат, зеле кредит врз кредит, продале тоа што може и нема од каде, имаат куп долгови. И оној ваучер за со донирани ј.к, смешки! Над 5000еур треба да дадеш за воопшто да го искористиш со можност (теоретска) да не добиеш ни еден ембрион! Па каде да ги најдеме тие пари ако тоа ни е' единствената шанса? И притоа немаме никаква гаранција за добивање барем еден ембрион?

    Мислам дека заслужуваме поголема поддршка и ние со ниско АМХ, нека не ме сфатат погрешно останатите. Може на пример Здружениево да внесе во барањата ваучер за спонтан циклус кој нема да вклучува терапија или ќе вклучи минимална терапија. Стандардниот ваучер кој вклучува терапија нека биде за тие што се со нормално АМХ, што реагираат на терапија. Секако нашата надеж најчесто е природниот или природно модифицираниот циклус, па барем малку да ни се помогне во тој поглед. Или веќе ако мора да се оди со донирани ј.к, ваучерот за со донирани ј.к да покрива поголем дел од трошоците.

    Ова прво ми паѓа на памет, можеби не е' најсреќно решение, ама сигурно нешто може да се направи, а не вака тој што треба да не поддржи и претставува да ни ја уништува и таа надеж што ни остана.
     
    Последна измена: 4 октомври 2020
    На Лаура82, ZvezdicaLea, AlicaInWonderland и 46 други им се допаѓа ова.
  15. Kris80

    Kris80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    5.252
    Допаѓања:
    88.288
    Пол:
    Женски
    Се на место кажано :handshake:
    Не сум го гледала тој период од муабетот, баш сега ќе го гледам. Прекинав после некое време од истите причини како и многу други тука, да не се повторуваме. Како и да е, излагањево ти е на место :l:
     
    На ZvezdicaLea, NNA, kostovaivana и 18 други им се допаѓа ова.
  16. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Браво! Мн добро кажано. И не се само над 44 со ниско АМХ. Нè има и мнннооооогу помлади со ниско АМХ и комисијата треба да си го ревидира правилникот во однос на ваучерите за амх помало од 1.
     
    На Alex*, NNA, Мишел* и 18 други им се допаѓа ова.
  17. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    40.508
    Пол:
    Женски
    Многу убаво срочено; целосно те поддржувам и се согласувам.:l:
    Никоја од нас не знае колку ќе време ќе трае борбата и иако сме спремни се да жртвуваме за да дојдеме до пород, тоа не' остава во нерамноправна финансиска ситуација, да не зборам ментално и емоционално исцрпени.
    Иако верувам дека нашата држава не може/не сака да обезбеди значително поголема финансиска поддршка, сметам дека е можно поддршката да се модифицира на начини кои ти ги предложи, т.е малку поприлагодено на индивидуалните потреби и специфики за секој случај.
    Лично се надевам дека сите конструктивни коментари што ги дадовме во врска со вебинарот ќе бидат прифатени. :)
     
    На NNA, kostovaivana, biba818 и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Ketty_80

    Ketty_80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2019
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    ❤❤❤
     
    На Мишел*, BlackHole и BelataMasai им се допаѓа ова.
  19. Twins256

    Twins256 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2020
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Поздрав жени...
    Имам едно прашање до оние кои боцкале одеднаш ДВЕ Овитрел стоп инекции...дали ги боцнавте една од десната,една од левата страна или двете инекции на една страна(лева или десна)?
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Evy81

    Evy81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Јас наизменично, ама мислам дека не прави разлика, повеќе е да не се иритира на една страна местото.
     
    На Twins256 му/ѝ се допаѓа ова.