И јас се согласувам со тебе докторот 5 збора не кажа,водителка си кажуваше за нејзе,треба само прашања да се поставуват а док да одговара.......
Да се надоврзам и јас со впечатоците. Разговорот со д-р Трајковски ќе бидам искрена, не го изгледав целосно, навистина не можев. Почетокот многу ме изиритира од веќе наведените причини. А сега кога прочитав и за муабетот за ниско АМХ, дополнително се изиритирав. @BlackHole убаво се' образложи на таа тема и потполно се согласувам. Ќе издвојам уште нешто што мене ми беше многу неприкладно, или барем неприкладен ми беше начинот на кој тоа беше кажано посебно од личност која води вакво здружение. Во разговорите со Д-р Петановски и д-р Валентина, истото и во двата наврати го потенцираше, а тоа е апелот за донирање на јајце клетки, што (барем на мене) повеќе ми звучеше на осуда - зашто пациентките, поготово помладите, што на пункција добиваат 20-25 па и повеќе јајце клетки, не донираат барем 5. 'Што се за вас 5 јајце клетки' беа нејзините зборови. Сосема во ред беше што да посочи дека постои регулирана процедура за ова, но донирањето на јајце клетки го спореди со донирање на ишишана коса која и онака ќе сме ја фрлеле. За мене лично, ваквиот исказ е крајно несоодветен. Секоја чест на жените што донираат, но во никој случај не треба да има осуда за жените кои не би сакале да направат ваков чекор. И за мажите исто Сепак треба да се има во предвид и психолошкиот аспект на оваа тема кој и те како е битен. Сите имаме различни размислувања и секој има свои причини дали би се нафатил или не. Секое мислење е сосема во ред и треба да се прифати како такво, а не да фрчат осуди на сите страни за било каков избор да станува збор. Секој си одлучува сам за себе.
Јас мислев овој цуклус ќе правиш затоа те советував да провериш на 10 ти ден.Ако правиш следниот циклус можеби ќе одите со долг протокол односно ќе примиш инекција на 21 ден и во тој случај се намалува вредноста на прогестеронот и ќе немаш никаков проблем.Јас баш поради прогестеронот сум со долг протокол.А може следниот циклус ќе биде веќе понизок. Фала најмногу, Дај Боже да биде така.Ништо поубаво од позитивни тестови на форумот Дај Боже мила, ова ми беше последната бластоциста па да биде и успешнаКај сите да биде успешно. Фала мила, претпоставувам го имаш мерено на втор ден? Тоа е многу висока вредност.Може следниот веќе ќе ти биде нормален.За жал кај мене постојано е висок и не се намалува.Неколку месеци по ред го проверувам и секогаш е висок што е и реална пречка за природна бременост.Имам многу разговарано за ова со докторот, во тој случај секогаш се оди со долг протокол.Јас за овој трансфер примив декапептил депо на 21 ден.Со овас инекција се предизвикува т.н.лажна менопауза.Кога го мерев прогестеронот на 10 ти ден ми беше 0,4 што природно никогаш не ми бил толку.Сигурно докторот ќе почека да види дали ќе се среди кај тебе но и ако не се среди сам ќе одите со долг протокол и ќе немаш проблем. Дај Боже мила, сите да си дочекаме позитивна бета и || цртки
@Twins256 боцни си ги наизменично, едната од една страна, другата од другата страна, мене така ми кажаа сестрите од борн и така и ми ги боцна мм
Мене тоа со донирањето не ми е јасно. Водителката Зоја кажа дека донирала неколку пати дури и на луѓе што ги познава, ако слушнав како што треба. Како може да се донира и донацијата да остане во иста држава? Нели постои ризик од мои деца да се запознаат со децата на парот на кои сум донирала на пример? Да се во љубовна врска ? Може звучи ова ко за теленовела,но сепак сме мн мала земја и шанса за тоа постои. Не знам зошто си мислев дека наш дониран материјал иде во странска клиника а странската клиника за тоа праќа нивни јајце клетки? Дека оди нешто како размена. Некој да ми појасни за ова ако знаете
Јас колку што знам во сите клиники се зема донорски материјал од други држави баш од тие причини што ги наведе.Но со закон мислам дека беше регулирана можноста за донирање на јајце клетки од роднински поврзан донатор.Не сум истражувала многу во овој дел па може и грешам.За сурогатсвото знам дека исто е уредено со закон. Со среќа и со успех.Со еден ден сме разлика.Ај со успех да ни биде
А ако е така зошто се наплаќа дониран материјал? Зошто е во систина 5000€ за јајце клетки? Ако добиле донација од странство зошто земаат пари од пациентите од Мк? Еве на пример. Јас сакам да ти дадам на тебе мои јајце клетки. Да ти донирам. Ама не сакам моите јајце клетки за да не бидат во иста земја, нели може на пример моите да ги дадам за Турција а Турција да ти врати нивни за замена за моите? Зошто пари се зимаат ако е тоа донација? Глупости . Јас ако донирам не сакам пари. И не сакам клиника некоја да се богати на мои јајце клетки. Нека го сменат изразот донирани во купени чим е вака работата.
Фала ти ❤ !! И мене исто ми кажаа сега кога прашав,ама си викам пак овде да си прашам најсигурно ми е Фала ти
@DELFINA81 , @_Vera_ @LunaGrey @Prolett @Stressed Out @Kris80 @s.maja @Maya12 @Milce89 @Sienna_MK Девојки навистина сте ми неизмерна подршка.Многу ви благодарам на сите ваши совети, не сте ни свесни колку ми го правите овој тежок пат полесен.Се извинувам ако некоја сум испуштила, но ова се однесува на сите вас.Се е многу полесно кога заедно се бориме и подржуваме
Јас мислам дека можеш да донираш во договор со роднина пријателка и си има процедура,а повеќе јк при пункција исто можеш да донираш е дали остануваат во Мк или ги "менуваат" со други држави тоа незнам...мислам дека оди според бројка на население во државата и ограничена е бројката....
Колку што разбрав од една донаторка јајце клетките смее да се употребуваат најмногу до две живородени деца. Ова за кај нас важи. Имаше и некое појаснување дека клиниките имаат регистар за ова, кој го споделуваат меѓусебно и дека најчесто ако кај еден пар има живородено дете со донирани јајце клетки, тие да не се користат понатака за друг пар.
И последните две инекции поминаа...се надевам ке вродат со плод сите овие инекции што ги изнабоцкав во стомаков...Утре ми е "слободен" ден па со Господ напред..што биде нека биде..сега се е во Негови раце!!! Во вторник пункција !
Апсолутно си во право за се.Веројатно кај нас може да се добие бесплатна донација само ако се договориш со донаторот меѓусебно,па се да оди по легален пат.(Се сеќавам дека баш претседателката на здружението имаше пишано на страната за начинот на кој донирала јајце клетки на нејзина пријателка).За жал кај нас сеуште нема банки на јајце клетки и уште долго време ќе помине додека се да профункционира како што треба. Со среќа и да извадите што е можно повеќе јајце клети кои ќе станат убави ембриончиња
@Маја Т како си денес ко за прв ден ? @Andemona ти се јавија има ли новости? @snow-girl како оди? Сите што сме по трансфер лежиме? Кажете занимација
Со лесно мила,со твоја позитивна мисла и со благослов од господ ќе биде се во ред и да извадите многу јајце клетки