Жал ми е за маченцето. Нека си почива во мир Ти благодарам за убавите желби. Да се враќа се најубаво Што побрзо најпосакуваното во раце Нека е се во ред и со другите резултати. Мислам дека овој пат ќе биде полн погодок. Ќе си бидам феминска кумица Мене денес ми е осмо боцкање (бемфола+цетротиде). Војничето мое толку стого ме истренира, што еднаш и ме заборави, па од немајкаде дури и сама се боцнав. Ама доста е еднаш. Нека си се поти тој Досега добро реагирам на стимулациите. На докторот му реков да ме олабави од детали и се разбираме со добро е, дојди за два дена. Колку фоликули има и до кај се не знам, но докторот беше ептен задоволен од тоа што го виде. Наредно ехо мислам дека ќе може да се закажува пункција.
Браво мила, баш се радувам на секој успех не сум ногу активна но ве следам мачку одмарам мисли за нова борба ти посакувам среќно до крај.. Милички ви посакувам среќа ве следам иако не сум многу активна одмарам со мислите за новата борба ви пуштам среќа и бе гушкам
Јас ДЕКАПЕПТИЛОТ ги примам во рака, но искрено малку ме болат. Но среќа не ми прават модрици. Па затоа прашав да знам за БЕМФОЛАТА бидејќи тие ќе продолжам во стомак.
Јас имав бемфола, во стомак ја боцкав. Ич да не се секираш, супер е, нема никакви нус појави Пуштам среќа и со лесно
Еве мила, јас сум со инсулинска резистенција и пијам метформин веќе година дена. Го пиев константно и за време на трите инвитра без никаков проблем.Инсулинот е важен за овие наши процеси и мора да е во граници нормални. Од искуство можам да ти кажам дека немав и немам никаков симптом или нуспојава од метформинот, напротив од како почнав да го пијам и се регулираше инсулинот( ми беше 81 ,сега ми е 13) буквално се препородив. Сите симтоми на малаксаност, замајаност, тресење на раце и чувство дека ќе изгувам свест се изгубија. Инаку шеќерот не мора да значи автоматски и покачен инсулин.Кај мене никогаш не бил покачен па ни приближно кон горна граница, па ете инсулинот беше многу висок. Без грижа ќе поминеш лесно, најважно е да дознаеш дали е ок или не, а со терапија се решава се.
Јас боцкам Бемфола. Воопшто не се страшни и не болат, ниту пак се познава дека е боцкано. Со лесно и среќно
Fala ti na odgovorot I tocno najvazno da znam dali e vo red Ili ne. Ke pisam koga dobijam rezultatot. Pozdrav
За испитување на витамин Д од кај земате упат? Бев на интернист не сакаше да ми даде упат ми рече морало ендокринолог
Девојки јас за неколку дена започнувам со боцкање , ме интересира околу тестот за корона ми рекоа ден пред терапија да правам тест, колку теста се прават.
А каде ќе правиш ивф? Обично пред пункција и трансфер се прави, сопругот материјал пред да остави прави тест.за во Ремедика,а во др.клиники не знам дали се прави тест.
За пред терапија немаше знам,ако е нешто ново тоа,не знам.инаку со среќа и лесно и со успех се разбира.Кај кој др.си?