@s.maja честитки лесна и најубава бременост да имаш и со среќа на сите девојчиња што треба да направат тест од срце ви посакувам || цртки. @Ketty_80 ја имаш подршката од нас чекаме да не израдуваш
Мила супер сум,си одмарам дома.Јас мн рано нели го направив тестот и овие денови си правев тестови,си гледав како се задебелува линијата и утре на 12 ден ќе си правам бета па со господ напред.На сите им посакувам да си дочекаат две цртички и дај боже со уште многу вакви позитивни вести секое утро да ни започнува
Бизнис си направија значи... Ајде ќе сфатам за пред пункција, нека е... Ама пред стимулации и за да се остави материјал е дефинитивно непотребно А важноста на тестот од 14 дена пак ич не ми е јасна
@s.maja Честитки...баш убави вести.Тебе и сите што чекате резултати нека биде со успех и ве чекаме во труднички муабети,оти ние нели како поискусни ќе ви кажуваме што како треба..
Кој пиша дека е месец на Маите ? Честиткиии мила влечи нога за сите кои се сега во исчекување за 2цртки
Здраво девојки, да ве прашам Д- димери, Хемостаза, Хомоцистин, антитета за тромбофилија се прават на трасфузиологија така? А Кариотип и ХЛА типизација на Гак? Матичната ми имаше упат дадено за Ману а таму ови не ги прават.На Имунобиологија веќе бев за мутации, па сакам сега да земам упати наново за да и кажам каде да ме упати точно. Фалааа ви
Јас димери и хемостаза имам испитано на трансфузиологија, хомоцистин на клиничка биохемија, антитела,хла типизација и гентески мутации на имунологија, а кариотип летово на детска клиника ама сега може на ГАК (на детска клиника веќе не).