Прашање. Сите тие што пиете мио инозитол, дали кога почнавте да го пиете ви влијаеше на циклусот, поточно дали ви доцнеше менструацијата?
Јас за тромбофилија и д димери испитував на трансфузиона медицина , тоа е зградата пред трансфузиологија
Здраво девојки, Дали може да ми кажете од ваше искуство, дали има начин или нешто што би можело да се превземе за да не дојде до хиперстимулација после пункција (од моја страна на пр.суплементи). Искрено тоа ме плаши најмногу, бидејќи сум со не баш дефинирани полицистични јајници. На ехо веќе 2 години до овулација наликуваат на полицистични, но овулација имам и немам проблем со циклус. ФСХ ми е 5.09, ЛХ 4.93. Убав ден
Не ми касни , денес требаше да добијам,29ти ден од циклус ми е. Ама секогаш 5,6 дена пред датата за добивање имам повремени грчеви, ме пресекуваат наеднаш, ме врти стомак... а сега ништо, ниту еден грч, затоа и мислам дека ќе ми закасни циклусов. Само неподносливо ме болеа градите три дена, 16ти,17ти и 18ти ден од циклус. А почнав да мијам инозитол пред една недела , па викам да не е ради тоа.
Докторот нема да дозволи да дојдеш до хиперстимулација, не се секирај. После пункција ќе пиеш мн течности,треба да мокриш често, се препорачува изотоник да се пие,1-2 литра дневно плус мн вода.
@marijamarkoska @Inamya @Milce89 @Маја Т @Maya12 @DTN @Prolett @Kris80 @le.soleil @Alex* @tina2018 @DELFINA81 @LunaGrey @_Vera_ @Ketty_80 @Cherry blossom89 @Twins256 @Mira1980 @parisian chic Девојки фала ви најмногу за сета ваша поддршка и убави мисли Тоа што ми го посакувате 100пати да ви се врати. Ви посакувам што побргу на сите да ви се оствари сонот за две цртки и школска бременост. @Nithya мила 10 вреќи baby dust ви праќам и ве влечам и за нос и за нога и за раце да бегаме од тука сите во најскоро време @princess5 ако не се лажам @LunaGrey пиша дека ова ќе е месец на Маите но јас велам уште е почеток на месец, Маите почнаа и го скршија мразот за другите Инаку бетата ми е 348 и планирам во петок да ја повторам. Денес на своја глава испитав и д-дмери и вредноста е од 0-500 а мене ми е 1000. Клексани не примам туку само кардиопирин 1х1. Што мислите? Инаку др. ме искара зошто сум испитувала, кој ми рекол и сл.
Нема шанса тестови ми се траума. Не ми се верува искрено дека има нешто. Евентуално ако ми касни повеќе од недела ќе се осудам да проверам.
@s.maja фала ти душо За ддимериве.. мислам дека е добро што си ги проверила. Дали имаш испитано генски мутации за тромбофилија? Не се паничи, ддимерите се покачуваат и од стимулации, само бидејќи кај тебе веќе има бременост добро е да се следат дали ќе се намалуваат. Кај кој доктор си? Без многу стресови, ама за секој случај можеш еден упат од матичен да земеш за трансфузиологија
@Nithya мила ништо немам испитано за генски мутации. др. Ивановски никогаш не ми споменал. Инаку ддимерите ги испитав со упат од матичен за на трансфузиологија и ова ми е резултатот...