Луна јас го пиев 1година инозитолот,и последните 3-4месеци ми каснеше по 3-4 дена па до 1недела.И имав по оскудна менструација.Но од друга страна многу ми помогна за јајце клетките.Ти посакувам многу,многу среќа.
Од резултатите гледам само дека хематокрит ти е низок, и едно од времињата ти е намалено. И леукоцитите малку се покачени. Сепак мислам матичен и трансфузиолог да ги видат да кажат мислење, јас само лаички што гледам кажувам.
Јас лани го правев испитувањето , пред месец дена ги поднесов документите , и одобрен ми е ваучерот можеш слободно таму , јаа супер поминав
❤❤❤Од твоја уста,до Божји уши...само напред!!! Уживај сега и не туку прави испитувања ако не ти рекол докторот...пушти мозок на пасење..се ке биде во ред!!!
Јас имам едно питанце во врска со рефундирање на клексаните... Ги имам во терапија пред а најверојатно и по трансфер...па ако дојде до бременост (Дај Боже) претпоставувам дека ке продолжам да ги боцкам и тогаш... Како оди постапката? Знам дека пишувавте за ова,ама незнам на која страна беше,многу постови се наназад.. Фала...❤
Прекрасни вести денеска, @s.maja @Lavanda87 да си имате најлесна бременост @Twins256 мила, одлична бројка на ј.к , сите нека се оплодат, чекам убави вести и од тебе @tina2018 мила, со лесно во постапката, нека вроди со плод Девојки ви ја пуштам сета среќа и ги очекуваме останатите позитивни бети!!!
Дали зема извештај од трансфузиолог?Мене ми даде извештај за 15 пред и 15 по трансфер,и ми кажа по позитивен тест(дај Боже) да одам и да ми ги продолжи во меѓувреме чувам сметки сметкопотврди од овој месец што примам...
За рефундирање на клексани треба да извадиш упат од општ матичен лекар за Трансфузиона Медицина.Со тебе си ги носиш резултатите од генетски мутации ( верувам дека имаш испитано).Во спротивно доколку немаш, ќе бараат да испиташ мутации кај нив.На прегледот со трансфузиологот ќе објасниш за што ти требаат и ќе ти дадат узвештај со кој ти се одобрува одреден број на клексани.Мене ми дадоа за 28 клексани.Дај Боже да биде успешно ќе одам повторноКлексаните ги купуваш истиот ден кога ќе ти го издадат извештајот.Пред да ги купиш се јавуваш кај матичнот гинеколог за да те внесе во систем и на крај да ти издаде потврда.За сите купени клексани бараш сметкопотврда и фискална.
Јас дури од 3 месец поднесов. За трудници е малку сменето, не може општ матичен да ти даде и да се видиш со доктор на трансфузиологија. Матичниот гинеколог ти дава упат за лабораторија на трансфузиологија за хемостаза и димери. После резултатот она го праќа на ГАК. Ако имаш мутации и тоа. Ако се смилуваат ќе вратат на мејл и тоа ти е специјалистичкото мислење коа фзо го бара, покрај барање кое го има кај нив на сајт, потврда дека матичната ти ги боцнала клексаните (10/15/30), копија од трансакциска и фискални кои мора да бидат со датум после извештајот не пред. Е во голем дел од случаите ГАК бараат таму да одиш, јас не одам, затоа само 2 пати до сега сум рефундирала. Немам време и нерви за натаму наваму.
Девојки за поднесување ваучер здравствената легитимација ми е со старото презиме дали ке е проблем? И само првата страна каде што се податоците се прави копија или? Од образците барање, изјава и предлог ми требаат само тие три ? Фала
Јас кога поднесов во мај, ја носев книшката со мене кога ги предавав документите ама не ми ја побараа. Само тие три ти требаат, на едниот матичен гинеколог се потпишува.
Мила гинеколог и трансфузиолог да ти ги видат резултатите... зш актив.време ти е скратено (не сум док) ама мислам ќе ти дадат фраксипарини или клексани... иии честиткиии уште еднаш гали мешее
❤ Фалаа..Дај Боже да има добри вести..ти како си? Не,само сметкопотврда и фискална од аптеката од кај што ги купив..не ни знаев дека ке примам клексан за да одам на трансф. Аууу..ова комплицирано бе...ништо немам испитано зошто никој доктор не ме пратил да испитувам.. Фала ти многу на деталното објаснување...❤ке одам утре кај матичната да видам што како... Ако има трчканици ко што ми изгледа,тури му пепел на рефундирањето.... Дај Боже да постигнеме бременост,та за рефундирање ич не се секирам... Чисто прашав како е процедурата да знам,фала ви на брзите и прецизни одговори.. Ве гушкааааммм❤
Значи уште немаш примено? Ако немаш земи си упат од матичната и оди на трансфузиолог(јас бев во "8ми Септември")...инаку овие пред извештајот што ти се купени нема да ти ги важат за рефундирање колку што сум информирана..
Фала ти миличка, добро сум, терам 9 ГН и следната недела сум на контрола Редовно си ја читам темава, се радувам за секоја радосна вест,гушки мила!