Од утре ми се пишани,па се до трансфер..па после тоа незнам... Како и да е, парите за клексаните не се за потценување ,но во моментов (до бременост) па и не се и толку критични да трчкам сега по установи и да правам испитувања и да барам извештаи.. Ако ги примам во бременост(дај Боже) тогаш може нешто да превземам на време.. Уште еднаш мноогу фала на сите информации што ми ги давате!!!❤ ❤❤❤❤❤ Само напред!!! Уживкај во бременоста!!!
Хаха и мене ова со рефундацијава на клексаниве ми е многу јако. Сфаќам дека треба да има контрола ама нели е доволно ако специјалист ти препише клексан/фраксипарин? Па со тој извештај и фискална/сметкопотврда само да поднесиш за рефундација? Сигурно има сериозна и доволна индикација за да се реши еден др да препише минимум 2 недели клексан или фраксипарин да боцкаш.. Дополнително, шо многу од нас сами боцкаме, не во болнички услови. Пошо многу сакаме хаха.. Но зошто да е просто кога може да е сложено
Преку глава ми е више од испитувања,извештаи,па збирај за ваучер па трчај во фонд,па чекај да ти одобрат,па оди секој втор ден на клиника,боцкај се таму,боцкај се дома...сега уште ова..... Епа нека почека малце.. Дај Боже сите да останеме бремени,па ке му ја мислиме тогаш за понатаму.... А точно..кај нас е така- се е сложено...Ние клексаните и што и да е, ги примаме оти така ни е ќеиф,да си се боцкаме по дома,оти немаме што да правиме...Божеее... Чим ти дал доктор да ги боцкаш,значи има потреба,..што викаш,дај рефундирај само со извештај од специјалист и фискална и чао пријатно!! Па повеќе пари ке потрошам на паркинг , гориво , да платиш за испитувањето... што ке акам натаму -наваму за да ги добијам тие извештаи.... За на крај само 70% да рефундираат..?? Смешно
Девојки некоја да има ДХЕА таблети ги потрошив а неможам да најдам некоја ако има останато ке си платам фала ви...
Ако сакаш контакт од каде што јас набавив,сега немам веќе или на фб на оваа страна имаа https://www.facebook.com/powerbody.mk/....
Жал ми е што ќе ви го расипам форумов, да бидам само јас па пак да си продолжи со убави вести, но вечерва се осудив направив тест и е негативен, што би кажале нашиве соседи - више срече други (тречи) пут.. Продолжуваме до целта ❤
Ќе направам секако, за официјално да прекинам терапија, ама 99% е точно и ова. Фала ви на сите за подршката
Офф бее жал ми е мила знам како е четри пати сум разочарана 2 пати со трансвер 2 пати без трансвер ама идаме напред со надеж дека еден ден ке успееме мораш и ти тој што се бори успева е гушкам ама сепак направи бета преку крв дајбоже да има грешка тестот
Нема разочарување исто и кај мене негативен, мора да соберам сила за следен пат, морам повторно ивф природно неможе зашто кај мене беше проблем со тубите, но нив ги решив и повторно неуспешно сите други испитување се во ред но ете пак не бидна. Веќе незнам што да испитам што би правело проблем.
Zdr mila i jas imam problem so tubite eve 5 god nemozam da ostanam bremena po normalen pat dok mi preporacuva insiminacija dali bi uspealo sto si probala ti pozz
Многу ми е жал девојки, така требало да биде. Соберете сили и следниот пат мора да биде. Штом имаме и најмала можност, ќе се обидуваме. Еден ден и ние ќе бидеме мајки. Само позитивно до целта.
Јас само изгубив време така, не губи време директно оди на инвитро, правев лапараскопија после лапараскопија пак хсг и беа проодни па ми рекоа една год. природно да пробам но немаше успех, после две год. правев инвитро неуспешно имав и смрзнати ембриони и пак трансфер со смрзнати неуспешно, др се чудеше зашто немало никаков проблем, после бев на консултација кај повеќе др. и сите ми рекоа дека пак е можно да се проблем тубите да го уништуват плодот зашто течноста во тубите била токсична или дека може да дојде до вонматерична бременост, на крај пак правев лапараскопија кај Димитров и рече дека дефинитивно проблем се тубите и ги затвори зашто пак имало хидросалпингс а на хсг беше ок. едит: Инсеминација не сум правела ми рекоа нема потреба кога се проблем тубите нема логика за инсеминација и од фонд директно ти одобруваат за инвитро не барат инсеминации.