Мила а ти бета нели испитуваше во твојот град? Или директно во Плодност отиде, бидејќи јас планирам во мојот град, па да јавам што и како, дај боже добро да биде.
Не можеш сама, јас морав да одам да ме боцкаат мускулно, ама фостимон и мериофет, и тоа од клиника кажаа стручно лице, друго е во стомак, сама се боцкав
Имам пишано на темава ама еве ќе пишам накратко. Се обидувавме со сопугот за бебче 6 месеци но неуспешно. Јас имам хипотироидизам веќе 3 и пол години и си пијам терапија. Хормоните и ТСХ ги проверив пред месец и ми се сите во граница на нормала, ТСХ идеално за бременост а цело време мислевме дека е тоа проблемот. Решивме да одиме да се провери сопругот, направи спермограм и излезе прва дијагноза во Гинекомедика ( НИКАКО ДА НЕ ОДИТЕ ТАМУ ПА МАКАР И БЕЗ ПАРИ ДА ПРАВАТ ПРЕГЛЕДИ И ИСПИТУВАЊА! ) и имавме шок дијагноза Азооспермија. Со тој резултат бевме кај др. Мицковски во Ремедика по препорака на членки овде од форумов на кои што сум им неизмерно благодарна, го виде докторот спермограмот и рече дека му е сомнителен да се направи обавезно нов, и да провери сопругот хормони. Хормоните излегоа супер, направи нов спермограм сопругот во Систина и излезе сосем друга дијагноза која што не е идеална Олигоастенозооспермија , но нема да има потреба со оваа дијагноза од биопсија на тестиси - микро тесе па инвитро, што е случај со дијагнозата Азооспермија, туку му даде др. Мицковски терапија на сопругот Конденсил, Профертил и еден куп препораки и антиоксиданти. Треба да ги пие од 3-6 месеци, во меѓувреме предложи да замрзнеме материјал од него и ако не успееме природно (препорача да продолжиме да се обидуваме природно), да одиме со инсеминација или инвитро. Сеуште немаме замрзнато материјал, сопругот ја пие терапијата само 1 месец и сакаме да одиме до крај на месецов да замрзнеме материјал, а сакам и јас да се проверам да видиме дали кај мене е се во ред, бидејќи како што кажав мојот матичен гинеколог воопшто не се замара и освен вагинално ехо каде што само ми кажува супер си, и удрете жешка партија со маж ти ќе биде, не ми кажува ништо постучно и соодветно. Извинете на долгиот пост ( не излезе баш накратко ) но навистина би ми значеле вашите препораки и искуства.
Мила можеш и во твојот град,јас отидов во Плодност да си испитам оти сама така сакав,инаку нема проблем
Мила прогестерон депо не можеш сама да се боцкаш,мораш медицинско лице,јас имам пријателка и доаѓа дома и ме боцка
Баш и јас гледав на you tube дали можам сама....мене ме боцка пријателка докторка,воопшто не боли а со големките игли е...незнам дали смееме сами?На видеата е убаво објаснето точно како да измериш кај да боцнеш...ајде некоја искусна да каже инаку во Борн почнале да наплаќаат,а кај матичната прашав не се плаќа...
Мене маж ми ме боцкаше, напред во нога/бут, не кај задник. Малку се зезнати дека се како маслени па потешко се движи. И секогаш ми се правеа како мали стврднувања/оток кои со тек на време исчезнуваа. И самото зимање на течноста за да влезе во шприц е поспора, треба да си го најдете шпицот кој најмногу ќе ви одговара, мислам дека беше од оние подебелите.
Со мала игла ние, страв ми беше со голема, среќа заврши сагата, боцкав до 16та недела од после трансфер.
Мила јас немам искуство со таква дијагнозата на сопругот но само да ти дадам поддршка и се надевам дека ке успеете природно и со лесно да ви биде патот.Имаше неколку коемнтари од членки тука што не беа задоволни со дијагнозите од гиникомедика за смермограм.Ќе споделат мислења другарките што се повеќе запознати а тебе мила ти пуштам среќа
Јас пак ќе кажам немаме таква историја,ама од пристап на доктор сум задоволна од Владимир,ако не друго закажете консултација и одете со целата документација и видете како ќе ви се види...кажете му дека не ви се чека и нека ви предложи што понатаму,мој совет и за инвитро да одлучите е многу по брзо и по лесно од колку да поминат години во обиди...јас од свое искуство кажувам само "купував" на време и пак си направивме инвитро...што и да одлучите со среќа
Јас мила примав на ден на трансфер атосибан и таа инекција е матката да се опушти да не прави грчеви со цел полесно да дојде до имплантација односно матката да не го исфрли ембрионот.Првите два трансфери неуспешни не примив а третиов примив и имам позитивна бета
Искрено незнам каков ќе биде исходот може и на крај ќе треба инвитро, дека подвижноста и бројот на сперматозоди кај сопругот се доста намалени. Освен ако ептен се чудотворни апчињата што ги пие па да ги подобри резултатите и да дојде до природно забременување. Не сакаме и ние многу да чекаме иако млади сме и двајцата, но не сакаме да се мачиме 2-3 години со напразно обидување, секако почнавме со испитување рано, и мислам дека ако единствена опција ќе е инвитро би почнале со постапка за ваучер итн.
Штом сопругот оди во Ремедика, најдобро и ти да одбереш гинеколог за преглед таму. Друго е кога има можност за соработка во истата клиника, во случај да дојдете до инсеминации. Секако ќе го замрзне материјалот таму.
Дај Боже мила, читав на форумов доста искуства со дијагнозава на сопругот кои што постигнале природна бременост, но ако кај нас е единствена опција инвитро ќе одиме со таа. Благодарам на поддршката многу.
Имате време,не се секирај...за се има решение,затоа викам одберете специјалист во таа област и тој најдобро ќе ве посоветува
Мхм утре ми е трансверот и ми рекоа за таква ампула да земмам а не ми беше јасно за што е благодарам за инфото.❤