Со среќа...одмарај,уживај и за 2 недели со I I и висока бета... Не си ги прави деновите најтешки,направи си ги најубави❤!!
Јас сум медицинско лице , и често боцкам други мускулно , но сама не би ризикувала ... си има зошто... затоа постојат медицинските сестри нели
За трансфер со бластоциста би требало да покаже.Мојот трансфер беше на 03.10, но мислам дека не би имала храброст за тест.Ако сепак се решиш ти посакувам среќа и да ни ги споделиш убавите вести.
Девојки а дали и после трансвер уште го јадите интензивно цвеклото ананасот и бразилското оревче. Или јадите повремено ?
Во клиника заборавив да прашам а сестрата кажа може се да јадиш многу зеленчук многу овошје и сега ми текна а до сега јадев ама не толку многу
Не грижи се за тоа, јади колку ти се јаде и колку што сакаш.Најважно е да го правиш тоа што те прави да се чувствуваш убаво.Јас порано многу внимавав на исхраната, но сега пробувам да бидам малку поопуштена.Но секако е добро да внесуваш добро избалансирана храна.Јас се трудам да изедам барем пола или едно авокадо на ден.Од овошје можеш да јадеш калинки, киви, банани.Ограничи ги или исклучи ги цитрусните овошја.Добро би ти било и по едно лажиче путер од кикирики или бадем.Јаткасти плодови.И се друго што тебе ти прави ќеиф
Ви благодарам од срце, дај боже само убави и среќни вести од сите да читаме Ја испраќам сета позитивна енергија кај ембриончињата, нека има многу војничиња @Stressed Out Те држам за збор @Twins256 Мажево мислеше завршил со боцкање. Што убаво го изненадив со пролутексов @Nithya Што бидна со ракијата? @tari Исти доктори имаме
Кај др.Кате само ако успееш приоритетен... понеделник и вторник е цо амбуланта но за секој случај јави се на ендокринологија ќе ти дадат поточна информација за се...
@Prolett другарке моја успеа од прва,честитки од мене најубава и најлесна бременостда имаш. @Twins256 @snegulka7 галете мешиња и за 2 недели со I I цртки и висока бета. @Маја Т @snow-girl @KonstantinaM и сите останати што треба да правите тест ве чекаме да ни споделите убави вести
Ајде која ќе го крши мразот ,мене мислам рано ми е? Ако направам тест и искочи не дај Боже негативен,нема да сакам за бета да одам знам,а на бета па без тест нема шанси да тргнам @snow-girl
Јас од моето претходно искуство со биохемиската што ја имав на вториот трансфер, сега не би имала храброст да направам тест дома.Изгледа директно бета.Дај Боже само да ни биде позитивно