@Nade-sunrise шо убава бројка, па вие ќе имате и за второ дете Дај Боже сите 9 да се оплодат и правилно да се развиваат, за две-три недели да не израдуваш тука со висока бета! Ее кумо моја, јас од сабајле 2-3 пати проверив дали си пишала и те немаше.. Ии отидов во кафана и навистина баш тогаш пиев кога си пишала.. Кога ти реков јас дека со ракија ќе чекам Ти сега пиј изотоник и супи, да се опоравиш за брзо, јас и за тебе ќе пијам
Чул те Господ Не се откажувам јас до трето Баш сум скромна Знаев јас дека си стоиш на зборот за ракијата. Затоа и си прашав Ајде живели од мене со изотоникот. Баш бил вкусен П. С Да си го пофалам мажот за супата. Се згреши вака убава што ја направи, ќе си прави од сега тој Едит: За позитивен тест, ракијата е од @fana
@Nade-sunrise од @fana нека е ракијата, од мене мезето.. Ти ќе си трудно, за тебе само убава супа војничка Имаш болки и подуен стомак? btw, @LunaGrey да се пријави дали доби или да продолжам дур сум кај ракијава
Јас би ти препорачала со анестезија ,бев минатата недела во плодност ,па воопшто не знам ни како беше ,кога веќе имаме шанса да не чуствуваме болка зошто да не се искористи
Добив следниот ден , кога кажав дека ќе добијам секој атом на телово си го знам. нема шанса да не знам ако сум трудна
Цел ден имам болки, не ми поминаа. Не се неиздрживи, но да се наведнам тешко. А стомакот ми е малце подуен. Да почнам да се загрижувам или?
Да не се загрижуваш, нормално е. Само избегнувај јаглехидрати, внесувај лесни протеини и многу изотоник, вода и нормално вкусни супи Јас трпев болки првиот ден, после ми рекоа што сум се мачела требало да се напијам нешто за болки да се одморам, па почнав да си пијам од втор ден. Само ако осетиш нагло зголемување на стомакот, и тешко дишење треба да отидеш на преглед да ти видат состојба. Што ти дадоа терапија после пункција?
Се изнапив течности, а освен супа и јогурт друго не сум јадена. Се надевам се ќе биде добро. Имам дома блок макс, ќе се напијам еден. Од терапија ми дадоа пролутекс, кринон, естрофем 3x2 и аспирин. Фала за советите
Се ќе биде во ред, ќе видиш Според терапијата Др. те спрема за трансфер јас после пункција добив само Достинекс, Аспирин и Дабростон, поради ризикот од хипер..
Ја ништо не јадам од тоа..видиш,забораив на бразилските оревчиња...глупости јадам као и секогаш ..што ми текне тоа.... Ако сака да биде,ке биде па макар и само вода да пијам,така да не внимавам на исхраната ...Терам како и претходно... Витамини само внесувам,Вит.Ц,магнезиум,неуробион...
Да се радуваш и да уживаш Честитоо Шо убав тест вака сабајле Кога можеш испитај и бета, и со лесно до крај