Честитки @snow-girl, со лесно бременоста Што е убава темава брееј, браво, ајде уште многу вакви тестови не чекаат во неделата што следи
Раскажи малце како се чуствуваше,имаше некои промени?И радувај се,уживај си бета кога?Во која клиника правеше?
Другарки благодарам на сите за убавите зборови и целата ваша подршка .Се надевам дека овој пат ке успеам јас и сите останати кои се во самата процедура или кои планираат да ја започнат. Имам едно прашање за вас колку време одмаратае после трансверот . Првиот трансвер кога ми беше ги лежев сите 12 дена иако од клиниката кажаа на 4 ден да се раздвижувам по малку ама јас од страв лежев нонстоп. За жал не беше успешно а сега исто пак ми рекоа на 4 ден да станувам па незнам што да правам ајде совет ?
Леле девојчиња, колку нови позитивни тестови деновиве, убавина! Честитки од срце на сите! @snow-girl, @Prolett, @s.maja, во очекување и на позитивни тестови од @snegulka7 @KonstantinaM , @Twins256, Maja T... Со лесно и на сите други што сте моментално во постапка!
Девојки само што добив информации од ембриологот. 6 се оплодиле . Дај боже убаво да си продолжат да се развиваат
Одлично..дај Боже сите да се развиваат како треба...да има и за во фрижидер,што би рекла јас "зимница" Со лесно,чекај си го денот за ЕТ!!!❤
Јас моментално чекам резултати од хормони, антитела, гликемија и микробиолошки брисеви и со нив сум следнава недела на консултации, се надевам дека ќе бидат во ред и ќе падне договор за трансфер