Поучена од првиот пат дека лежењето не е мерило за успех, не лежи..препорачливо е само првиот и вториот ден да не се оптертуваш многу и да се движиш малце по дома(не по скали,туку до wc,до кујна,на тераса малце на воздух..) и да не јадеш во кревет туку на маса седната на столче...Веќе од третиот ден можеш и да излезеш надвор(пак ке пишам не по скали,ако живееш на спрат во зграда а немаш лифт,подобро седи си дома и прави си лесни домашни вообичаени работи , лесен ручек,можеш да пеглаш но не многу на нозе,пр.20 мин.... и сл) Веќе од 4 ден полека можеш и по скали и надвор на прошетка да речеме од саат време и дома не да лежиш цел ден туку исто како трериот ден... Ова го цитирам од Борн ,мене што ми кажаа да правам...мене вчера ми беше 2 ден од ЕТ излегов со кола(иначе имам само 2 скали за качување,пошто живеам во зграда со лифт) до Јане Сандански на дежурен на боцкање Прог.депо и назад...и денес,3 ден си пуштив машина,едно по едно алиштенце си ги пружив полека(не се наведнувам,туку клекнувам) си сварив супа и сега во полулежечка состојба си пуштив филмче и кулирам...Попладне пак нешто по дома и толку...(одам на тераса на воздух,некако не ми се излегува надвор,треба да се средувам,а вака по пижами ми е cool) Природата на самиот организам т.е матката си го прави своето...ако е спремна да прифати страно тело(затоа и се отрувме од терапии за подготовка пред и по ЕТ) и да копаш по нива после ЕТ,ке се фати..ако не,и да лежиш 20 дена-џабе... Затоа мозок на пасење,само позитива,умерено движење ,галење мешковци и ЕVERYTHING IS GONNA BE ALL RIGHT!!! Извинете на долгиов пост ...
Фала ти мила за опширнипт одговор па мислам и јас од 4 ден да станам само кајмене wc е по скали така да морам да се качувам и прашав баш вчера сестрата рече не било проблем што сум се качувала
Секој различно препорачува...ти кажав,ако сака да биде,ке биде и кинескиот ѕид да го изодиш уште од првиот ден од ЕТ....кулирај и све полека прави..
Девојки мене ми е 8ми ден од трансфер.Вчера приметив нешто кафеаво дури неможам да го наречам исцедок, повеќе како некои точки на бришење и на долната облека.Мислев дека вечерта ми прекина, но денес повторно го има, дури некако и повеќе од вчера.Многу ме плашиСе плашам да не ми е пак биохемиска или има место за надеж? Дали сте имале нешто слично а да било успешно?
Консултирај се со докторот можеби ти треба дополнителна прогестеронсла поддршка а можеби и е застарена крв од имплантацијата..немој да се грижиш непотребно..ајде ќе те чекаме да не израдуваш
Мене ми потенцираа во Борн дека ако се појави вакво нешто да не паничам дека било нормално..така малце како што кажуваш...а ако не сум сигурна да се јавам кај нив во било кое време... Така да не би требало да е ништо страшно,ама сепак јави им се...
Мене па 3 ден од ЕТ не престана во стомаков да ми се случува по нешто..де доле нешто ке ме заболи,де јајниците,де грчеви од време на време,осеќам нешто ко да ми пулсира внатре, на моменти ко менструална болка ке осетам....раат да не сум...колку и да не мислам,сепак ми го одвлекува вниманието... Првиот пат апсолутно ништо не осеќав,сега некако чудно ми е..што знам...
Не сум решила ...свртев еден круг низ населба викам ако начекам отворена аптека ќе купам скришно,ама немаше па ќе си почекам,ти бета кога?
@snow-girl мила, прекрасна вест и од тебе да си имаш лесна бременост, втората цртка многу убаво се гледа за некој ден ти посакувам и висока бета @Nade-sunrise мила сите 6 нека бидат бластоцисти и да си имаш за 2-3 детенцеСо лесно на трансфер @snegulka7 две недели ќе поминат многу брзо, да се израдуваш мила со две цртки и да не израдуваш сите тука. Мене исто така ми рекоа од Борн, еден ден лежење од втор ден да јадам на маса и тогаш излегов да примам прогестееон депо кај нив, од трет ден можеш по дома да се раздвижуваш, само да не се напрегаш, без нагли движења и да не се наведнуваш, одмори си убаво првата недела, релаксирај се колку можеш!