Пријави се засега и плаќај си сама,внимавај да немаш прекин во работен однос,дај Боже да е успешно инвитрото па после ќе си отвориш боледување и патолошка па ќе си на товар на фонд со придонеси плус ќе си земаш плата,греота си ем без примања ем придонеси од џеб,има начин,сега само смирено и позитивно до успешно инвитро.
Најди фирма што ќе ти излезе во пресрет,можеби и тука некоја членка ако познава некого или има фирма може да ти излезе во пресрет,не губат ништо,ти посакувам најдобар исход од цела ситуација.
@tina2018 Да,јас кажав тоа е најдобро решение...прватна фирма на некој познат,пријавување-одјавување еден по друг ден(без прекин во работен однос) ...така си покриена и здравствено и трудничко и патолошка и годишен одмор можеш да користиш... Со среќа!!!
Гали си го мешето и уживај во наредните 9 месеци, ти посакувам да имаш лесна бременост Бравоооо Колку ни е убав форумов периодов, дај боже да не престанат убавиве вести и една по една сите да одиме на дружба во трудничката тема
Може пишувавме некаде погоре ама не можам да најдам....сакам да отидам на трансфузиолог за мутациите. Матичината ми кажа дека нема термини. Бил ли некој сега скоро? Можам ли со приоротетен да отидам? Ќе завршам ли раб така или џабе ќе чекам?
Прекрасно кажано, големо значење има за секоја од нас што ке го прочита ова и дај боже да има што повеќе вакви приказни
По препорака од задоволни членки, отидов без упат кај др. Елена Петровска (ми се чини вака и беше презимето). Ме прими откако поминаа закажаните термини. Но, не ми текнува кој ден беше во амбуланта, мислам беше вторник, но не сум сигурна. Ако ти се брза многу, најдобро појди до амбулантата и види на распоредот кој ден и која смена е, и оди без упат, ќе те прими. Докторката е многу мила, разбрана и излегува пресрет, особено за нас кои правиме ивф.
Јас бев на трансфузиологија пред некое време.И тогаш немаше термини па докторката ми извади итен упат.Со тој мораш да отидеш во рок од 24 часа.Ме прими една многу фина докторка, неможам да се сетам на името сега, но знам дека беше албанка.Ако немаш испитано мутации до сега таму ќе ти земат крв, ако имаш отиди си со резултатите.Јас така направив за рефундирање на клексаните.
Фала мила, Дај Боже се да биде како што треба и Дај Боже кај сите да биде со успех.Убаво го почнавме периодов, само така да продолжиме