Еве јас, не губи надеж. После прво неуспешно ин витро, правев лапаро - хистеро и додека чекав одобрување на втор ваучер се случи спонтана бременост после 3 месеци. Со среќа.
@melonka ...уживај девојче,без нервози..пополека...Знај и научи дека се во животот што не можеме да прифатиме ни чука на врата порано или подоцна.. не се секирај,се ке биде во ред...ништо во животот не е неприфатливо пошто незнаеш што што ке ти донесе утрото,нели? Да ,останале бремени после хистеро-лапаро,со еден запушен канал,со еден јајник,со минимални резерви на ј.клетки, во период помеѓу 2 инсеминации, во момент на постапка за ивф,со азооспеемија как мажот,со све што е за нас "невозможно" ....Оваа проблематика не познава правила,тука 2+2 се 5,ретко кога се 4... Така да мој совет ти е додека го оптеретуваш мозочето со "ДАЛИ ке останам природно бремена ако се случи ова или она" ,подготви се за овој пат-ивф,опушти го мозокот и навистина можеби ке останеш природно оној момент кога ке сфатиш и ке бидеш свесна дека си тргнала по овој пат... Моето мото е "јас сум жена која Господ ме дал на овој свет да станам мајка по пат како Тој ке го одбере" !!! Нема тука сакам-нејкам,прифаќам-не прифаќам... биди спремна на се... Јас сум со второ ивф(моментално 5-ти ден од ЕТ-ембриотрансфер) а проблемот ми е десен запушен канал...не е проблемот огромен,за паѓање во несвест,ама јас си решив да си тргнам по овој пат,еве ми остануваат уште една недела да видам дали ке се радувам или уште појака,со поголем ентузијазам и храброст,со уште поголема верба во Бога ке започнам 3-та битка... За жал,патот до бебето преку ивф стана веќе секојдневие со кое секоја да не речам трета жена се соочува.... Мислам дека малце,барем малце те охрабрив во врска со нашата мака која сите ние храбри жени си ја тргаме секој ден,а ништо не ни фали,напротив стануваме уште похрабри лавици...нели е така драги другарки????❤❤ Убав ден
Одлично...браво...само напред... А што не си земеш јунаЧИЊА во меше,нека бидат 2..што ти гајле,ќе си играат внатре
Здраво девојки, може мислење за доктор Митко Ивановски, како сте задоволни од него, се спремам за инвитро.
Ми се тресеше раката додека да се јавам. Мислам дека срцево ќе ми излеташе. Ембриологот реченицата ја почна со имам убави вести и се смирив хехе. На сета таа возбуда маж ми го прашав што да облечам во четврток, мислиш на свадба ќе идам Чекам две цртки да пријавиш. Ги осеќам така две убави црвени дека ќе бидат Се израдував ептен кога ми рекоа трансфер
Здраво девојки, Мене ми е 5ти ден на БЕМФОЛА, утре сум на прва контрола. Кога започнав со БЕМФОЛА да се боцкам, го прашав докторот што да очекувам, тој ми рече до 5ата инекција ништо, понатака тежина и притисок во јајниците. А јас тоа веќе од 3тата почнав да го осеќам. Тежина, надуеност, притисок, грчеви. Со секоја наредна е поизразено. Дали некоја од вас вака рано почна да реагира? И ако може да ми кажете за пункцијата, да знам што да очекувам.
Од срце благодарам @Twins256 . Секој збор ти е на место, баш тоа и сакав да го добијам како одговор кога прв пат пишав ми требаше утеха, совет, разбирање, но многу лошо се изразив и веројатно оставив лош впечаток. Темата е осетлива. На добрите луѓе Бог им ги слуша молитвите, ќе се радуваш за една недела ќе видиш. Те гушкам и ти благодарам на разбирањето и убавата енергија која ја шириш.
Главата горе,само храбро..и секогаш биди онаа најхрабра жена која за да го добие своето и по жар боса би газела...❤❤❤❤ Уживај во денот и само со позитивни мисли дека СЕ Е ВОЗМОЖНО !!!!
Точно мила како што кажа ни една од нас не е овде од ќеиф, но за секоја од темава која го оди овој пат можам да кажам дека е жена со големо срце и се што за некои е неприфатливо ние го прифативме како аман од господ затоа што ни ја дал и оваа шанаса за бебче колку и да е тешко во душава верувај мила дека мораш да го тераш патот со волја за да стигнеш до успехот од како ми кажаа дека шанисте ми се само преку инвитро до бебче јас реков фала ти боже бар што дознав за кај сум, што ако се маткаме со години само за да не дојдеме до овој пат затоа што ни е неприфатливо никогаш нема да се дојде до бебче исто добро намерно пиштувам колку и да ти е неприфатливо кажи си фала ти боже што го има и овој пат а дајбоже да не стигнеш до четврто ивф како мене со толку боцкања за рок од 2 год и не се откажувам само велам еден ден ке биде, а @melonka инаку има многу кои успеале после лапароскопија и хистероскопија и природно да останат ти го препорачувам Зоран Илиевски во чаир сепак државно е а добар доктор спремен и внимателен доколку се друго е добро те советувам прво реши го тој проблем со лапароскопијата и дај боже да успееш природно а доколу помине повеке од година време не чекај да минат годините тогаш вратата ке ти ја отвореме тука за било какви совети те гушкам и среќно
Jas sum kaj Ivanovski edno neuspesno IVF ,ftoro uspesno sega teram 30 g.n. toj mi ja sledi bremenosta vrsi i poragaj.Doktorot si e super malku poveke prezafaten za prviot neuspeh ne mora da znaci deka dokrorot e vinoven.Srekno...
Прво среќа ти посакувам за др Ивановски не сум била кај него за да кажам лично искуство но од членки и пријателки кои ги знам е еден помеѓу најдобрите пред се внимателен, кај и да одлучиш нема грешка
А да пушти некоја позитивен тест? Ајде малце да ја разубавиме темата... @KonstantinaM до кај си ти? Ајде да не израдуваш! @Nade-sunrise и јас се возбудив за тебе, ти ја пуштам целата среќа на светот @Маја Т правеше бета?
Браво. Срам ми е тоа што го прочитав погоре ама најискрено. Нема што да бараш во групава ако така размислуваш.
Да правев.Чекам резултати моментално, и за да не полудам направив и уште еден тест, со ептен појака црткаСега барем посмирено чекам