Девојки јас после неуспешно инвитро и второто со биохемиска бремена сум природно Денес испитав бетата ми е 740 , 33 ден од циклус. Ме интресира колку треба да биде бетата за да покаже на ехо. Денес бев кај матичната и уште ништо не се гледа. Ви посакувам многу успех на сите и полни мешиња
Немојте така.Ова е можеби најчувствителната и најранливата група на форумот, затоа нормално е да има вакви реакции.Членката само објасни дека треба да се внимава на ваквите констатации со оглед дека сите поминуваме низ овој особено тежок процес.Не дека другата членка имаше лоша намера, но начинот на изразување не беше соодветен за во ваква тема.Мислам дека и самата го сфати тоа.Тука сме да си пружиме подршка и да си помагаме кој колку може.Посебно членката погоре е една од тие што секогаш понудила подршка и несебично споделила дел од своето знаење (а го има навистина многу)
Еве ме @le.soleil збунета скроз...фала му на Господ за ова што го гледам...само да продолжи и понатаму се како што треба во моментов немам зборови како да го опишам чувството,само да биде се ок и сите до една да си имате ваков тест што побрзо..Кога да одам за бета?Да повторам ли тест?
Аиии се извозбудив Дури и пресметував кој ден ќе ти биде за тест Како се осеќаш ти? Ајде да е се во ред, две да ти префрлат и за близнаци да честиш дупло
Лелее другарче незнам како да се понашам?Да не е рано?Кога бета,кога кај докторот?Фала ти што си ми поддршка и ти и сите останати од групава
Со ваков тест не би требало да биде рано.Можрш и утре на 12ти ден, а можеш и на 14ти, ако ти се чека.
Здраво мила, за првото инвитро јас примав Бенфола, но немав никакви грчеви, болки или притисок ,дури за второто и третото кога одевме со други стимулации имав реакција ,некој благ притисок во јајниците како пред циклус 4ти и 5ти ден од боцкање.Индивидуално реагираме сите, но ако те мачи тоа слободно барај го докторот за консултација. Инаку пункцијата е со анестезија не се грижи, ништо не е болно, ќе си заспиеш и за некој 15 до 20 мин се е завршено.Кога ќе се разбудиш сестрите и ембриологот ќе те информираат како поминало се.Без грижа биди си опуштена, и прашувај ги се што те интересира. Ти посакувам успех ❤️
Фала мила честитки за новата трудница @KonstantinaM и Дај Боже само вакви убавини да има во групава, сите до една со две цртки и високи бети
Какви линии бреееј, ослепев! Каков месец убав е овој, значи Трајковски развали! Само вака да продолжи, се радувам за сите вас како за себе! Преубаво чувство, навистина... Ти посакувам лесна бременост и честитки од срце