Честитки, да си имаш најубава и најлесна бременост! Многу се радувам кога ќе прочитам ваква приказна, браво! Што проблем имавте вие? Ајде малце да дадаш надеж на останатите...
Лелее фала ти на искрените зборови да се враќа дупла среќа,ајде побрзо да ти дојде ред за докторот немам збор,абе како внимателно ги враќаше па жално ќе беше да побегнат,алал да му едокториште
@KonstantinaM се заљубив во цртките, браво!!! Со лесно до крај @Маја Т честитки мила, одлична бројка Уживајте и двете
Јас имав една природна бременост после 3 години обиди. За жал заврши со спонтан во 5 месец поради тромбофилија. Знаат членките кои ме следеа. После тоа година дена не забременив и пробав со инвитро. Имав хиперстимулација па ми ги замрзнаа ембрионите. Трансферот по два месеци беше неуспешен. После неколку месеци правев пак трансфер и излезе биохемиска. Баталив се. Си реков е неможе само јас да мислам дека имам проблем, како сите други си забременуваат. И така си ставив во глава дека сум комплетно здрава и дека можам да забременам. Почнав да вежбам, трчав 3 пати неделно. Јадев здрава храна по препорака на нутриционист. Си купив еден куп психолошки книги и почнав секој ден да си го сакам телото. Едностано почнав да живеам и да бидам среќна со себе. И оп бидна
Ајде не си прај лоши филмови, од кај тоа премногу висока? Ако се дуплира правилно на секои два дена, би била накај 1200 на 14ти ден, што е одлична бројка. Рано настапила имплатацијата и тоа е тоа...ајде опушти се и уживај
Да да извини погрешно реплицирав. За првата членка мислев. Втората дала баш одговор на место. Ние во животот едвај чекавме да пораснеме за да правиме инвитро. Многу ме навреди тој коментар искрено. Кој е тој факт што треба да се помириш дека ќе останеш трудна на оној "помалку лесниот" начин, навистина не разбирам